Скопје
Исчистениот канал во Мало Курило го спречи поплавувањето на Капиштец
Градоначалникот Андреј Жерновски, заедно со претставници на општина Центар, во петокот го посетија Мало Курило, населба на Водно, каде имаше неколку погодени куќи од поплавите. Жителите беа задоволни од брзата реакција на службите, кои во најкраток рок интервенираа за санирање на штетите и испумпување на водата.
Градоначалникот Андреј Жерновски, заедно со претставници на општина Центар, во петокот го посетија Мало Курило, населба на Водно, каде имаше неколку погодени куќи од поплавите. Жителите беа задоволни од брзата реакција на службите, кои во најкраток рок интервенираа за санирање на штетите и испумпување на водата.
Сепак, жителите најголема благодарност изразија за неодамнешното чистење на каналот, кој цели 40 години беше запоставен и полн со шут и ѓубре.
„Ако каналот беше нечист, ќе поминевме многу лошо и ние, но и населбите Капиштец и Козле, кои се подолу. Пред да се исчисти каналот, при помали дождови водата се излеваше, не сакам ни да помислам што ќе се случеше сега. Голема среќа што вака се заврши цела работа со минимални штети. Благодарни сме за реакцијата на општината“, вели жителка на Мало Курило.
Од овој канал беа извадени преку 30 тони ѓубре и шут во акцијата која ја организираше општината пред неколку месеци. Жителите ги споделија проблемите со кои се соочуваат секојдневно а претставниците на општината ветија дека ќе одговорат на нивните барања. Оваа мала населба со години беше запоставена од општинските служби на Центар, но во последните години ситуацијата е значително променета.
Првиот сегмент од улицата „Загрепска” е целосно реконструирана, направени се конечно и тротоари, што го олесни движењето на граѓаните. Каналите се целосно исчистени од смет и шут и легализирани се најголем дел од куќите. Конечно е поставена и долго очекуваната заштитна ограда на тротоарот во опасните свиоци. Осветлено е кошарарското игралиште и исчистена е детално целата населба, откако неаодамна започна да фунцкионира „Еко бригадата“, службата на општината за чистење.
„Сметам дека општината треба да се грижи за сите граѓани подеднакво. Предолго време овие далечни делови од Центар беа запоставени од општинските власти,но ние тоа го променивме. Се планираат нови проети во оваа населба и целосно реконструирање на главната улица „Загрепска“, изјави Жерновски.
Општината во текот на оваа недела врши процена на штетите во домовите на граѓаните на Центар. Се санираат штетите во ОУ „Кочо Рацин”, но најголем дел од меганизацијата и службите во моментов работат во погодените подрачја и го поддржуваат Централниот кризен штаб за санирање на штетите, велат од општината./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

