Црна хроника
Пет години затвор за обвинетиот за сообраќајната несреќа кај ТЦ Зебра

Судот го прогласи за виновен и му одреди петгодишна затворска казна на Бојан Блажевски обвинет за сообраќајката што се случи во јули годинава кај трговскиот центар „Зебра„ во скопската населба Капиштец во која загина новинарката Сузана Тодоровска-Павловска.
Блажевски е осуден за кривичното дело тешки дела против луѓето и имотот во сообраќајот. При носењето на одлуката судот како отежнителни околности ги зел во предвид тоа што оваа појава е сé позачестена во опшеството, тоа што сообраќајната несреќа се случила на јавно место и тоа што Блажевски е зависник од наркотични средства.
Како олеснителни околности, судот предвид ги зема тоа што Балевски е млад и неосудуван, неговата здравствена состојба, и тоа што осудениот изразил жалење и каење.
Блажевски на 7-ми јули се брзина од 83 километри на час под дејство на алкохол и марихуана ја прегази новинарката Тодоровска-Павловска која се движела по тротоарот кај ТЦ Зебра. Тој пред судот изјавил дека се кае за тоа што го сторил и дека фактот што одзел човечки живот го довело до психичко растројство и дека продолжил со метадонската терапија.
Блажевски ќе остане во приствор до правосилноста на судската одлука./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.