Скопје
Населбата Пролет доби нов зелен лик

Една од најстарите населби во Скопје, Пролет, доби нов изглед. Засадени се повеќе видови садници и грмушки, а обновена е и тревната површина.
Од Општина Центар соопштија дека меѓу станбените блокови на потегот кај улиците „Мирче Ацев“ и „Цицо Поповиќ“, во завршна фаза е реконструкцијата на тревните површини и садењето на 16 видови садници, претежно повеќегодишни, декоративни зимзелени грмушки, 14 јавори и две магнолии.
Во населбата се посадени вкупно 779 садници и направен е автоматски систем за полевање. Општина Центар најави дека ќе постави и 10 клупи и канти за ѓубре.
„Општина Центар со ова ја завршува големата акција за уредување на седум илјади метри квадратни запуштена површина, со високо обраснати и исушени треви и коров, уништени дрвја и гранки кои беа потенцијална опасност за граѓаните во населбата Пролет“, се вели во соопштението.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1523, објектите на фирмите Пастор, Орнамакс и други во нивна близина, корисниците од бул. Борис Трајковски од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на фирмите Циле Инжињеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на Јосиф Јосифовски-Свештарот 34 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јосиф Јосифовски-Свештарот, дел од населбата Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)