Контакт

Европа

Белгија обвини четворица за тероризам

Објавено пред

Белгиското државно обвинителство во саботата подигна обвинение против четири лица за кои се смета дека се припадници на терористичка организација, а меѓу нив е и маж осомничен дека помагал во подготовките на нападите во Париз ланскиот 13-ти ноември кога беа убиени 130 луѓе.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението на државното обвинителство се наведува дека сé уште не е познато дали белгискиот државјанин Мохамед Абрини, осомничен и за учество во бомбашките напади од 22-ри март на бриселскиот аеродром Завентем во кој загинаа 14 луѓе.

„Обвинението го товари за учество во активности на терористичка група и за терористички напади“, се наведува во соопштението и се додава дека уште е непознато дали Абрини е ткн „мажот со шапка“ прикажан на снимките на безбедносните камери од аеродромот во друштво на двајцата бомбаши самоубијци кои се разнесоа во аеродромските терминал.

Обвинителството, освен против Абрини, подигнало обвинение и против шведскиот државјанин Осама Крејем, според медиумите, кој е идентификуван како мажот кој на 22-ри март во моментот на нападот се наоѓал на станицата Малебек на подземната железница во Брисел на која експлодираше бомба при што загинаа 18 лица.

Обвинителството соопшти дека во притвор се задржани и државјанинот на Руанда, Ерве Б.М. и 27-годишниот Билал Е.М., а другите двајца осомничени во петокот заедно со Арбини, по испрашување се пуштени на слобода.

Претходно во саботата белгиската полиција изврши претрес на неколку станови во населбата Етербек  центарот на Брисел, но немаше апсења. Постоеја сомневања дека во областа се наоѓа стан кој терористите го користеле како ткн „сигурна куќа“, но не е пронајдени ниту експлозив, ниту друго оружје.

Шестото лице приведено во петокот е Билал Ел Макуки, кој во јануари минатата година бил прогласен виновен за вмешаност во дејствувањето на организацијата Sharia4Belgium, која потоа е распуштена, а којашто регрутирала борци за заминување во Сирија и во Ирак за тамошните џихадистички групации. Првично бил осуден на петгодишна затворска казна, од кои три условно, а потоа му е дозволено остатокот од казната да го издржа во својот дом со електронска казна, а на слобода бил пуштен во март, изјави за новинарите министерот за правда Коен Генс. Ел Макуки е осуден минатата година, откако се вратил во Белгија од Сирија, каде учествувајќи во борбите загубил една нога./крај/мф/сн

Извор: AFP



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Меѓу загинатите од нападот на Русија врз Украина е и петгодишно дете

Објавено пред

Русија ноќта ја нападна Украина со 147 беспилотни летала, соопшти денеска украинското воздухопловство.

dobivaj vesti na viber

Беа нападнати неколку украински региони, а украинските сили за воздушна одбрана уништија 97 беспилотни летала.

Во напад со беспилотните летала на руските сили врз Киев во текот на ноќта загинаа три лица, меѓу кои и едно петгодишно дете, а десет беа повредени, објави градската воена управа на Киев во објава на Телеграм.

Уште 25 дронови не стигнаа до своите цели, се вели во соопштението на украинските воздухопловни сили на апликацијата за комуникација Телеграм.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Зеленски: Украина врати повеќе од 4.300 војници од руско заробеништво

Објавено пред

Украина успеала да врати вкупно 4.306 воени заробеници од руското заробеништво од почетокот на руската инвазија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

dobivaj vesti na viber

Украинската влада работи со меѓународни партнери и организации за да ги врати своите граѓани дома. Само во 2024 година, 1.358 луѓе беа ослободени од руско заробеништво.

„Кога разговараме со американската страна и другите партнери за тоа како да се стави крај на војната, ослободувањето на затворениците е едно од првите прашања“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател нагласи дека сите надлежни служби продолжуваат неуморно да работат на враќање на Украинците од руско заробеништво.

Прикажи повеќе...

Европа

Киев ги отфрли руските обвинувања за воени злосторства во Курск

Објавено пред

Украина ги отфрли обвинувањата на Москва дека нејзините сили извршиле воени злосторства во руската област Курск, нарекувајќи ги „целосно неосновани“.

dobivaj vesti na viber

„Руските обвинувања за злосторства и насилство наводно извршени од Украина во регионот Курск се целосно неосновани“, изјави портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Хеорхиј Тихи. „Украина секогаш се придржувала до меѓународното хуманитарно право, особено во однос на хуманиот третман на цивилите во конфликтните зони и не ги прекршила овие принципи“, додаде Тихи.

Тихи рече дека Москва „фабрикува докази“ за да може лажно да го обвини Киев, пренесува „Украинска правда“.

„Сето тоа е лага. Повеќето од локалното население и имотот во регионот Курск беа погодени токму од руските бомбардирања, вклучително и целните напади“, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Таравари: Во македонските болници сите пациенти се во стабилна и добра состојба

По завршување на редовниот состанок на кризниот штаб, министерот за здравство Арбен Таравари информираше за состојбата со пациентите, кои беа...

Македонија2 часа

Контролите на објектите од безбедносен аспект ќе бидат етапни и долгорочни, најави Митева

Контролите на објектите од безбедносен аспект ќе бидат етапни и долгорочни, најави портпаролката на Владата Марија Митева. -Во овој момент...

Македонија4 часа

Се „чешла“ документацијата и се проверуваат сите објекти од јавен карактер низ државата

Сите општини координирани преку ЗЕЛС започнаа со вонредни инспекциски контроли во сите објекти од јавен карактер низ државата. Во голем...

Македонија7 часа

„Дурмо турс“ во чиј автобус загинаа 14 патници пак работи „на диво“, полицијата казнуваше превозници

Од 138 контроли за вршење превоз на патници и стоки кои во претходните три дена ги направиле инспектори за патен...

Македонија7 часа

За пет часа поради низа неправилности, затворени се 16 угостителски објекти во Тетово и Гостивар

Во полициска контрола извршена вчера во периодот од 10 до 15 часот на подрачјето на Тетово и Гостивар, во 16...

Македонија8 часа

Ќерката на починатиот Андреј од ДНК со тажна порака до мајка ѝ: „Мамо, јас ти требам тебе, а ти мене“

„Мамо, сакам да бидам дома, зашто јас ти требам тебе, а и ти ми требаш мене… Јана за 7 дена порасна...

Регион9 часа

Двајца од тешко повредените во Кочани кои се во Белград дишат со машина, на дел од хоспитализираните ќе им се пресадува кожа

Седумнаесет лица повредени во пожарот во Кочанисе лекуваат во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар на Србија во Белград од...

Македонија9 часа

На државава ѝ фалат инспектори, во ДПИ има само 40 за сите градови

Има голема потреба од кадровско екипирање и засилување на Инспекторатите на државните органи, затоа што одредени инспекторати имаат само по...

Македонија11 часа

Бројот на критични пациенти од пожарот во Кочани се намалува, но им претстои долга борба на опоравување

Неколку дена по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, се намалува бројот на критичните пациенти кои се лекуваат во...

Македонија22 часа

Се откриваат скандали во градежништвото, од издадени 2.810 лиценци, нерегуларни се дури 427

Вкупниот број на издадени лиценци во делот на градба, проектирање, надзор, изработка на детални урбанистички планови е некаде над три...

Македонија23 часа

За трагедијата во „Пулс“ тројца поранешни градоначалници на Кочани и уште 21 лице завршија во 30-дневен притвор

Определена е мерка 30 дневен притвор за сите 24 лица за кои основното Јавно обвинителството во рамки на истрагата бараше...

Македонија1 ден

Клековски: Состојбата на пациентите се подобрува, но уште постои ризик од инфекции

Состојбата се подобрува, се намалува бројот на критични пациенти, но далеку сме од моментот на опуштање. Борбата не е завршена,...

Македонија1 ден

Таравари: Шест пациенти од пожарот во Кочани се во многу критична состојба

Во земјава моментално се лекуваат 54 пациенти од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, откако во текот на вчерашниот ден...

Македонија1 ден

12 осомничени за трагичниот настан во Кочани се во притвор во затворот во Куманово

Двајца поранешни градоначалници на Кочани се наоѓаат во казнено-поправната установа Затвор Куманово, информираа денеска надлежните од затворот. Во моментот, во...

Македонија1 ден

Мицкоски го посети семејството на починатиот возач од Брзата помош кој цела ноќ спасуваше деца

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денес ја посети сопругата и семејството на Иле Гоцевски, возачот на Брзата...

Македонија1 ден

Муцунски најави дека идната недела ќе се вратат дома дел од тешко повредените пациенти кои се лекуваат во странство

Идната недела ќе почне враќање во земјава на првите пациенти што се лекуваат во странство кои се во добра здравствена...

Топ1 ден

Во денови на жалост ечела музика во угостителски објекти во Центар, приведени се двајца

Полицијата лишила од слобода  две одговорни лица во угостителски објекти на подрачјето на Центар затоа што пуштале музика и не...

Македонија1 ден

За еден месец во земјава гореле 484 пожари, најмногу се од палење стрништа

Активен е пожар во скопската депонија Дрисла, што избувна вчера, кога биле регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор. Сите...

Свет1 ден

(Видео) Турција гори, илјадници граѓани излегоа на улиците на Истанбул, Анкара и Измир

Илјадници граѓани излегоа на улиците на Истанбул, Анкара и Измир трета ноќ по ред. Тие бараат ослободување на градоначалникот на...

Свет1 ден

(Фото) Живо извлечено детето од авионот кој се запали во Германија, таткото загина

Мал авион во кој според првичните информации биле пилотот и неговата шестгодишна ќерка, вчера се урнал на нива недалеку од...