Здравје
Канабисот помага каде што конвенционалната медицина нема потполни решенија
Конечно, се случи она што многу години наназад требаше да се случи во Македонија. Се демистифицира едно од биолошки највредните растенија во природата, кое беше неправедно законски забрането заради негово третирање единствено како средство за уживање и рекреација. Граѓаните го добија канабисот за легална употреба во медицински цели, откако беше отстранета дилема дека канабисот има позитивен здравствен бенефит кај многу состојби за кои конвенционалната медицина нема целосно решение.
Тоа резултираше по многуте напори на Владата, поддржана од компаниите кои се занимаваат со производство на лекови и додатоци во исхраната, како и граѓанските здруженија кои ја поддржуваат легализацијата на канабисот кои беа едни од промоторите на донесување на законот за легализација на канабисот во медицински цели. Јавните дебати организирани од страна на Агенцијата за лекови на Република Македонија, Фармацевтскиот факултет во Скопје и други релевантни структури покажаа дека македонските граѓани се силно заинтересирани за овој проект.
Дебатите беа интерактивни, во нив учествуваа врвни доктори од различни специјалности, гости од странство кои се бават со оваа проблематика, фармацевти и други претставници од фелата здравствени работници, како и голем број граѓани кои бараа помош во лекување на разни болести од кои страдаат самите или член од нивната фамилија. Заеднички застанаа на страната ДА, за легализација на канабисот во медицински цели во Република Македонија.
Никој не остана рамнодушен по овие дебати, дискусиите се водеа во правец на можноста канабисот да биде спас од болестите од кои многумина страдаат, од кои многумина веќе се лекуваат со конвенционална пропишана терапија базирана на докази, но која на многумина не ги дава или недоволно ги дава посакуваните ефекти.
Добар дел од граѓанството веќе имаа позитивни искуства со третманите со канабис, но набавен нелегално со многу непознаници во однос на составот, квалитетот, начинот на производство, здравствената исправност, изборот на потребната доза, должината на лекувањето и слично. Не треба да се пренебрегне фактот дека секој од нас може да дојде во состојба да е потенцијален корисник на канабис. Досега болните во Македонија по ова прашање мораа да се борат на два фронта, со законот кој пропишува тешки санкции во однос на нелегално користење на различни производи на канабис и со болеста и нејзината често смртоносна закана.
Ова е многу значаен момент за нашата компанија Реплек Фарм ДООЕЛ, како и севкупно за граѓаните на Македонија бидејќи го направивме првиот крупен чекор. На пазарот се пуштени два производа кои содржат екстракт од канабис, во форма на 5 отсто КАНОИЛ масло кое содржи 500 mg CBD (cannabidiol)/ во пакување од 10 ml и 7 отсто КАНОИЛ масло кое содржи 700 mg CBD (cannabidiol)/ во пакување од 10 ml.
На овој чекор му претходеа повеќегодишни истражувања на ниво на компанијата, следење на релевантна стручна литература и научни сознанија, како и искуства на земјите во светот каде конопот е веќе подолго во легална употреба во медицински цели.
Позитивните ефекти од маслата кои се нудат на македонскиот пазар
КАНОИЛ 5-процентно и 7-процентно CBD маслата се маслени екстракти од растението канабис или коноп. Маслениот екстракт e со докажано отсуство на пестициди и хербициди во производот. Екстракцијата се изведува на ниска температура без употреба на органски растворувачи, што обезбедува највисок квалитет на маслениот екстракт.
КАНОИЛ 5% и 7% CBD маслата од коноп содржи канабиноиди, примарно CBD (Cannabidiol), CBN (Cannabinol), CBG (Cannabigerol) и нивните карбоксилни соединенија.
Канабиноидите се врзуваат за CB1 и CB2 рецепторите на ендоканабиноидниот систем и предизвикуваат имуномодулаторен ефект, односно го подобрува имунолошкиот систем.
КАНОИЛ 5% и 7% CBD маслата од коноп содржи и терпени, омега масни киселини (омега-3, омега-6, омега-9), флавоноиди, фитостероли, аминокиселини, гликозиди, витамини (А, B1, B2, B6, C, D, Е, F), пигменти, алкани, азотни соединенија кои се важни во изградба на клетките, метаболните процеси, одржување на функцијата на многу системи и целосно подобрување на општата здравствена состојба.
КАНОИЛ 5% и 7% CBD маслата од коноп не содржат THC (9-delta tetrahydocannabinol) и THCA (9-delta tetrahydocannabinolic acid) или ги содржат во незначителни количества под 0,2%.
КАНОИЛ 5% и 7% CBD маслата од коноп може да помогнат на организмот при состојби со малигни заболувања, мултиплекс склероза, ХИВ и епилептични синдроми во детска возраст.
КАНОИЛ 5 % и 7% CBD маслата од коноп не претставуваат замена за стандардната пропишана терапија, а посебно не се замена за стандардната терапија при наведените заболувања.
Позитивни ефекти при употреба на КАНОИЛ 5% и 7% CBD маслата од коноп се манифестираат и при: Состојби на стрес, анксиозност, нервоза, депресија, мускулни спазми; Се користат против гадење и повраќање, посебно за време на хемо или зрачна терапија кај малигните заболувања, помагаат во одржување на балансот на цревната флора; Ублажуваат состојби на болка од различно потекло, зарaди нивното против воспалително дејство
Може да се употребуваат и при превенција од кардиоваскуларни болести – помагаат при регулирање на крвниот притисок, ја подобруваат работата на срцето, делуваат кардиопротективно, може да помогнат во регулирање на покачени концентрации на липиди и холестерол во крвта, може да помогнат во регулирање на покачена концентрација на гликоза во крвта.
Првиот чекор на пуштање на овие два производа на Реплек Фарм ДООЕЛ на пазарот во Република Македонија значи само почеток. Од компанијата уверуваат дека ќе продолжат интензивно кон развивање на нови производи кои во својот состав содржат канабис; нови фармацевтски формулации и јачини за секој кому ваков третман може да му биде од корист доколку веќе боледува или да се делува превентивно, ја одржува на психофизичката добросостојба на организмот. Нема дилема дека канабисот има позитивен здравствен бенефит кај многу состојби за кои конвенционалната медицина нема целосно решение.
Што треба да се разликува кај производите од канабис
За да ја разбереме разликата меѓу производите на канабис мора да се имаат предвид некои основни податоци. Канабисот е едногодишно растение, а најраспространети вариетети од родот Cannabis се: Cannabis Sativa, Indica и Ruderalis. Канабисот како растение има над 400 фитокомпоненти од кои минимум 60 се канабиноиди, како и терпени, флавоноиди, фитостероли, омега масни киселини (омега-3, омега-6, омега-9) во најдобар здравствен сооднос, аминокиселини, азотни соединенија, гликозиди, витамини (А, B1, B2, B6, C, D, Е, F), пигменти, алкани, азотни соединенија и други компоненти, кои се распоредени во различни делови од растението. Тоа прави да сите делови од растението се употребуваат во различни цели. Во однос на содржината на канабиноидите како основни активни супстанци на растението, цветовите и тоа женските цветови содржат повисок процент на delta-9-tetrahydrocannabinol, познат како THC, кој поседува психотропни својства и е одговорен за досегашниот третман на растението како средство за уживање. Лисјата ги содржат главно канабиноидите CBD (cannabidiol), CBN (cannabinol), CBG (Cannabigerol) и нивните карбоксилни соединенија, кои не поседуваат психотропни својства, но и THC во помал процент отколку цветовите. Семето на растението не го содржи психотропниот канабиноид THC или го содржи во концентрација под 10 ppm, што значи дека не поседува никакви психотропни својства. Ладно цеденото масло од семето е биолошки исклучително вредно, бидејќи не содржи канабиноиди или ги содржи во незначителна концентрација, но содржи богатство од сите биолошки вредни есенцијални состојки кои веќе ги наброивме. Стеблото од растението се користи во градежништво, текстилна и други индустрии.
Присуството на CBD, CBN, CBG, THC и останатите канабиноди во минорни количества заедно со терпените и флавоноидите е особено значајно поради нивното синергистичко делување и со останатите биолошки вредни компоненти во канабисот, што го прават маслото од канабис исклучително корисно во превенција и лекување на многу болести и состојби на човечкиот организам. Маслото најчесто се стандардизира и декларира во однос на содржината на CBD, CBN како не психотропни канабиноиди поради нивната повисока концентрација во однос на останатите непсихотропни канабиноиди. Секако дека особен акцент се дава и на присуството на THC како психотропен канабиноид, односно овие три канабиноиди се избрани како маркери за квалитетот и јачината на екстрактот, што никако не значи дека се тоа единствените активни состојки на маслото од канабис. Иако THC е канабиноидот кој е одговорен за психотрпните својства на производите од канабис, сепак неговото присуство е многу значајно во лекување на многу сериозни болести како HIV, cancer (рак), sclerosa multiplex и епилепсија.
Новата законска легислатива прави јасно дефинирање на производите од коноп кои може да се земаат без лекарски рецепт а тоа се производите кои содржат под 0,2 отсто од психотропната компонента THC (delta-9-tetrahydrocannabinol), додека содржината на останатите непсихотропни канабиноиди (CBD, CBN, CBG и други) не е законски ограничена. Производите кои содржат повеќе од 0.2% од психотропната компонента THC (delta-9-tetrahydrocannabinol) или повеќе од 2 mg THC во дневна доза се категоризирани како гранични производи и ќе се издаваат исклучиво со лекарски рецепт, во строго пропишани концентрации и волумен на дневно ниво како и месечна потреба, според состојбата на секој пациент поединечно соодветно ставот на докторот кој ја препишува терапијата.
Со тоа, производите од канабис стануваат достапни за граѓаните на Република Македонија во превентивни и куративни цели, но не во било каков облик туку како производи со јасно деклариран квалитативен и кванитативен состав, произведени под високи стандарди за производство и контролирани соодветно јасно дефинирани параметри на квалитет од сите аспекти, физичко-хемиски и микробиолошки.
Во Реплек продолжуваат интензивно да работат започнатиот проект да заживее и да се прошири како на ниво на фармацевтски формулации, така и на ниво на медицински индикации за кои може да даде позитивни ефекти.
Канабисот делува, тоа е несомнено, а популацијата и стручњаците се повеќе стануваат свесни за примерите од секојдневието кои тоа го потврдуваат. Тенденција на легализацијата на канабисот во медицински цели е и фактот дека многумина од болните веќе го користат канабисот набавен нелегално, со сомнителен квалитет, кој може сериозно да им наштети. Несомнено дека треба да се стави крај на ваквата нелегална продажба, односно легално набавените производи од канабис треба да ја запрат дивата продажба со што граѓанинот ќе се заштити добивајќи висококвалитетен контролиран производ соодветен на неговата здравствена состојба./крај/мф/би
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Методот 5/25/25 – најпопуларната диета по празниците: Топи килограми без ограничување на оброкот
Методот 5/25/25, измислен од фитнес инструкторката Џули Капицело, не го ограничува вашиот оброк, а ви помага да ослабете.
Нема смисла да се лажете себеси – не постои единствен и најдобар начин за слабеење, бидејќи нашите тела се различни и имаме различни потреби – од губење на 3-6 килограми до губење на дури 30 или 60 килограми. За среќа, балансираниот пристап кон слабеењето, базиран на разновидно мени и неисклучување на цели групи на храна од исхраната, станува сè попопуларен.
Таков метод за слабеење е 5/25/25, измислен од фитнес инструкторката Џули Капицело. Што е уникатно во врска со овој метод?

Методот 5/25/25 не го ограничува вашиот оброк.
Методот 5/25/25 се фокусира на додавање намирници во вашата исхрана, а не на исклучување од вашето мени. Според неговиот автор, тоа е одлична основа за употреба, без оглед на тоа дали штотуку започнувате или веќе имате искуство во грижата за вашата фигура и што јадете секој ден.
Методот 5/25/25 значи пет оброци дневно. Секој треба да содржи 25 г протеини, а во текот на денот треба да обезбедиме и 25 г влакна. Благодарение на овој пристап, не ограничуваме одредени намирници, туку додаваме „гориво“ на нашите оброци што помага да се одржи витка фигура.
Пример за мени предложено од фитнес тренер:
– Појадок: јајца, сланина од мисирка и тост;
– Ручек: салата со стек и многу зеленчук;
– Оброк пред тренинг: оризови вафли со путер од кикирики и банана;
– Оброк по тренинг: протеински шејк;
– Вечера: пилешко, печен компир и зелен зеленчук.
„Запомнете дека нутритивните потреби на секого се различни, затоа користете го ова како водич/почетна точка, а не како совршен план за оброци за вас“, потсетува фитнес инструкторот.

Како функционира методот 5/25/25?
Помалите оброци што содржат доза на протеини и влакна, консумирани редовно, помагаат во стабилизирање на нивото на шеќер во крвта, што значи дека не чувствуваме прејадување или сме претерано гладни. Во текот на денот, му обезбедуваме на нашето тело „гориво“ што може да го користи. Протеините се градежен блок на мускулите, лесно се сваруваат и ви овозможуваат да се чувствувате сити подолго по оброкот. Соодветната количина на протеини, исто така, има позитивен ефект врз придвижување на метаболизмот. Соодветното ниво за повеќето жени е 25 g протеини по оброк.
Покрај протеините, методот 5/25/25 е важен и за снабдувањето со влакна. За жал, обично консумираме премалку од нив, што доведува до разни проблеми, вклучително и проблеми со варењето. „Консумирањето на оваа количина на влакна (25 g на ден) помага во одржувањето на редовните празнења на цревата и го промовира здравјето на цревата со поддршка на корисните бактерии“, објаснува фитнес инструкторот, додавајќи дека влакната, исто така, го зголемуваат чувството на ситост по оброците и помагаат во стабилизирање на нивото на енергија.
Како да се имплементира методот 25/5/25?
Методот 5/25/25 не е тежок за спроведување на дневна основа, но има неколку правила што треба да се запомнат:

Јадете помали оброци богати со хранливи материи
Фокусирајте се на планирање пет помали оброци на ден, што ќе ви помогне да избегнете прејадување и напади на глад и да одржувате стабилни нивоа на шеќер во крвта. Базирајте ги вашите оброци на протеини, здрави масти и влакна. На почетокот на вашата авантура 5/25/25, можете да испечатите листи на производи богати со одредени состојки и да ги комбинирате соодветните производи во оброци врз основа на тоа.
Секогаш чувајте извори на протеини во вашиот фрижидер
Ќе биде полесно да ги планирате вашите оброци и да додавате протеини во секој од нив ако имате производи богати со протеини при рака. Затоа, погрижете се вашиот фрижидер (и замрзнувач) да бидат полнети со многу туна, грчки јогурт, урда, пилешко и лосос. Ако не јадете животински производи или го ограничувате внесот на месо, важно е да се снабдите со грав и други мешунки, кои се одлични извори на протеини.
Појадувајте во рок од три часа по будењето
Појадокот е најважниот оброк во денот, но ако не ви се јаде веднаш по будењето, нема смисла да се форсирате. Сепак, вреди да го изедете првиот оброк во рок од три часа по будењето и не заборавајте да додадете протеини. Појадок на база на јајца или овесна каша со природен јогурт ќе ви даде чувство на ситост и енергија во првата половина од денот.
Забава
Зошто понекогаш е добро да се направи пауза во процесот на слабеење?
Паузите се период кога привремено го прекинувате калорискиот дефицит и преминувате на диета што ја одржува вашата моментална тежина.
Повеќето луѓе кои се обидуваат да ослабат се фокусираат на строги диети и постојан калориски дефицит, надевајќи се на брзи резултати. Сепак, таков пристап често води до замор, губење на мотивација и откажување пред да се постигнат посакуваните цели.
Еден од најефикасните начини за одржување на мотивацијата и постигнување подобри резултати е воведување планирани паузи за време на губењето на тежината. Паузите се период кога привремено го прекинувате калорискиот дефицит и преминувате на диета што ја одржува вашата моментална тежина.
Ова му дава на телото шанса да се одмори, а метаболизмот се стабилизира, додека психолошки се регенерира. Телото не е под стрес и подоцна кога ќе продолжите со планот и програмата, има мотивација.
Паузите исто така помагаат во учењето како правилно да се одржува тежината. Многу луѓе не знаат како да јадат по диетата и често се враќаат на старите навики, што доведува до враќање на изгубената тежина. Кратките, планирани паузи му овозможуваат на телото и навиките постепено да се прилагодат на новата тежина и навиките во исхраната.
Покрај тоа, паузата од ограничувањата го намалува гладот и психолошкиот притисок, што му помага на лицето да се врати на диетата со обновена енергија и дисциплина. Паузите не се знак на слабост или откажување, туку стратешка алатка за долгорочен успех во слабеењето.
Затоа, правењето планирани паузи може да ги подобри и физиолошките и психолошките аспекти на процесот на слабеење, да го олесни постигнувањето на целите и да помогне во одржувањето на посакуваната тежина по завршувањето на диетата.
Забава
Неколку навики додека се туширате секојдневно ви ја уништуваат кожата
При секојдневно туширање, често се јавуваат проблеми со кожата како што се затегнатост, лупење, сивост или иритација, а експертите ги објаснуваат најчестите причини за ова.
Дерматолозите предупредуваат дека најголемите проблеми со кожата не доаѓаат само од силните производи, туку и од мали, повторувачки грешки кои полека ја оштетуваат заштитната бариера. Затоа е клучна правилната нега на кожата.
Експертите тврдат дека најпријатните моменти во туширањето, долгите и топлите, се и најштетни бидејќи водата над 38 степени ги раствора липидите, природните масла што ја одржуваат кожата мека и еластична.
Кога ова се случува секој ден, бариерата се истенчува, губи влага и развива препознатлива комбинација од затегнатост и чувство на „крцкање“.
Кожата потоа изгледа чиста, но е и исцрпена. Експертите советуваат да се користи млака вода, која чисти без да ја наруши природната состојба на телото. После тоа, кожата подобро ја прифаќа грижата, а сувоста на кожата исчезнува речиси преку ноќ.
Дополнително, геловите полни со парфеми, сулфати и засилувачи на пена го прават она што го прави топлата вода, односно отстрануваат повеќе отколку што е потребно. Кога на тоа ќе се додаде и секојдневната употреба на сунѓери кои механички ја тријат кожата, резултатот е потенцијална хронична иритација, која најчесто се гледа на рамената, градите, нозете и подлактиците.
Она што ѝ е потребно на вашата кожа е понежен пристап во форма на поприродни гелови и оние со минимален број состојки, без интензивни мириси.
Исто така, препорачливо е да нанесувате производи за нега на тело во првите 60 секунди по туширањето. Тогаш вашата кожа најбрзо ја губи влажноста.
Кога млекото, лосионот или маслото се нанесуваат додека кожата е влажна, се создава заштитен слој што ја одржува кожата мека во текот на целиот ден.
Дерматолозите велат дека ова е една од најбрзите промени што носи видливи резултати, особено во зима кога воздухот е сув, а кожата е почувствителна од вообичаеното.

