Европа
Една година руски Крим, и покрај проблемите малкумина сакаат назад
Избледнетите сино-жолти украински национални знамиња на поштенските сандачиња и регистарските таблички на возилата се меѓу последните траги на еден друг период, потсетник на времето кога Русија пркосејќи ѝ на меѓународната заедница го апсорбираше Крим.
Денес, еднa година, од контроверзниот референдум за присоединувањето на Крим на 16-ти март, крваво црвениот руско грб о двоглав орел сјае над зградата во главниот град Сомферопол и јасно ја симбoлизира промената на власта на црноморскиот полуостров, се вели во репортажата на германската агенција DPA.
„Има плусови и минуси. Иако знае да се јават тешки моменти, прашајте ги сите – 95 отсто ќе ви кажат дека не сакаат враќање на старото“, вели Викторија, мајка на три деца додека шета по главната пешачка улица којашто го носи името на Карл Маркс. Како и многумина други жители на Крим, Викторија ги фали новите социјални добивки, како што е бесплатната здравствена грижа. „Но моравме да се навикнеме и на многу нови закони“, додава.
Комплицираната руска бирократија и долгите редови за новите пасоши се меѓу главните забелешки. А сопствениците на куќите или земјиштето мора да посегнат длабоко во својот џеб за повторно да се впишат во катастарот.
Наспроти кримскиот парламент поставен е тенк на некогашната Црвена армија од Втората светска војна. Тоа е потсетник на тоа дека Русите и Украинците некогаш се бореле против заедничкиот непријател. Во близина работниците ја обновуваат руска православна црква.
Се’ уште се видливи уличните фотографии и остатоците од букетите цвеќе во спомен на загинатите во Киев пред малку повеќе од една година, кога прозападните демонстранти се судрија со полицијата пред да биде изигран договорот меѓу опозицијата и тогашниот претседател Виктор Јанукович чии гаранти беа тогашните шефови на дипломатиите на Германија, Франција и Полска, по што тој беше отстранет од должноста во некомплетниот парламент. Околу стотина демонстранти и десетина полицајци ги загубија животите а некои од нив ги познавал поранешниот украински војник од Крим – Владислав. „Ми беа пријатели“, вели овој 34-годишник кој сега заработува превезувајќи ги туристите.
„Соборувањето на претседателот не’ шокираше тогаш. Никогаш никој не сакаше влада којашто ќе дојде насила“, вели Владислав додавајќи дека изборите беа најавени и дека деновите на владата на Јанукович обвинувана за корупција биле одброени. Благодарен е што Крим е поштеден од таквите крвопролевања и што сега е во составот на Русија. Денес прима месечна пензија од 23.000 рубљи, околу 370 американски долари, или трипати повеќе откако Крим беше во составот на Украина. „Ќе видиме дали тие подобрувања ќе потраат“, вели.
Влијанието на западните санкции против Русија се забележува и на Крим. Цените растат, локалниот „McDonalds“ е затворен, а банкоматите ги исфрлаат странските картички, забележуваат репортерите.
Градењето на мостот кој би го поврзувал Крим со руското копно преко Керчкиот теснец би требало да однесе напредок, но мостот долг 19 километри и вреден 3,5 милијарди американски долари ќе биде завршен до 2019 година.
Противниците на присоединувањето на црноморскиот полуостров на Руската Федерација што Западот го смета за нелегално руско анектирање на украинска територија, се повлечени. Но нив и не ги има многу, зашто мнозинско е етничкото руско население е над 62 отсто а одѕивот за враќањето на автономијата и присоединувањето според организаторите на референдумот од 16-ти март изнесувал околу 97 отсто од излезените гласачи чиј одѕив надмина 80 проценти.
Но за DPA, поранешна менаџерка во туризмот Катја тврди дека гласовите на незадоволство меѓу двата милионите население брзо биле стивнати со дејствување на руската служба ФСБ. „Луѓето навистина се преплашени“ тврди Катја. Таа одбила да го врати украинскиот пасош и морала официјално да го одбие руското државјанство. „Сега не можам да најдам работа и имам ограничено станарско право, иако живеам во тан кој е моја сопственост“, тврди Катја којашто се надева дека ќе се пресели во Киев.
Потоа тука се и околу 300 илјади кримски Татари, кои на повик на сегашниот турски премиер Ахмет Давутоглу останаа мирни за време на превирањата на Крим, но велат дека многумина од нив го бојкотираа референдумот, Сеќавањата на бруталната депортација на Грузиецот Сталин од 1944 година но и подоцнежните кога Крим станува дел од Украина се и натаму свежи. Тие помалку се сметаат и за маргинализирани, и покрај рехабилитацијата и извинувањето од името на рускиот народ од претседател Владимир Путин за неправдите кои им биле нанесени во периодот од Советскиот сојуз.
Проблеми со некаква лојалност, пак, воопшто нема во Севастопол. Градот кој го основала руската царица Катарина Велика беше седиште на руската Црноморска флота изминатите 230 години, дури и по распадот на СССР заради специјалниот договор меѓу Москва и Киев со кој Русија плаќаше за користењето на пристаништето 100 милиони долари годишно, сите давачки за својот персонал ги уплатуваше преку украинскиот социјален систем и драстичното намалување на цената на рускиот гас за Украина. Пристаништето секогаш било и останува јужен бастион на рускаа воена моќ и на историската верноста на Москва.
Во главната улица продавниците за сувенири продаваат блузи и шолји со ликот на Путин и магнети за фрижидери со руското национално знаме, се додава во репортажата на DPA. „Референдумот пред една година беше како парзник“, вели Дарија,сопственичкана мала продавница со мешовита стока. Таа е горда Русинка и ја растажува само, покрај војната во источна Украина, што промената на власта во Крим и во Украина воопшто донела раздор во многу семејства, вклучително и во нејзиното. „Моите баба и дедо живеат крај Киев. Само баба ми зборува со нас, Дедо ми не сака, бидејќи ја поддржуваме Русија“, вели Дарја./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.
Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.
Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.
Европа
Русија изврши уште еден голем напад со дронови во текот на ноќта
Русија изврши голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 летала беа дронови камикази од типот „Шахед“, информираше Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „Украинска правда“.
Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот наутро, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски ударни дронови. Одбраната дејствувала на широка област, опфаќајќи ги северните, јужните, источните и централните делови на земјата.
И покрај високата стапка на пресретнување, регистрирани се 16 погодоци на ударните дронови на вкупно 11 локации. Покрај тоа, остатоците од соборените дронови паднале на две места.
Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, средствата за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните противпожарни групи на украинските одбранбени сили учествувале во одбивањето на воздушниот напад. Властите предупредуваат дека нападот сè уште е во тек и дека неколку руски дронови сè уште се во украинскиот воздушен простор.
Европа
Туристи заглавија во Финска поради екстремно ниските температури
Илјадници туристи останаа заробени во северна Финска откако екстремно ниските температури ги приземјија авионите и принудно откажаа летови.
Температурите на аеродромот Китила во Лапонија паднаа на рекордно ниско ниво од -37°C во недела наутро, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, објави Скај њуз.
Арктичкиот студ го погодува аеродромот со денови, што ги прави операциите на аеродромот, вклучително и клучното одмрзнување на авионите, речиси невозможни. Сепак, постои надеж за блокираните британски туристи, со летови до Манчестер и Лондон закажани за понеделник попладне. Успехот на тие летови останува неизвесен бидејќи метеоролозите предвидуваат дека температурите сепак ќе бидат околу -28°C.
Иако жителите на финска Лапонија се навикнати на сурови зими, овогодинешниот студен бран, кој погоди големи области на северна, централна и источна Европа, беше поинтензивен отколку во претходните години. Обилните снежни врнежи, силните ветрови и заледените патишта го направија патувањето опасно низ овој дел од континентот.
Во Германија, патниците со железнички превоз доживеаја големи доцнења и откажувања во неделата откако националниот оператор „Дојче Бан“ ги запре сите услуги на северот од земјата. Властите во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, објавија дека сите училишта ќе бидат затворени во понеделник поради ниските температури, а наставата ќе се одржува преку интернет.
Во балтичките земји Естонија и Литванија, возачите беа повикани да ги одложат сите непотребни патувања поради прогнозираните снежни бури. Соседна Латвија, исто така, издаде предупредување за снег за западниот дел од земјата.

