Црна хроника
Приведен дилер на дрога од Скопје

Единица за недозволена трговија со дрога, поднесе кривична пријава за лицето Д.Ј. (33) од Скопје, поради основано сомневање дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Пријавениот, кој во временскиот период од 1998 до 2011 година е петпати кривично пријавуван за извршени имотни деликти и деликти проследени со насилство, на 26.02.2015 бил во возило со уште две лица, кое од страна на полициски службеници на ЕПОИ АЛФА кои вршеле редовни работни задачи, било сопрено на ул. „11-ти Октомври“.
При изршено легитимирање на лицата и преглед на возилото кај пријавениот се пронајдени 40 црвени таблети и две полиетиленски кеси со непозната прашкаста материја.
Истиот е лишен од слобода и предаден во Единицата за недозволена трговија со дрога, а по извршеното вештачење на таблетите и прашкастата материја е утврдено дека станува збор за 40 таблети екстази, осум половинки од таблети екстази, два грама издобени таблети екстази и околу девет грама прашкаста материја амфетамин, за кои пријавениот не дал појаснување од каде и од кого ги набавил.
Од страна на Судија на претходна постапка на лицето му е одредена мерка притвор во траење од 30 денови. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.