Вести
Портокалово ’не’ за насилството врз жените и девојчињата
– Зградата на ОН (Њујорк) во портокалово
Низ светот во вторникот, 25-ти ноември, започнаа 16-те дена активизам со кои треба да се сврти вниманието, да се подигне јавната свест и да се предизвика конкретна акција за елиминирање на сите форми на родово базирано насилство.
Низ светот во вторникот, 25-ти ноември, започнаа 16-те дена активизам со кои треба да се сврти вниманието, да се подигне јавната свест и да се предизвика конкретна акција за елиминирање на сите форми на родово базирано насилство.
Денешниот ден е одбран за Меѓународен ден за елиминирање на насилството врз жените за да се одбележи убиството на трите активистки од Доминиканската Република кои во 1960 година се брутално убиени поради нивниот бунт против диктаторскиот режим на тогашниот претседател на земјата Рафаел Труиљо. Шеснаесетте дена активизам траат до 10-ти декември, Светскиот ден на човековите права. Датумите не се одбрани случајно, туку со цел да се направи поврзување помеѓу насилството врз жените и девојчињата и кршењето на човековите права. Имено, токму насилството врз жените е едно од најраспространетите и воедно најмалку препознаените прекршувања на човековите права, од што во светски рамки страда секоја трета жена.
Скоро половина од жените убиени во текот на 2012-та настрадале од својот партнер или член на семејството. Статистички, силувањето и домашното насилство претставуваат поголема закана за жената отколку ракот, сообраќајните несреќи, војните и маларијата заедно. Податоците говорат и дека 603 милиони жени во светот живеат во земји каде семејното насилство сеуште не се смета за кривично дело. Исто така, на глобално ниво, близу половина од сексуалните напади се извршени над девојчиња помали од 16 години.
Вклучувањето на Македонија во глобалниот повик за активизам под мотото „Направи го твоето соседство портокалово“ (Orange your neighborhood), годинава се одвива преку повикот да ставиме крај на насилството врз жените и девојчињата – сега!
Во текот на 16-те денови активизам испланирани се бројни активности: трибини, форуми, дебати, уметнички инсталации, театарски претстави и маршеви, а споделени се и идеи во кои доминира портокалована боја и чија цел е свртување на вниманието на целото општество за овој горлив проблем. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.