Црна хроника
Прилепчанец претепан од непознати лица
Еден жител на Прилеп бил претепан во саботата во раните утрински часови од страна на три непознати лица, соопшти МВР.
Еден жител на Прилеп бил претепан во саботата во раните утрински часови од страна на три непознати лица, соопшти МВР.
Инцидентот се случил, околу 04,00 часот во Прилеп во близина на мостот „Табана“ додека Д.К.(33) од Прилеп со своето возило стоел на семафор на црвено светло, пред него застанало друго возило излегле три непознати лица кои физички го нападнале, а едно од лицата го удрил со дрвена палка во пределот на главата по што избегале.
Истиот е пренесен во медицинскиот центар во Прилеп за укажување на лекарска помош при што му се констатирани телесни повреди.
Прилепсакта полиција превзема мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пиштол и куршуми пронајдени кај жител на Зајас: поднесена кривична пријава
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ф.З.(82) од селото Зајас, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Имено, на 18.08.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во селото Зајас, при што биле пронајдени и одземени пиштол со калибар 9 мм и 38 куршуми со калибар 9 милиметри.
Црна хроника
Охриѓанец претепал 34-годишна жена и нејзиниот малолетен син
Синоќа во Охрид во 17:37 часот, на улица „7 Ноември“ Ф.И(38) физички ја нападнал Н.Н.(34) и нејзиниот малолетен син, сите од Охрид.
Полицијата информира дека по целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Починат охриѓанец пронајден во помошна просторија од куќа
Вчера во 13:51 часот во СВР Охрид е пријавено дека во помошна просторија од куќа на улица „Јане Сандански“ во Охрид бил пронајден починат И.А.(75) од Охрид.
Смрт без траги на насилство, констатирал лекар од Итната медицинска помош во Охрид а увид на местото извршија полициски екипи и јавен обвинител по чија наредба, телото е предадено на обдукција, соопшти полицијата.

