Скопје
Отворена манифестацијата „Денови на македонскиот мед“
Манифестацијата „Денови на македонскиот мед“, по јубилеен десетти пат, беше отворена во четврток на улица Македонија.
Производители на мед од цела Македонија до сабота ги изложуваат своите производи, а посетителите може да дегустираат и да купат пчелни производи, како и да добијат и едукативен материјал.
Организатори на манифестацијата се здружението „Матица“, Федерацијата на фармери на Република Македонија, под покровителство на Општина Центар и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Манифестацијата официјално ја отвори градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски.
„Општина Центар секогаш со задоволство ќе поддржува вакви манифестации. Не залудно е речено дека медот е храна на боговите. Ми причинува особено задоволство да ја отворам оваа манифестација која треба да ја одржи традицијата за презентирање на пчелните производи“, им порача на посетителите градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски.
Државниот секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Бесир Јашари посочи дека во Македонија има 68.000 пчелни семејства кои даваат 780 тони мед.
Најмладите од градинките во општина Центар, облечени како пчелички, мажоретки, изведоа пригодна програма. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.

