Европа
Стотици бегалци тргнаа пеш од Будимпешта за Виена

Неколку стотици беглаци, главно од Блискиот исток, кои претходно не можеа да отпатуваа од унгарската престолнина Будимпешта за Виена поради запирањето на возовите за Западна Европа, одат пешки по автопатот кон австриската престолнина, известуваат во саботата утрото агенциите.
Колоната бегалци се протега по автопатот од Будимпешта. Во моментов првата група е стигната во висина на градот Татабања, околу 50 километри западно од унгарскиот главен град. Растојанието од 242 километри од Будимпешта до Виена, според самите бегалци, имаат намера да го минат за пет дена. Повеќето од луѓето со себе носат торби со облека, вреќи за спиење и ќебиња. Минатата ноќ тие ја минаа на отворено на двете страни од автопатот, и покрај повремениот дожд.
„Регистриравме околу 4 илјади бегалци, но не мислам дека тоа е крајната бројка. Таа може двојно да се зголеми, ако не и повеќе“, вели за Reuters Хелмут Марбан, претставника на полицијата од покраината Бургенланд. Австриските власти организираа специјални композиции кои бегалците ќе ги префрлувааат до Виена.
Бегалците се движат по самиот автопат и зафаќаат една лента од магистралата, поради што се создава километарска колона од возила. Сепак, возачите не се нервозни и агресивни, некои од нив им подаваат вода и некои продукти, па дури и пари на бегалците, забележува репортерот на агенцијата РИА.
Унгарската полиција не го попречува движењето на колоната, но се обидува колку толку да ја држи ситуацијата под контрола, по должината на патот колоната ја следат полициски возила.
Покрај тоа, унгарските власти организирале и автобуски превоз за бегалците, со кои тие можат да се префрлат до привремениот прифатен камп во градот Бичке, или до австриската граница. Многумина се качуваат во овие автобуси. Според локалните медиуми, до унгарско-австриската граница на овој начин веќе пристигнале околу две илјади бегалци.
Сепак, некои претпочитаат да одат самостојно. „Немаме доверба во властите и полицијата. Или нé оставаат во Унгарија, или нé враќаат во Србија. А нашата цел е да заминеме во Германија или Холандија, каде добро се однесуваат кон бегалците, каде што ги сместуваат во нормални станови а не во шатори…“, вели еден од бегалците.
Во меѓувреме, околу три илјади бегалци остануваат во близина на железничката станица Келети во центарот на Будимпешта. Од дождот се кријат под покривите на паркингот и под подвозниците пред станицата.
„Очекуваме да се подобри времето за да тргнеме кон Виена“, појаснил 30-годишен Сириец кој до Будимпешта пристигнал со сопругата и две мали дечиња./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Со какви санкции му се заканува ЕУ на Путин?

Главните европски сојузници на Украина ја повикаа Русија на безусловно 30-дневно примирје и се заканија со нови санкции, според заедничкото соопштение објавено на 12 мај. Министрите за надворешни работи на Франција, Германија, Италија, Полска, Шпанија и Велика Британија, заедно со високата претставничка на ЕУ Каја Калас, се состанаа во Лондон на состанокот „Вемаир+“, на кој се дискутираат прашања за евроатлантската безбедност и руската агресија врз Украина.
„Заедно со Украина, повикуваме на итен, целосен и безусловно 30-дневен прекин на огнот за да се отвори простор за разговори за праведен, сеопфатен и траен мир“, изјавија официјалните лица по состанокот.
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха им се обрати на учесниците преку видео врска и потврди дека руските сили не го почитувале прекинот на огнот што требаше да стапи на сила на 12 мај. Украина и нејзините клучни сојузници ја предупредија Москва на 10 мај дека доколку одбие прекин на огнот, ќе воведат уште построги санкции.
Удар за руските приходи и енергија
Во својата изјава, министрите ги наведоа конкретните мерки што планираат да ги преземат.
„Се договоривме за посилни чекори за понатамошно ограничување на способноста на Русија да води војна – ќе ги намалиме приходите на Кремљ, ќе го спречиме работењето на нивната „флота во сенка“, дополнително ќе го заостриме ограничувањето на цените за нафтата и ќе продолжиме да го намалуваме увозот на руска енергија“, се вели во соопштението.
Тие додадоа дека руските државни средства остануваат блокирани сè додека Москва не ја запре својата агресија и не ја надомести штетата што ја предизвикала. Покрај економските мерки, сојузниците повторија дека ќе продолжат да ја зајакнуваат украинската армија, да обезбедуваат безбедносни гаранции и да градат силен НАТО сојуз.
Путин нуди преговори, но под стари услови
Како одговор на овој притисок, рускиот претседател Владимир Путин ја покани Украина на директни преговори во Истанбул, кои треба да започнат на 15 мај. Како што објасни неговиот советник Јуриј Ушаков, преговорите ќе се базираат на разговорите од Истанбул 2022 и „актуелната ситуација на бојното поле“.
Претседателот Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да оди во Турција и да се сретне со Путин, но сепак инсистираше на целосно и безусловно примирје.
Неименуван украински функционер за „Аксиос“ изјави дека Зеленски дефинитивно ќе биде во Турција на 15 мај, без оглед на тоа дали Москва се согласува на прекин на огнот. На прашањето на „Киев Индепендент“ дали претседателот ќе патува дури и ако Русија го отфрли предлогот, извор близок до неговиот кабинет рече: „Подготвени сме за сите опции. Но, чекаме одделно одговор за примирјето“.
Путин сè уште официјално не го потврдил своето пристигнување во Истанбул.
Нов бран санкции најавен за 14 мај
Германија јасно стави до знаење дека ќе воведе дополнителни санкции против Русија доколку прекинот на огнот не се почитува до крајот на 12 мај. Извори од ЕУ, исто така, најавија нова рунда европски санкции за 14 мај.
Европа
(Видео) Русија поставува шатори, писти и хангари: значителна руска воена активност на границата со Финска

Нови сателитски снимки покажаа значителна руска воена активност во близина на источната граница на Финска. Аналитичарите истакнуваат дека бројот на сместувачки капацитети за војници се зголемува во неколку клучни бази, се распоредуваат авиони и се гради нова инфраструктура, пишува „Хелсинки тајмс“.
Снимката ја објави шведската телевизија СВТ, а ја зема компанијата „Планет Лабс“. Тие покажуваат интензивна активност на четири локации. Според проценките, Русија го зголемува своето воено присуство во регионот како одговор на влегувањето на Финска и Шведска во НАТО.
Началникот на шведската армија, Михаел Клаесон, изјави дека овие случувања се потврда за она што Русија го најавува како „воено-технички одговор“ на проширувањето на НАТО. „Кога аплициравме за членство во НАТО, Русија рече дека ќе преземе одредени мерки. Сега гледаме дека ги спроведува“, рече Клаесон.
🔴 Russia is rapidly expanding military bases near Finland, boosting troop numbers and building new infrastructure, in what experts warn could be preparations for future conflict with NATO.https://t.co/zs6YqVly1Y pic.twitter.com/ho3Ozr9IIb
— UNITED24 Media (@United24media) May 13, 2025
Финска официјално стана членка на НАТО во 2023 година, поместувајќи ја границата на Алијансата директно кон северозападна Русија. Како одговор на тоа, Финска ги зајакнува сопствените одбранбени капацитети и гради команден центар на НАТО во Лапонија, кој треба да биде оперативен до крајот на годината.
Европа
Ултиматумот на Европската Унија до Путин и Русија истече

Украина и европските лидери се согласија на безусловно примирје во траење од 30 дена, почнувајќи од 12 мај, со поддршка на американскиот претседател Доналд Трамп. Во исто време, тие му се заканија на претседателот Владимир Путин со нови „масивни“ санкции доколку не се придржува до договорот.
ЕУ му постави ултиматум на Путин да се согласи на 30-дневен прекин на огнот од полноќ или да се соочи со значително построги санкции. Кина, исто така, го поддржа планот.
Русија не се огласи по ова прашање до полноќ.