Контакт

Фонд за иновации

Две компании ги повлекоа проeктите од Фондот за иновации

Објавено пред

Компаниите ДОО „Гинис 3Д“ од Прилеп и „Каст инвест“ ДОО од Скопје ги повлекоа проектите за кои добија средства за инвестициски проекти од Фондот за иновации и технолошки развој.

dobivaj vesti na viber

„До Фондот за иновации пристигнаа две известувања за повлекување два инвестициски проекта на компаниите: ДОО „Гинис 3Д“ од Прилеп за проектот „Гинис принт 2018“ со побарани средства од Фондот во износ од 9.999.338,40 денари и сопствено учество од 23.331.789,60 денари. „Каст инвест“ ДОО Скопје за проектот „Јалееме нашата иднина“ со побарани средства од Фондот во износ од 9.990.000,00 денари и сопствено учество од 23.310.000,00 денари“, соопшти Фондот за иновации.

И двете компании се добитници на средства под инструментот технолошки развој.

Економија

За грантот на снаата на Ласкова одлучувачите се двоумат една недела

Објавено пред

Шест месеци по одобрувањето на грантот, до Комитетот за одобрување инвестиции во Фондот за иновации стигнала информацијата за поврзаноста на советничката на премиерот Цветанка Ласкова со фирмата на нејзината снаа. Комитетот треба да ја донесе конечната одлука дали Христина Керкез, снаата на Ласкова, преку фирмата „Декодикс“ ќе добие 320.000 евра државни пари за проектот „Декодирај – ме“. Покрај за снаата на Ласкова, Комитетот треба да донесе одлуки и за грантовите на компанијата „Контура“ на Елена Донева поврзана со поранешниот амбасадор Јован Донев, за „Т – сенс“ поврзана со сопругата на актуелниот министер за култура Асаф Адеми и за „Микросам“ на поранешниот министер без ресор Веле Самак. Сите четири компании од „Транспаренси интернешнал – Македонија“ добија оценка среден ризик од аспект  влијанието на јавните функционери со кои се поврзани.

dobivaj vesti na viber

„Комитетот за одобрување инвестиции на 21. 01. 2018 година, понеделник, одржа седница на која им беше презентирана проценката на ризик која ја направи нашиот партнер ‘Транспаренси интернешнал – Македонија’ за компаниите што пријавија поврзаност со носители на јавни функции во сопственичката структура во сопственичката структура во рамките на првиот бран од Планот за економски раст на Влада на РМ. Деновиве ја очекуваме конечната одлука на Комитетот во однос на доделување финансиски средства од ФИТР“, велат од Фондот за иновации.

Комитетот за одобрување инвестиции во Фондот за инвестиции е независно тело формирано од петмина меѓународни експерти именувани од Владата. Претседателка на Комитетот е Кларис Бехар Молад, а членови се Доналд Луис ЏР, Николаос Георгулас, Глигор Ташковиќ и Авинаш Сахи, сите со меѓународно искуство во областа на инвестициите во иновациската дејност. Комитетот во истиот состав во јули минатата година им одобри грантови и на овие четири компании за кои повторно одлучува, но по притисокот од јавноста Фондот ги обврза сите добитници да дадат изјави за поврзаност со носители на јавни функции. Откако четирите компании пријавија поврзаност со функционери, Фондот во октомври минатата година изготви протокол за проценка на ризик, а „Транспаренси интернешнал – Македонија“ како надворешен соработник го примени и оцени дека четирите фирми се со среден ризик. Во понеделникот проценката „Транспаренси“ ја покажале на Комитетот кој го има последниот збор за одобрување на грантовите.

На компанијата „Декодикс“  ѝ беше одобрен грант од 19.954.200 денари, нешто помалку, односно 19.925.977 денари беа одобрени на „Микросам“, на „Контура“ и беа одобрени 3.638.655 денари, на „Т – сенс“ и беа одобрени 4.113.041 денари. Дали ќе потпишат договори со Фондот за да ги добијат парите зависи од конечната одлука на Комитетот.

Прикажи повеќе...

Економија

Грантовите на Фондот за иновации пет месеци во предистражна постапка во обвинителство

Објавено пред

Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција пет месеци води предистражна постапка за можните злоупотреби при одобрувањето на грантовите во Фондот за инвестиции и технолошки развој. Постапката беше покрената откако јавноста реагираше на одобрувањето грантови на тукушто формирани компании и на компании поврзани со носители на јавни функции.

dobivaj vesti na viber

„Предметот е во предистражна постапка. По прибраната материјална документација, надлежниот обвинител издаде наредба за прибирање информации од стручните лица што постапувале во постапките на јавниот повик“, велат од Обвинителството за гонење организиран криминал.

Обвинителството, на крајот на јули годинава, соопшти дека оформило предмет по допрен глас за да утврди дали Фондот за иновации направил злоупотреби. Обвинителството извести дека презема мерки за утврдување факти во предметот, а во врска со сторени кривични дела во постапката по јавен повик за финансирање проекти за финансирање проекти во третиот столб од Планот за економски раст – прв инвестициски бран.

Откако обвинителството оформи предмет, апликациите за грантови ги повлекоа компаниите поврзани со вицепремиерот Кочо Анѓушев и пратеникот Хари Локвенец, а Фондот побара сите останати да достават изјави за поврзаност со функционери. Само четири од 77 компании се изјаснија дека се поврзани со носители на јавни функции. Со нив не се потпишани договори и парите не им се префрлени, а одлуката за тоа дали ќе ги добијат парите Комитетот за одобрување инвестиции во Фондот за инвестиции треба да ја донесе на крајот на јануари. Тоа се компаниите „Декодикс“ поврзана со советничката за култура на премиерот Цветанка Ласкова, „Микросам“ на поранешниот министер без ресор Веле Самак, „Контура“ поврзана со поранешниот амбасадор Јован Донев и „Т – сенс“ поврзана со актуелниот министер за култура, Асаф Адеми. За овие четирити фирми „Транспаренси интернешнал – Македонија“ направи проценка на ризик и утврди ниво на среден ризик од влијанието на јавната личност кај сите, со тоа што „Микросам“ на Веле Самак  е поблиску до низок ризик, а „Декодикс“ поврзана со Цветанка Ласкова е на граница со висок ризик па не ги исполнува условите за добивање на парите.

Последниот скандал поврзан со Фондот за иновации беше одобрениот грант на фирмата „Билд ДООЕЛ Скопје“ од 200 000 евра, сопственост на сопруг на вработена во Фондот која пред две недели добила решение за вработување на определено време. Од Фондот објаснија дека договорот со „Билд“ не е потпишан поради недовршена првна процедура, а во периодот кога на незиниот сопруг му бил одобрен грантот, таа не била вработена во Фондот туку била надворешен соработник.

Вчера Фондот на 65 компании им додели грантови за кофинансирање проекти од вториот инвестициски бран во рамки на првиот повик од третиот столб од Планот за економски раст. Овој пат од Фондот изјавија дека ги провериле сите компании и дека ниту една не е поврзана со носители на јавни функции.

Прикажи повеќе...

Истражувања

Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата

Објавено пред

Фондот за иновации и технолошки развој на крајот на јули годинава одобрил грант на Александар Гаврилоски, сопственик на „Билд ДООЕЛ Скопје“, а пред две недели ја вработил сопругата на Гаврилоски, Неда Икономова- Гаврилоска. Таа и пред вработувањето работела во Фондот, но како надворешен соработник. Директорот на Фондот за иновации, Јован Деспотовски не гледа ништо спорно во апликацијата за грант на компанијата „Билд“.

dobivaj vesti na viber

„Во моментот кога компанијата аплицирала за грантот, Неда Икономова-Гавриловска не беше вработена во Фондот за иновации и технолошки развој. Неа, како и многумина други ги ангажираме повремено за одделни проекти. Комисијата каде учествувала Икономова е формирана за ‘Предизвик за млади истражувачи’ (основни и средни училишта), со други надворешни членови. Нема никаква врска со Комитетот за одобрување на инвестиции на Фондот (лица именувани од Влада), што работи на евалуација на проектите од компаниите под сосема други повици и процедури“, вели директорот Деспотовски.

На „Билд ДООЕЛ“ Фондот му одобрил грант од 12.648.160 денари или околу 205 илјади евра за проектот „Примена и реализација на иновативен концепт за изградба на заштитни конструкции за земјоделски насади во секторот земјоделство“. Директорот Деспотовски вели дека иако е одобрен грантот, договорот со оваа компанија не е потпишан. Не поради непотизам или конфликт на интереси туку поради недовршена правна процедура.

„‘Билд’ си алицирал во планот за економски раст. Одлучувањето е надворешно целосно, тоа го прави Комитетот за одобрување инвестиции во Фондот за инвестиции. Комитетот одлучил да се додели грантот, но бидејќи не е комплетирана правната процедура, со нив не е потпишан договорот и не се исплатени парите“, изјави за „Макфакс“ директорот Деспотовски.

Ова е само последниот од низата скандали кои го следеа грантирањето во Фондот за иновации по објавувањето на грантистите на крајот на јули годинава. По силниот притисок во јавноста, први од одобрените грантови се откажаа компаниите поврзани со вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, и пратеникот Хари Локвенец. Поради нив, Фондот побара од сите добитници на грантови да се изјаснат дали се поврзани со носители на јавни функции. Од вкупно 77 компании, поврзаност со функционери пријавија четири. Тоа се компаниите поврзани со советничката за култура на премиерот, Цветанка Ласкова, со актуелниот министер за култура, Асаф Адеми, со поранешниот амбасадор Јован Донев и со поранешниот министер без ресор Веле Самак.

На компанијата „Декодикс“ на снаата на Ласкова ѝ беше одобрен грант од 19.954.200 денари. Снаата, Христина Керкез, се иззема од сопственичката структура, но и покрај тоа компанијата не ги исполни условите да добие пари од државата бидејќи е оценета како компанија со среден, кон висок ризик од влијанието на Ласкова. Нешто помалку, односно 19.925.977 денари беа одобрени на „Микросам“ на поранешниот министер без ресор Веле Самак. И оваа компанија е оценета како средно ризична од влијанието на јавниот функционер, но нејзината оценка се ближи кон низок ризик. Оценка среден ризик од надворешниот оценувач „Транспаренси интернешнал – Македонија“ добија и „Контура“ на Елена Донева поврзана со поранешниот амбасадор Јован Донев со одобрени 3.638.655 денари и „Т – сенс“ поврзана со актуелниот министер за култура Асаф Адеми, на која ѝ се одобрени 4.113.041 денари.

Фондот со овие четири компании не ги потпиша договорите оти се очекува одлука од Комитетот за одобрување инвестиции во Фондот за инвестиции по нивните изјави дека се поврзани со носители на јавни функции.

Од Фондот најавија дека Комитетот ќе ги донесе конечните одлуки за четирите компании на следната седница, закажана за 24 јануари.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ37 минути

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија55 минути

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет3 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет3 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет4 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион4 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет4 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија15 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија15 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија16 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија18 часа

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија21 час

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ22 часа

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија23 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија1 ден

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија1 ден

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија1 ден

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија1 ден

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...