Контакт

Европа

Шверцот на оружје во Европа од Балканот е голем проблем

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Една година откако џихадистите употребија српско оружје за да убијат многу невини луѓе во Париз, главниот град на Франција, балканските земји се борат да го спречат шверцот на оружје.

Убијците кои отворија оган во концертната сала „Батаклан“ во Париз, во кафулиња, ресторани и во близина на стадионот, минатиот ноември, користеа автомати произведени за време на поранешна Југославија, од фабриката „Застава“ во Србија.

Неколку месеци порано, браќата Куачи, кои стоеја зад нападот на магазинот „Шарли Ебдо“, носеа ракетен фрлач од Балканот, регион кој е преплавен со оружје од 1990 – тите кога на оваа територија имаше повеќе војни.

Според францускиот магистрант Роберт Жил, српски граѓани водат третина од илегалното внесување оружје во Франција.

Европската унија треба да изврши политички притисок врз балканските земји, со цел тие
да ја интензивираат борбата против илегалната трговија со оружје, но во исто време треба и да му помогне на регионот во зајакнување на полициските капацитети за справување со овој проблем, смета раководителот на Проектот на ОН за борба против трговијата со илегално оружје, Иван Звержановски.

„Сега е вистински момент да се преземе нешто, пред овие земји да влезат во ЕУ, изјави Звержановски, посочувајќи ја како пример Хрватска, која, според него, по приемот во Унијата, значително го намалила обемот на борбата против илегалната трговија со оружје“, вели Звержановски.

Тој оцени дека напорите на земјите од Балканот во борбата против илегалната трговија со оружје се чисто наменски, посочувајќи дека оружјето што преку балканскиот регион пристигнува во западна Европа и натаму претставува „голем проблем“.

Звержановски нагласи дека пиштол купен на црниот пазар на Балканот за цена од 250 до 500 евра, во западните земји, како на пример во Шведска, може да се препродаде илегално за 3.000 до 5.000 евра.

„Пресврт настана по нападот во Париз на 13 ноември 2015 година, во кој беше користено оружје произведено во Србија, што доведе до засилување на соработката меѓу земјите од Балканот и ЕУ“, вели Звержановски.

Тој потсетува дека по парискиот напад, Србија и Франција потпишаа договор за формирање заеднички тимови за борба против илегалната трговија со оружје.

Според едно меѓународно истражување за лесно оружје, во 2014 година во земјите од Западниот Балкан, каде живеат помалку од 25 милиони лица, имало меѓу 3,6 и 6,2 милиони парчиња огнено оружје во сопственост на цивили. /крај/мф/бб

Европа

Украинците уништуваат руски дронови за неколку секунди со ласери

Објавено пред

Украинските инженери развија и успешно тестираа нов ласерски систем за воздушна одбрана познат како Sunray, кој може ефикасно да уништи руски беспилотни летала и чини значително помалку од споредливите западни системи, објавува The Atlantic.

dobivaj vesti na viber

Според новинарот Сајмон Шустер, кој присуствуваше на тестот, системот Sunray наликува на аматерски телескоп опремен со камери и може да се монтира на покривот на обичен пикап. Оружјето работи тивко и не емитува видлива светлина. За време на демонстрацијата, ласерот го запалил дронот за неколку секунди, кој потоа се урна на земја.

Програмерите рекоа дека системот е развиен во текот на околу две години и чинел неколку милиони долари. Очекуваната цена на една единица се проценува на неколку стотици илјади долари. За споредба, ласерскиот систем Helios, развиен од Lockheed Martin за американската морнарица, е произведен според договор вреден 150 милиони американски долари.

Од безбедносни причини, името на компанијата што стои зад развојот не беше откриено. Павло Јелизаров, заменик-командант на украинските воздухопловни сили, ја нагласи потребата од зачувување на скапите западни ракети, кои често се користат за соборување на релативно евтини беспилотни летала.

Споредувајќи ја употребата на западните ракети против руските беспилотни летала, тој рече: „Секако, можете да транспортирате компири во Бентли. Но, тоа веројатно не е најпаметниот начин да се заврши работата.“ „Многу американски компании се водени од парите. За нив, тоа е работа. Тие ја работат и се платени за неа. Кај нас, постои уште една компонента во игра: потребата за преживување. Затоа сме побрзи“, додаде Јелизаров.

Прикажи повеќе...

Европа

(Фото) Три деца загинаа во руски напад врз Харков, луѓе останаа без струја во Запорожје

Објавено пред

Во напад со руски беспилотни летала врз Боходухив во Харковската област загинаа три мали деца и еден маж, додека нападите во Запорожје предизвикаа пожари и прекини во електричната енергија, соопштија украинските власти. Руски дрон погоди станбена зграда рано наутро во среда, 11 февруари, објави Киев пост.

dobivaj vesti na viber

Државната служба за итни ситуации на Украина соопшти на Телеграм дека нападот со беспилотно летало целосно уништил приватна куќа и предизвикал пожар што се проширил на повеќе од 60 квадратни метри.

„Непријателот повторно нападна приватна станбена зона во Боходухив со ударен беспилотен авион. Куќата беше погодена и целосно уништена“, соопшти Државната служба за итни ситуации.

Две едногодишни момчиња и едно двегодишно девојче беа убиени во нападот. Спасувачите ги извлекоа нивните тела од урнатините. Почина и еден 34-годишен маж.

Шефот на регионалната воена администрација на Харков, Олех Синехубов, рече дека уште две лица се повредени: 35-годишна бремена жена и жена над 70 години. Ова е втор смртоносен напад врз Боходухив во последните денови. Руските сили го нападнаа градот на 9 февруари, при што загинаа 10-годишно момче и неговата мајка откако нивниот дом се урна.

Руски дронови, исто така, го нападнаа Запорожје доцна во вторник, 10 февруари, предизвикувајќи голем пожар и широки прекини на електричната енергија.

Шефот на Воената администрација на регионот Запорожје, Иван Федоров, рече дека нападот бил насочен кон инфраструктурен објект, кој првично оставил повеќе од 11.000 корисници без струја во два округа.

Тој рече дека може да потрае некое време за да се врати греењето во една област, додека се очекува целосно снабдување со електрична енергија. Од среда наутро, повеќе од 2.000 луѓе сè уште беа без струја.

Федоров, исто така, пријави штета на болничко одделение во вториот ноќен напад со беспилотни летала, со скршени прозорци, но без жртви. Во Вилњанск, Запорожје, беспилотните летала оштетија и уништија приватни домови преку ноќ. Две жени, на возраст од 19 и 77 години, беа повредени и добија медицинска помош.

Воздушната одбрана собори повеќе од 100 дронови
Според украинските воздухопловни сили, Русија лансирала 129 дронови за напад, вклучувајќи ги „Шахед“, „Гербера“ и „Италмас“, од 10 февруари во 18:30 часот. Околу 80 од нив биле дронови „Шахед“.

Воздушната одбрана соборила или неутрализирала 112 дронови. Сепак, 15 дронови за напад погодиле осум локации низ целата земја.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Турција претстави ново оружје кое може да погоди цели на оддалеченост од над 100 километри

Објавено пред

Турската одбранбена компанија „Рокетсан“ премиерно ја претстави својата нова високобрзинска, повеќенаменска муниција наречена „Ерен“ на Светскиот саем за одбрана во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, објави Анадолија.

dobivaj vesti na viber

„Рокетсан“, водечкиот производител на ракетни системи и муниција во Турција, изложува широк спектар на свои производи на саемот, кој се одржува од 8 до 12 февруари.

Новата муниција „Ерен“ е развиена од идеја до оперативен производ за помалку од една година, соопшти „Рокетсан“. Веќе е успешно тестирана на повеќенаменското борбено беспилотно летало „Bayraktar Akinci“, а се очекува сериското производство да започне оваа година.

Муницијата е дизајнирана да ги задоволи оперативните потреби на Турските вооружени сили, како и на партнерските и сојузничките земји. Може да се лансира од беспилотни летала, хеликоптери, копнени возила, копнени системи за лансирање и поморски платформи.

Наменета е за справување со бавно движечки воздушни цели и оклопни и неоклопни копнени цели. „Ерен“ е опремен со напредни системи за наведување и има оперативен дострел од повеќе од 100 километри.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Парите на граѓаните кои ваделе пасош си ги ставал во џеб, кривична пријава за вработен во одделот за издавање документи во Штип

Вработен во Одделението за управни работи Штип ги лажел граѓаните кои ваделе пасош дека не работи пост терминалот за наплата со...

Македонија42 минути

ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на рокот за легализација на бесправно изградени објекти до 2031 година

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата минатата недела поднела Предлог на закон за изменување на Законот за постапување со бесправно...

Топ1 час

МВР со детали за тешката сообраќајна незгода на влезот во Скопје: автомобил и камион целосно изгореа, 25-годишник тешко повреден

Вчера во 23:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, пред клучката за обиколница на Град Скопје,...

Македонија3 часа

(Видео) Се уриваат дискотеките во Градски парк, ќе се гради нов Луна парк

Старите дискотеки во Градскиот парк во Скопје ќе бидат урнати, а на нивно место ќе се изгради нов Луна парк,...

Македонија4 часа

Бубевски: Стојам зад секоја одлука која сум ја донел, за навредите ќе поднесам тужба ако не добијам извинување

Поранешниот обвинител од специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, ги отфрла сите наводи за какво било влијание и вели дека стои зад...

Македонија4 часа

„Спасовски вршел притисок врз обвинителите во СЈО за кои луѓе да се гонат, Катица Јанева работела по наредба на Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС, Заев и Спасовски, преку Катица Јанева, контролирале кои предмети СЈО ќе ги обработува, кој обвинител ќе ги води и...

Македонија4 часа

„Одбија Законот за 600 евра плата да биде на дневен ред, сакаат авион за Мицкоски“, велат од СДСМ

„Пратениците од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, на вчерашната собраниска седница застанаа против работниците: одбија Законот за минимална плата од 600 евра...

Европа4 часа

(Фото) Три деца загинаа во руски напад врз Харков, луѓе останаа без струја во Запорожје

Во напад со руски беспилотни летала врз Боходухив во Харковската област загинаа три мали деца и еден маж, додека нападите...

Свет5 часа

Трамп ѝ дава на Европа контрола врз три клучни бази на НАТО

Доналд Трамп им ја предаде контролата врз три клучни командни центри на НАТО на европските нации во историско реконструкција во...

Свет6 часа

Ученик за пукањето во училиштето во Канада: Ја забарикадиравме вратата со клупи

Дариан Квист, матурант во средното училиште Тамблер Риџ, ги опиша моментите од пукањето во неговото училиште за CBC. Тој рече...

Свет7 часа

(Видео) „Брзата реакција на полицијата спречи поголема трагедија во училиштето“

Премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Иби, се обрати до јавноста во врска со нападот. „Ова е ужасна и незамислива трагедија“,...

Свет7 часа

Канадскиот премиер: Шокиран сум од овој ужасен напад

Канадскиот премиер Марк Карни го нарече пукањето во Тамблер Риџ, Британска Колумбија, „ужасно“, велејќи дека е шокиран од нападот и...

Свет7 часа

(Видео) Масакр во Канада:10 лица убиени, најмалку 25 повредени во училишта и домови

Десет лица, вклучувајќи го и осомничениот напаѓач, се пронајдени мртви по пукање во град во североисточната канадска покраина Британска Колумбија,...

Македонија15 часа

Силен земјотрес почувствуван во Македонија

Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија. Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на...

Македонија19 часа

Владата најави вонредни контроли на фирмите за медицински канабис

Владата на 149-тата седница одлучи да ги задолжи надлежните институции да спроведат вонредни контроли на сите фирми што имаат одобрение за...

Македонија21 час

(Видео) Мицкоски и Тошковски ги покажаа 40 тони запленета марихуана: „Никој не е над законот“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и премиерот, Христијан Мицкоски, дадоа изјава пред просториите во МВР во кои се сместени...

Македонија23 часа

Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формули за доенчиња, соопшти АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна...

Македонија23 часа

(Видео) Филипче: СДСМ повторно го поднесе законот за 600 евра минимална плата

Денеска пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата повторно ќе го поднесе Законот за измена на Законот за...

Македонија1 ден

Мицкоски: Не би се изненадил ако дојдеме и до 100 тони запленета марихуана

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на случајот со запленетата марихуана, дали ќе има некакви одлуки...

Македонија1 ден

Најнов извештај: Во Македонија нема суштински напредок во борбата против корупцијата

Република Северна Македонија и годинава бележи 40 поени на Индексот за перцепција на корупцијата, што значи дека нема суштински напредок...