Регион
Видео: Шешељ дочекан со четнички песни и навреди против српската власт
Лидерот на Српската радикална партија хашкиот притвореник Воислав Шешељ стигна околу 13 часот на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ каде го пречекаа семејството и огромен број приврзаници, јавуваат белградските електронски медиуми.
Лидерот на радикалите веднаш по слетувањето се упати во седиштето на партијата во Земун и немаше изјава за медиумите.
Приврзаниците кои се собраа на аеродромот носеа српски знамиња, знамиња со ликот на Шешељ, а својот лидер го дочекаа со трубачи, четнички песни и навреди на сметка на претседателот Томислав Николиќ и на премиерот Александар Вучиќ, кои порано беа членови на Српската радикална партија (СРС), но подоцна ја формираа сега владејачката Српска напредна партија (СНС). Шешељ практично бил носен од толпата приврзаници кои извикувале „Победа, победа“, „Војо, Србине“. Репортерот на српски Блиц кој бил заедно со Шешељ во авионот за време на неговиот лет кон Белград, ја пренесува изјавата на Шешељ дека политиката му е приоритет.„Се радувам што се враќам. Политиката ми е приоритет, па потоа лечењето. Имам две метастази, но не толку страшно како што се мисли“, рекол Шешељ.На аеродромот немало инциденти, а собирот го обезбедувале полицајци и редари.Од партијата на Шешељ најавија дека во сабота во 12 часот на плоштадот на Републиката ќе биде организиран „историски митинг“ на којшто ќе се обрати лидерот на радикалите. Српските медиуми потсетуваат на изјавата на Шешељ кога беше убиен српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, „Јас лично се израдував кога слушнав дека загинал Ѓинѓиќ“. Судскиот совет на Хашкиот трибунал на 6-ти ноември донесе одлука Воислав Шешељ да биде привремено пуштен на слобода, а владата претходно до трибуналот доставија условни гаранции за негово пуштање.Шешељ во Хашкиот трибунал, во притворската единица, мина повеќе од 11 ипол години. Лидерот на српските радикали е обвинет за бројни воени злосторства во текот на војните во Хрватска и Босна и Херцеговина, како и врз војводинските Хрвати , а обвинението против него е подигнато на 14 февруари 2003 година, а во притворот на Меѓународниот кривичен суд за воени злосторства сторени на територијата на поранешна Југославија е префрлен на 24-ти февруари истата година.Судењето почна четири години покасно, на 7-ми ноември 2007 година, а пресудата сé уште не е донесена./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
На таткото на момчето убиец од Србија му е продолжен притворот за уште 60 дена, има сомнение дека може да го повтори делото
Вишиот суд во Белград му го продолжи притворот за уште 60 дена на Владимир Кечмановиќ, таткото на момчето кое на 3 мај уби девет негови врсници и чувар во ОУ „Владислав Рибникар“.
На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот поради сомнение дека доколку биде пуштен на слобода за краток временски период ќе го повтори кривичното дело, како и поради тоа што постои основано сомнение дека сторил кривично дело за кое е пропишана затворска казна над десет години, а начинот на извршување и сериозноста на последиците од кривичното дело доведоа до вознемиреност кај јавноста што може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка, соопштија од тој суд.
Во обвинението за тешко кривично дело против општата безбедност се товари Владимир К., а за сторено кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи, мајката на момчето Миљана К.
Регион
„Мислев дека регалот ќе падне врз мене“ – жена од Србија сведочи за силниот земјотрес
Земјотресот беше многу силен. Кратко, но силно, вели вознемирената Мила Петровиќ од Кладово – место кое утрово го погоди силен земјотрес.
Како што опишува преплашената жена, земјотресот ја исплашил и неа, но и останатите жители на Кладово.
„Мислев дека регалот ќе падне врз мене. Немаше време за бегство никаде. Сè се тресеше многу. За среќа, тоа беше кратко. Кога се смири, сите излегоа на улица“, раскажува таа за Телеграф.рс.
Земјотресот бил со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 11 километри.
Колку бил силен, сведочи и фактот што бил почувствуван во Заечар, Неготин, Доњи Милановац, Бор и други градови на истокот на Србија, а некои граѓани го почувствувале и во Ниш.
„Почувствував земјотрес, се тресеше мебелот во куќата“, „Бев во кревет кога почна тресењето“, напишаа граѓаните.
Регион
Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија
Утрово земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во регионот на Кладово, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод.
Земјотресите со ваков интензитет можат да предизвикаат помали оштетувања на зградите во епицентралното подрачје, јавуваат српските медиуми.
Засега нема извештаи за евентуална штета.