Вести
Русија извршила над 60 летови во Сирија, уништен подземен бункер на IS – ВИДЕО
Руските воздушни сили во Сирија извршиле повеќе од 60 борбени летови во изминатите четири дена при што се уништени 50 објекти на терористичката организација Исламска држава (IS), изјави во саботата началникот на Главната оперативна команда на рускиот Генерлаштаб, генерал-полковникот Андреј Картаполов, додека портпаролот на министерството за одбрана прецизирал дека во изминатото деноноќие биле изведени 20 летови во кои бил уништен подземен бункер и команден центар на џихадистите.
Русија започна во воздушната операција во Сирија од средата, откако горниот дом на парламентот едногласно го одобри барањето на претседателот Владимир Путин, по упатеното до него барање од неговиот долгогодишен сојузник сирискиот претседател Башар ал-Асад за помош во борбата против исламистичките групации како Исламска држава и Џенбхат ан-Нусра, сириското крило на Ал Каеда.
На обвинувањата дека во руските удари страдаат цивили и борци на сунитската сириска опозиција којашто ја поддржуваат САД и арапските земји од регионот, еден од руските воени портпароли Игор Климов во сабота изјави дека, руските авиони изведуваа напади врз цели кои се добро разузнавачки проверени, со прецизно наведувани проектили и далеку од населени места. Тој, исто така, ја отфрли можноста дека биле гаѓани позициите на сириската вооружена опозиција.
Во изминатите 24 часа авионите од составот на руските воздушни сили стационирани во Сирија од типот „Су-34“ и „су-24М“ извршиле над дваесет удри врз 9 цели на Исламската дражва, според портпаролот на руското министерство за одбрана Игор Конашенков.
„Со прецизни удари на бетон-бомби БЕТАБ-500 од авионит ‘Су-34“ во областа на градот Рака (во истоимената сириска покраина којашто е прогласена за престолнина на ткн калифатот што го прогласи Исламската држава во Сирија и во Ирак – з.м), е утврден команден центар на терористите, како и подземен бункер со склад за експлозивни материјали и муниција“, изјавил генералот Конашенков, кого го цитира агенцијата ТАСС.
Конашенков додал дека руските бомбардери извршиле прецизни удари врз логор на борците на Исламската држава во областа Маарет-ан-Мума, со наведуваните проектили КАБ-500, чијашто траекторија се коригира и од авионот и преку сателитскиот систем за навигација ГЛОНАСС.
„Според објективните процени, уништени се утврдувања на терористите, магацини со муниција, горива, како седум парчиња воена техника“, рекол Конашенков. Притоа прецизирал дека веројатноста за „отстапување од зададените координати на бомбите од типот КАБ-500 не надминува повеќе од пет метри“.
„Таквите и други високопрецизни оружја во текот на последните денови се користат точно врз инфраструктура на Исламската држава, за уништување на контролни и комуникациски центри и магацини, како и работилници во коишто се подготвуваат автомобили-бомби за изведување терористички напади“, додал портпаролот. /крај/мф/сн
Извор: РИА/ТАСС
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.