Вести
Давутоглу негира дека има закани од конфронтација меѓу Турција и Русија поради операциите во Сирија
Руските воздушни операции во соседна Сирија предизвикуваа загриженост во Анкара, но притоа тоа не претставува сериозна закана за спротиставеност меѓу Турција и Русија, изјави турскиот премиер Ахмет Давутоглу.
„Нашите канали за комуникација со Русија остануваат отворени. Не сметам дека меѓу нас ќе има конфронтација. Русија не извести за операциите во Сирија, но детали нема обелоденети. Резултатите од ударите на руското воздухопловство во изминатите два дена не обеспокојуваат, нејзиното дејствување е насочено целосно против Слободната сириска армија (FSA)… Нападите врз тие цели, кои се погодени, оди во полза на Исламската држава и на сирискиот режим кој паѓа. Сметам дека нема да донесе полза уништувањето на сириската умерена опозиција“, изјавил турскиот премиер Ахмет Давутоглу во авион за новинарите на летот од Њујорк, пренесува весникот Hurriyet.
Русија од средата вечерта започна да изведува воздушни напади врз позициите на Исламската држава во Сирија, по барање на тамошниот претседател Башар ал-Асад. Според руското министерство за одбрана, во изминатите два дена, авионите извршиле напади врз работилница за правење автомобили-бомби, команден центар на терористичката групација и магацини со оружје, односно вкупно десет значајни цели.
Москва тврди дека нападите се одвиваат по темелно испитување на разузнавачките податоци, и оти не се насочени кон цивилна инфраструктура или сириската опозиција, којашто Западот и другите сунитски земји од регионот како Турција ја нарекуваат „умерена“ и ја поддржуваат воено и финансиски.
И амбасадорот на Сирија во Русија, Ријад Хадад во петокот за агенцијата РИА потврди дека цел на нападите се терористичките вооружени групи како Исламската држава или Џенхат ан-Нусра, сириското крило на Ал Каеда, а не опозициските вооружени формации, кои држат под контрола многу малку од територијата на земјата, или цивилното население. Според амбасадорот, сириската армија располага со прецизни координати на терористите./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.