Контакт

Вести

Москва: Американските авиони го бомбардираа Алепо

Објавено пред

Руското министерство за одбрана соопшти во четвртокот дека американските воени авиони го бомбардирале сирискиот град Алепо во средата, откако САД тврдеа дека нападите ги извеле руски авиони, и тоа наводно врз две болници.

dobivaj vesti na viber

Портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков на брифингот со новинарите во Москва изјави дека два американски авиона од типот „А-10“ кои долетале од Турција, го бомбардирале сирискиот град Алепо. Тој потврди дека портпаролот на Пентагон ја обвинил Русија дека бомбардирала две болници во истиот град во средата, но ги отфрли ваквите обвинувања.

„Како што им ветивме на нашите американски партнери, нема да ги криеме информациите. Во средата (во 11.55 часот по македонско време) од Турција по најкусата рута директно над Алепо се појавија два американски авиона ‘А-1-‘ и ги истрелаа сите проектили врз градот. Полковникот Ворен воопшто не го најави тој лет, ниту во директна ниту во непосредна смисла“, изјави Конашенков, кого го цитира агенцијата РИА.

Конашенков осврнувајќи се на изјавата на портпаролот на Пентагон, иронизираше и истакна дека полковникот Стив Ворен седејќи во штабот во ирачката престолнина Багдад, изјавил дека наводно руските авиони во средата во Алепо нападнале две болници.

„Како резултат на тоа, наводно околу 50.000 Сиријци биле лишени од основните услуги, Повеќе од тоа официјалниот портпарол не можеше да изведи од себе. Ниту за времето, ниту за координатите на тие болници, ниту за изворот на таа информација. Едноставно ништо“, истакна портпаролот на руското министерство за одбрана.

Според Конашенков, во министерството за одбрана на Русија целата претходна ноќ биле „внимателно проучувани“ тие информации.

„Едно е кога такви небулози изјавуваат лондонските активисти заштитници на човековите права (Конашенков алудира на опозициската невладина организација Сириска опсерваторија за човекови права SOHR со седиште во Лондон, за којашто руската дипломатија од почетокот на сирискиот конфликт вели дека ја преставува еден човек – Рами Абделерахман кој нема компетенции затоа што има само основно образование и е сопственик на сириски ресторан во британската престолнина – з..р). Меѓутоа, кога такви работи изјавува портпарол на Пентагон, кој себеси се позиционира како воен професионалец, тоа е сосема поинаква ситуација“, истакна Конашенков.

„Внимателно ги анализиравме сите податоци за целите кои во средата ги гаѓавме во покраината Алепо. Полковникот Ворен можеби бил вознемирен… Руските авиони во градот Алепо вчера не дејствуваа, најблиската цела беше на 20 километри од градот. А над самиот град во средата летаа само авионите на ткн антисиловска коалиција: авиони и ударни беспилотни летала“, изјави Конашенков мислејќи на меѓународната коалиција предводена од САД која се бори против екстремнaта суниска група Исламска држава (ISIL).

Рускиот воен портпарол порачувајќи дека „нема да се однесува“ како својот американски колега истакна дека признава дека „Немавме доволно време точно да го утврдиме идентитетот на деветте објекти кои тие ги бомбардираа во средата во Алепо. Можно е меѓу нив да биле и двете болници“ рече и додаде дека руската страна повнимателни ќе ги провери овие информации.

Конашенков потсети дека оваа ситуација наликува на оние кога во американски бомбардирања беа погодени болницата на Лекари без граници во авганистанскиот град Кундуз и позициите на ирачката армија која во Фалуџа напредуваше против Исламската држава.

„Првото што го прават во таквите ситуации, се нафрлаат со обвинување врз нас, за да ги симнат сомневањата од себеси“, рече Конашенков иронизирајќи уште еднаш дека ќе треба да организира два брифинга „еден за соопштување на нашите информации, а потоа за момците од коалицијата кои себеси се сметаат за професионалци“./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ40 минути

Три лица, меѓу кои и полицаец, осомничени за разбојништво и противправно лишување од слобода

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои како соизвршители се...

Македонија50 минути

Мицкоски: Очекувам ДУИ повторно да прави изборни нерегуларности, истураат и многу кеш во предизборието, затоа ја повикувам меѓународната заедница будно да го следи процесот

Ако ме прашувате за изборните нерегуларности кои што беа случај во првиот изборен круг, а за кои причина беше Демократската...

Топ58 минути

Уапсени крадци на автомобили – ги расклопувале за делови

Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ш.Н.(68) од Липково, поради постоење...

Македонија1 час

Владина делегација положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев – одбележана 121 годишнина од неговото загинување

Владина делегација предводена од министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова...

Регион3 часа

Тито почина пред 44 години. Дали беше херој или злосторник?

На денешен ден, пред 44 години, во Љубљана почина Јосип Броз Тито. Кој беше тој? Изгледа, за кого како. Кој...

Свет4 часа

Блинкен: Хамас е единствената пречка за прекин на огнот во Газа

Палестинското исламистичко движење Хамас останува „единствената пречка меѓу луѓето во Газа и прекинот на огнот“ со Израел, изјави вчера американскиот...

Македонија5 часа

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Во земјава денеска се одбележуваат 121 година од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. По тој...

Топ17 часа

Две жртви во сообраќајката на патот Радовиш-Штип, уште едно лице повредено

Две лица загинаа на лице место во сообраќајната несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат Радовиш-Штип. Во несреќата е...

Македонија18 часа

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

ЦУК информира за невообичаена и како што велат, специфична ситуација за решавање на итен случај на 112, кога куче паднало...

Регион20 часа

„Никогаш нема да ја заборавам бабата која стои, чека и го повторува името на внуката“: Мајорката која меѓу првите влезе во „Рибникар“

„Траума што се уште ја минувам и денес“, „Сигурна сум дека добро ќе се сеќаваме на тој кобен 3-ти мај,...

Македонија23 часа

„Поединци на Европскиот фронт избегаа од Али и се во секојдневна комуникација со Мицкоски“, рече Изет Меџити

Лидерот на Демократското движење и носител на Листата за пратеници во првата единица на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити изјави дека...

Македонија1 ден

„Дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд“, кажа Мицкоски и повика на будност

Не се само информации тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите, имаме и потврден случај тоа е во...

Македонија1 ден

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Репортери без граници денеска го објавија својот годишен извештај за слободата на медиумите во светот, според кој Македонија се наоѓа...

Македонија1 ден

„За избор на Владата нема двојно гласање (Бадентер), тоа не е предвидено ниту со Уставот, ниту со било каков договор или закон“, вели Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз ги потсетува партиите, посебно ДУИ, но и сите граѓани, дека соглано член 99 од Уставот на Република Македонија,...

Македонија1 ден

„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него, им...

Свет1 ден

Израелските медиуми ги објавија трите барања на шефот на Хамас за ослободување на заложниците

Лидерот на палестинската исламистичка организација Хамас во Појасот Газа, Јехја ал Синвар, и понатаму има три барања во преговарачката понуда...

Европа1 ден

(Видео) Украинците објавија снимка: Го уништивме рускиот систем Бук, не можеа да го изгаснат пожарот

Украинските сили за специјални операции тврдат дека го уништиле лансерот на рускиот противвоздушен ракетен систем Бук на линијата на фронтот...

Свет1 ден

Турција ја прекина целата трговија со Израел

Турција од вчера го прекинува целиот извоз и увоз со Израел, соопшти турското Министерство за трговија, наведувајќи ја како причина...

Македонија2 дена

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април, одлучи Владата

Владата ја разгледа и усвои Информацијата со Предлог- измени и дополнувања на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на...

Македонија2 дена

„Влен“: Влада и Бадентер да, но без ДУИ и Левица

ДУИ ги напушти вредностите за кои се залагаше во 2001 кога наместо за Албанската кауза почна да се грижи единствено...