Контакт

Вести

Де Блазио: Повеќе не трагаме по никого, уапсениот веќе обвинет

Објавено пред

Полицијата не трага по ниедно друго лица во врска со атентатот во Њујорк, откако во понеделникот е уапсен Американец од авганистанско потекло, соопшти њујоршкиот градоначалник Бил де Блазио.

dobivaj vesti na viber

„Засега, повеќе по никого не трагаме“, изјави градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио на прес-конференција.

Претставникот на Федералното биро за истраги (FBI), Вилијам Свини, прецизираше дека нема никакви информации за евентуална терористичка ќелија којашто би делувала во Њујорк, пренесе AFP.

Мажот кој беше уапсен поради експлозијата од саботата на њујоршки Менхетн, 28-годишниот Ахмад Кан Рахами, исто така, беше осомничен за експлозијата во саботата утрото во Сисајд Парк во соседната сојузна држава Њу Џерси.

Де Блазио изјави дека властите со причина сметаат дека нападот на Менхетн во саботата вечерта бил „терористички чин“. Повтори дека по тој атентат ќе има многу полицајци на улиците на Њујорк, каде што седмицава се одржува Генералното собрание на ОН, на коешто ќе присуствуваат десетици шефови на држави од целиот свет.

Крис Боулвејџ, градоначалникот на местото каде што живеел осомничениот, на посебна прес-конференција изјави дека Рахами локалната полиција не го следела. Претходно во медиумите се појавија информации дека тој ѝ бил од претходно познат на полицијата.

Според Reuters, Рахами живеел во градот Елизабет и бил познат на тамошните власти и жителите. Во 2011 година се судел со градскиот совет, којшто, постапувајќи по бројните поплаки од соседите, го обврзал Авганистанецот да го ограничи работното време на неговиот семеен ресторан до 22 часот. Рахами ги обвинил локалните власти за дискриминација и вознемирување на религиозна и расна основа. Членовите на градскиот совет и полицијата го негирале обвинението од Авганистанецот, а тужбата завршила без подигнување обвинителен акт.

Истовремено агенцијата Reuters, повикувајќи се на свои извори во правосудните органи, пренесе дека американските власти одлучиле против осомничениот да подигнат обвинение за обид за убиство и нелегално поседување оружје.

Според овие извори, против Рахами ќе бидат поднесени седум точки од обвинението, пет од нив се однесуваат на напади врз животите на луѓе, а другите две за нелегално поседување оружје. Се претпоставува дека првите точки од обвинението се насочени кон околностите при приведувањето на Авганистанец, во градот Линден во сојузната држава Њу Џерси, кога беа повредени двајца полициски службеници. Во престрелката при апсењето, самиот Рахами е ранет во десното рамо.

Претходно во понеделникот по Рахами беше објавена потерница под сомнение за вмешаност во експлозијата во Њујорк. Според FBI, „Рахами е државјанин на САД, од авганистанско потекло. Роден е во Авганистан на 23-ти јануари 1988 година, и според сознанијата на телевизијата CNN, во последните години повеќепати ја посетувал оваа земја. Тој не бил предмет на интерес на американските власти и не бил ставен на листата лица на кои им е забрането летањето.

Во саботата вечерта во квартот Челзи на њујоршки Менхетн во која беа ранети 29 луѓе и за поставување на бомбата на патеката каде што во саботата утрото требаше во местото Сисајд Парк во Њу Џерси пет илјади луѓе да трчаат хуманитарна трка, за ветераните на американските маратонци. Експлозијата одекна во 9,30 часот по локално време, а трката чиј старт за во 9 часот доцнеше поради проблеми со регистрација на учесниците на петкилометарската делница беше откажана.

Во текот на викендот и во Њу Џерси и во Њујорк во соседствата во кои одекнаа експлозиите беа откриени други импровизирани експлозивни направи, кои не биле детонирани. Во понеделникот, пак, на железничката станица во градот Елизабет, во Њу Џерси, биле пронајдени пет експлозивни направи. Една од нив се активирала во моментот кога полициски робот се обидел да ја неутрализира.

Тие информации, сé повеќе упатуваат на тезата за повеќекратни исламистички атентати., оценуваат безбедносни експерти./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

Орбан: Во Брисел во тек се подготовки за влез на Европа во војна

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека во Брисел се водат подготовки за влез на Европа во војната и додаде...

Македонија1 час

Сиљановска Давкова по повод Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј: Тие се наш патоказ за иднината

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј. „Од...

Македонија2 часа

Одбележување на Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј

Со повеќе настани денеска во земјава се одбележува Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, кои се основоположници...

Регион2 часа

Претседателката на Косово: Негирањето на геноцидот нема да го отвори патот за мир

Косовската претседателка Вјоса Османи на X се осврна на усвојувањето на резолуцијата за геноцидот во Сребреница. Османи вели дека со...

Свет2 часа

Дали имало траги од куршуми на хеликоптерот? Објавен е прелиминарен извештај за падот на авионот на иранскиот претседател

Трупот на хеликоптерот на починатиот претседател на Иран, Ебрахим Раиси, се запалил откако удрил во рид, се наведува во прелиминарниот...

Свет2 часа

САД воведува визни ограничувања за Грузијците: „Вреди за оние кои ја гушат демократијата“

Соединетите Американски Држави денеска објавија нова политика на визни ограничувања за жителите на јужнокавкаската република Грузија, откако тамошната влада го...

Европа2 часа

Пукање во Истанбул: расправија во кафуле прераснала во вооружен судир, има убиени и повредени

ТРИ лица загинаа, а пет се повредени, од кои две потешко, во пукотница што се случи синоќа во кафуле во...

Регион15 часа

Генералното собрание на ОН ја усвои Резолуцијата за геноцидот во Сребреница

Генералното собрание на Обединетите нации денеска одржа седница на која се расправаше за резолуцијата за геноцидот во Сребреница, која беше...

Македонија19 часа

Таравари уште размислува дали ќе биде министер за здравство: „Можноста не е исклучена, но не е дефинитивна“

Арбен Таравари, еден од партнерите на коалицијата „Влен“, а кој моментно е градоначалник на општина Гостивар, сѐ уште не одлучил дали...

Македонија20 часа

Потврден 30-дневниот притвор за врховнот судија Наке Георгиев

Кривичниот совет од одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје постапи по жалбата на одбраната...

Македонија20 часа

Одговорност од директорката и управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, бара антикорупциската комисија

Државната комисија за спречување на корупцијата поведе иницијатива до сите надлежни органи за утврдување одговорност на директорката, претседателот и членовите...

Македонија20 часа

Позитивен знак е желбата на претседателката за средба, Бугарија очекува промена на реториката и крај на јазикот на омразата, порача Радев

Република Северна Македонија мора да покаже дека навистина сака да биде дел од обединета Европа, со тоа што ќе ги...

Македонија21 час

„Ги знам јас сите, и обвинители и судии, се дружиме, пиеме кафе, на крајот ќе излезе дека ништо противзаконито не сум сторил“, рече Мемети

Денеска, дојдовме на покана на судијата во предистражна постапка и донесе решение за мерка за претпазливост, друго не би сакал...

Македонија23 часа

Милошоски: Новата влада се очекува до 20 јуни, веројатно ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и Знам

„Новата влада се очекува до 20 јуни, најверојатно, ВМРО-ДПМНЕ, ‘Вреди’ и Знам“, напиша Антонио Милошоски, актуелен пратеник од редовите на...

Македонија24 часа

Одземен пасошот на Иџет Мемети, ќе треба да се јавува во суд

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје постапи по предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал...

Македонија1 ден

ЦУК: Поплави и штети од пороен дожд и град и препорака за внимателност при нагли метео-промени

Центарот за управување со кризи информира дека вчера имало повеќе дојави за поплавувања и штети од пороен дожд, град, а...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме повеќе гласови од СДС, имаат најмал број пратеници во Собранието и го имаат најслабиот резултат во историјата

ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе гласови од СДС. 436 илјади гласа пред 154 илјади на СДС е огромна одговорност за ВМРО-ДПМНЕ. СДС...

Свет1 ден

Кинеската армија го опколи Тајван, почнаа воените вежби: „Ова е казна за сепаратистичките потези“

Источната команда на Народноослободителната војска на Кина соопшти дека почнала заеднички воени вежби во кои учествуваат армијата, морнарицата, воздушните сили...

Македонија1 ден

(Видео) Граѓаните на протест против деструкцијата на ,,Бехтел и Енка”, Левицата дава поддршка

Прилепчани и граѓани од цела Македонија десетина дена прават протесна блокада на патот кон село Ореовец и не дозволуваат машини...

Свет1 ден

(Видео) Најмалку пет лица загинаа, а десетици се повредени во торнадо во Ајова: прогласена вонредна состојба

Пет лица загинаа, а 20-ина се повредени кога торнадо го погоди градот Гринфилд во американската сојузна држава Ајова. Одделот за...