Скопје
Легализирани нови 50 дивоградби во општина Кисела Вода
Општина Кисела Вода во понеделник додели 50 решенија за легализација, со што бројот на легализирани објекти во оваа скопска општина се искачи на 3.254.
Решенија на граѓаните им ги врачи градоначалничката на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ.
„Сакам да истакнам дека жителите на општина Кисела Вода, разбираат дека покрај општината, тие ја носат главната улога, бидејќи општинските служби можат да работат само откако ќе им биде доставена целосната документација. Ова го велам бидејќи денешната ситуација вели дека бројот на граѓани кои не доставиле геодетски елаборат е се помал. Заклучно со денешниот ден, нивниот број изнесува 3650. Се надеваме дека тие граѓани нема да чекаат до крајниот рок, кој согласно последните владини измени е пролонгиран до 31.12.2015“, потенцираше Беличанец-Алексиќ.
Таа потсети дека бенефитот од успешното заокружување на процесот на легализација ќе биде заеднички.
“Граѓаните ќе станат сопственици на нивните имоти, а општината ќе може да донесе нови детални урбанистички планови, во кој ќе бидат впишани и новолегализираните објекти, што е и крајна цел на овој процес“, заклучи таа.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

