Скопје
Започна проектот ’Мобилни полициски станици’ во скопските села
Проектот ’Мобилни полициски станици’ во руралните места во скопскиот регион почна со реализација во четврток во село Стајковци. Тоа значи постојано присуство на полицијата со возило, ткн мобилна полициска станица, каде граѓаните ќе можат да побараат совет, одредена помош или информација која им е потребна, а исто така возилото ќе биде опремено со сите потребни обрасци и документи, потребни за функционирање на овие мобилни полициски станици.
Денеска во текот на работниот ден мобилни полициски станици освен во Стајковци ќе бидат присутни и во 17 други рурални населени места.
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, појасни дека проектот значи организирање на посебни мотопатроли составени од водич на безбедносен реон и двајца полициски службеници коишто ќе вршат општи полициски работи, односно остварување на контакти со локалната самоуправа, локалното население, со претседатели на месни заедници, претставници на верските заедници, контакти со локални приватни стопанственици.
„Намерата е заеднички да се детектираат проблемите на заедницата, да се воспостави меѓусебно информирање, заедничко решавање на локални безбедносни проблеми, упатување на граѓаните во соодветни институции, преземање на мерки и активности по конкретни пријави од страна на граѓаните. Односно да се зајакне и зголеми меѓусебната доверба и подобрување на општата безбедносна состојба во тие средини“, истакна министерката Јанкулоска.
На промоција на проектот присуствуваше и градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, кој потенцираше дека едно од барањата на граѓаните било токму формирањето мобилни полициски патроли, во насока на зголемување на комуникацијата на вработените во МВР и граѓаните, а исто така и подобрување на квалитетот на извршувањето на услугите, во интерес на граѓаните.
За реализација на проектот во полициските станици на подрачјето на СВР Скопје веќе се формирани дваесетина полициски тимови во функција на мобилни полициски станици кои што во наредниот период до декември ќе бидат обврзани да партолираат во околу 140 рурални места на подрачјето на скопско.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




