Контакт

Вести

Кери во разговор со Лавров ги повика бунтовниците да го почитуваат прекинот на огнот

Објавено пред

Американскиот државен секретар Џон Кери во средата во телефонскиот разговор со својот руски колега Сергеј Лавров ја истакнал неопходноста рускојазичните бунтовници „да престанат да ги напаѓаат украинските позиции кај Дебалцево и да го прекршуваат прекинот на огнот“, соопшти Стејт департментот, додека шефот на руската дипломатија смета дека како што очекувал настаните во стратешки важниот град во регионот Донбас ќе станат изговор за Западот.

dobivaj vesti na viber

Портпаролката на Стејт департментот, Џен Псаки, истакна дека државниот секретар Џон Кери апелирал да им се овозможи пристап на набљудувачите од мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

Одговарајќи на новинарски прашања, Псаки не се согласи со констатацијата дека станува збор за крајно нарушување на примирјето договорено во Минск.

„Ние не сметаме дека договорот е ’мртов’“, истакна Псаки. Додаде дека Стејт департментот повика да се даде време за спроведување на Минскиот договор./

Одговарајќи на прашање дали настаните околу Дебалцево ќе влијаат врз одлуката на Вашингтон за испорака на смртоносно оружје за украинската армија, Псаки одговори дека „Ние немаме донесено никаква одлука. Имаме многубројни опции за санкции“.

Истовремено според Псаки, набљудувачите на ОБСЕ регистрирале и намалување на насилствата. Притоа не ги коментираше основаностите на изјавите на украинскиот претседател Петор Порошенко за повлекување на украинските војници од Дебалцево, само истакнувајќи дека владата на една држава самата носи одлуки коишто се однесуваат на одбраната на својата земја.

Руското министерство за надворешни работи, од своја страна, пак, за разговорот меѓу Кери и Лавров издаде кусо соопштение во коешто нагласува дека шефот на руската дипломатија ја истакнал важноста на директниот дијалог меѓу Киев со Донецк и Луганск, вклучително и за брзото прекинување на судирите кај Дебалцево.

Претходно Лавров рече дека прекинот на огнот во источна Украина се почитува, освен во Дебалцево. „Главната задача и натаму е прекинот на огнот (…) на многу места бунтовниците соопштија дека се подготвени да го повлечат тешкото оружје“, рече.

Во врска со борбите во Дебалцево, Лавров објасни дека „Ние зборувавме во Минск дека украинската војска таму паднала во обрач, дека е потребно да се зборува за тоа како тие може да го напуштат Дебалцево. Стануваше збор тие да се извлечат чесно, оставајќи го тешкото вооружување, Киев не беше подготвен на тоа. Меѓутоа милициите (како што Москва ги нарекува проруските бунтовници во источна Украина) од самиот почеток рекоа дека нема да дозволат извлекување на тешкото вооружување, зашто украинската војска ќе се прегрупира, ќе отстапи и одново ќе отвори оган (… ). Порошенко тогаш рече дека нема опсада. Како резултат на тоа, се случи она што се случи“, односно бунтовниците навлегоа во вторникот во Дебалцево а по тешките улични борби и напредувањето на бунтовниците, украинските војски со одлука на Киев почнаа да се повлекуваат од средата наутро.

Западните политичари треба да ги охрабрат напорите за постигнување мир во Украина а не да ја поттикнуваат конфронтацијата, порача Лавров.

„Многу полагам во тоа дека одговорните политичари на Западот ќе сторат сé што е во интересот на украинскиот народ и на украинската држава, наместо да ја поттикнуваат конфронтацијата и да го докажуваат своето лидерство со таквите изјави“, додаде Лавров.

„Дебалцево, тоа е изговор, ние уште на 11-ти февруари (ден пред потпишувањето на договорот во Минск), но ни беше кажано дека такво проблем не постои. Оттаму, кон тоа јас би го сметал ова како уште една потврда на неконструктивниот став на Вашингтон, овој пат олицетворен во потпретседателот“ Џозеф Бајден кој претходно изјави дека се можни нови санкции против Русија, поради ситуацијата во Дебалцево./крај/мф/сн

Извор: Reuters/РИА Новости

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април, одлучи Владата

Владата ја разгледа и усвои Информацијата со Предлог- измени и дополнувања на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на...

Македонија11 часа

„Влен“: Влада и Бадентер да, но без ДУИ и Левица

ДУИ ги напушти вредностите за кои се залагаше во 2001 кога наместо за Албанската кауза почна да се грижи единствено...

Македонија11 часа

Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, одговори Ковачевски прашан дали би им помогнале на ВМРО-ДПМНЕ ако не можат да формираат Влада

Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, првин да ги видиме резултатите на 8 мај. Вака лидерот на СДСМ, Димитар...

Македонија12 часа

ДСЗИ ќе забрани на Токсикологија да работат лица со истечени договори оти  директорката, која не зборува македонски, не им ги одзела пристапите

Организациската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази, не постапила и не ја потпишала опомената од Државниот санитарен и здравстве...

Македонија14 часа

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ,...

Македонија15 часа

Почина таткото на Тоше Проески

Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше. Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка....

Македонија16 часа

Десна објави наводно писмо од Љупчо Палевски: Министерот Лога лаже за екстрадицијата

Политичката партија Десна на својот Фејсбук профил објави писмо од својот лидер Љупчо Палевски Палче, кој чека екстрадиција во Македонија...

Свет17 часа

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи...

Свет17 часа

Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање

Американската полиција  убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол,...

Македонија17 часа

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од...

Свет17 часа

При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица

Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните...

Свет17 часа

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека е „убаво да се гледа“ како полицијата во Њујорк упадна во зградата на...

Свет18 часа

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди поширокото подрачје на Лос Анџелес, соопшти Сеизмолошкиот институт...

Македонија1 ден

Силјановска: Како никој не се сети да им каже во ЕУ дека самите во член 4 гарантираат немешање во внатрешните работи и почитување на уставните структури

Како може некому да ветите дека ќе го смените Уставот, кога Уставот може да го сменат само пратениците во Уставот....

Македонија1 ден

СДСМ за Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци и во тоа нема ништо социјалдемократски ниту вредносно туку единствено и...

Македонија1 ден

Пендаровски: Не велам дека Европската преговарачка рамка е во ред, ама е договорена од 27 држави – ние или ја прифаќаме, или ја одбиваме

Во вечерашниот телевизиски дуел помеѓу двата претседателски кандидати, Пендаровски се осврна на неговиот концепт за напредок на државата, за кој,...

Свет1 ден

Борел: Западен Балкан има историска можност да ја поврзе својата иднина со ЕУ

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жосеп Борел,  по повод 20-годишнината од најголемото проширување на ЕУ, изјави...

Македонија1 ден

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отварање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска по повод празникот на трудот Први Мај организираше пикник во Пелинце. Претседателот на...

Македонија2 дена

Демократски сојуз: Народот не може да создаде толку колку што власта може да украде

Демократскиот сојуз на сите работници им го честита Меѓународниот Ден на правата, 1-ви Мај. „Во услови на влошена економско-социјална положба...

Македонија2 дена

„Колку повеќе не напаѓаат посилни не прават“ – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на денешниот протест порача дека работниците даваат црвен картон на Врховниот судот за неговата одлука...