Скопје
Потпишан меморандум за соработка меѓу СЦ „Борис Трајковски“ и здружението на глуви и наглуви „Тишина“

Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во рамките на своите активности во сферата општествената одговорност, со таа цел во саботата потпиша меморандум за меѓусебна соработка со Општинското здружение на глуви и наглуви „Тишина“ од скопската општина Карпош.
Ваквиот меморандум за меѓусебна соработка меѓу им овозможува на членовите на здружението бесплатна рекреација во Vip Мала сала, секоја недела со почеток од 14.00 часот до 15.00 часот во период од 01.09.2016 година до 31.05.2017 година.
Од Спортскиот центар истакнуваат дека особено се радуваат што сé повеќе различни категории граѓани имаат можност да ги искористат капацитетите на спортскиот центар кој го носи името на трагично загинатиот претседател на Република Македонија.
Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ како успешен спортски правен субјект и натаму ќе продолжи со исполнување на својата општествена одговорност, со цел поттикнување и развој на спортскиот дух кај различни категории на граѓани./крај/мф/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Кисела Вода и Центар денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска:
· поради уличен дефект ф 300 мм на улицата Борис Трајковки бр.73, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Борис Трајковски краците 7, 9 и 11 и дел од улицата Борис Трајковски од 09:00 часот до завршување, општина Кисела Вода;
· поради уличен дефект ф 80 мм на улицата Луј Пастер бр.3, прекинато водоснабување ќе имаат корисниците на дел од улицата Луј Пастер и дел од Кино Култура од 09:00 часот до завршување, општина Центар.
Македонија
Делови од Бутел, Аеродром и Чучер-Сандево денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 12.30 часот, корисниците од улица 19, Радишани, општина Бутел;
– во периодот од 08.00 до 15.30 часот, корисниците од улицата Tодор Чангов 51,53, улицата Ѓорѓи Карев, улицата Димитар Илиевски Мурато, општина Аеродром;
– во периодот од 09.00 до 13.30 часот, дел од корисниците од село Бразда во близина на ресторан Рибилмус, општина Чучер Сандево;
– во периодот од 13.00 до 14.00 часот, корисниците од улица 42, Радишани, општина Бутел.
Македонија
Пензионерите од општина Центар од денес може да се пријават за еднократна помош од 2.500 денари

Општина Центар ги повикува пензионерите да аплицираат за еднократна финансиска помош од 2.500 денари. Повикот започнува од денеска, 9 јули, и важи за пензионери, жители на Центар, кои примаат старосна, семејна, инвалидска или социјална пензија, со месечен износ до 26.157 денари.
Пензионерите треба да достават копија од лична карта, копија од трансакциска сметка и потврда за последната примена пензија, односно чек или потврда од банка за мај или јуни 2025 година, а оние со социјална пензија треба да достават потврда или решение од надлежниот Центар за социјална работа.
„Продолжуваме со финансиската поддршка за нашите пензионери. Ова е уште еден доказ за нашата постојана грижа и солидарност со највозрасните сограѓани“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.
Барањата се поднесуваат во Архивата на Општина Центар, барака број 6, или можат да се преземат преку веб-страницата на општината.
Архивата е отворена за странки секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.
Повикот ќе трае до 18 јули или до исцрпување на средствата.
Општина Центар обезбеди 5 милиони денари за реализација на оваа мерка. Повеќе информаци на линкот во прилог https://www.centar.gov.mk/?p=25920