Скопје
Шиповиќ повторно претседава со Советот на Центар
По осум месеци минати во притвор претседателот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ, повторно се врати на својата стара функција и претседава со седниците на советот.
Претседателот на Советот по осуммесечното отсуство сакал да види што и како досега се работело и истакнал дека очекува Советот и натаму нормално да продолжи со својата работа и да носи одлуки кои се во интерес на граѓаните и за кои добија доверба на последните локални избори.
„ Болката и тагата на мојата фамилија и мојата болка и тага ќе ги тргнам настрана и тие нема да бидат пречка во работата на Советот“ изјави Шиповиќ.
Координаторот на советничката група на СДСМ и опозициската коалиција, Игор Алаџајков, нагласи дека по осум месеци Советот на општина Центар конечно работи во полн состав.
Тој му посака на Шиповиќ до крајот на мандатот да не отсуствува од нити една седница.
„ Патот до правдата е тежок, но правдата и вистината секогаш победуваат “, рече Алаџајков./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Падна дрво во населбата „Автокоманда“ во Скопје
Преку Единствен повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за паднато дрво на булеварот „Александар Македонски“ близу паркингот на влезот на фабриката „Железара и Железарија Јоле“ во населбата „Автокоманда“.
Од ЦУК, веднаш по добиената информација од страна на Сектор за операции и координација, покрај МВР, беа известени ЈП „Паркови и зеленило“ на Град Скопје, коишто испратија екипи и истите интервенираа во расчистување на паданатото дрво.
Скопје
Без струја, делови од општина Зелениково и општина Чучер Сандево
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги информира граѓаните дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат:
во периодот од 09:00 до 12:00 часот, дел од с. Орешани, од пругата кон с. Таор. (Општина Зелениково) и
во периодот од 10:00 до 13:00 часот, без електрична енергија ќе останат Побожје (Општина Чучер Сандево).
Скопје
Нов паркинг на улицата Козјак во Кисела Вода
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес изврши увид на улицата Козјак, каде што на 400 квадратни метри се обезбедуваат нови 25 паркинг-места. Со ова бројот на новоизградени паркинг-места за овие две и пол години се искачува на 1.400.
„Продолжуваме да работиме со силно темпо грижејќи се нашите жители да имаат што подобри услови во секој сегмент од нивните животи. Решавањето на проблемот со недостиг од паркинг-места со кои се соочувавме со години е поставен високо во моите приоритети, а дека е така говори тоа што, иако во мојата програма имав ветено 1.000 нови паркинг-места, веќе ја достигнавме бројката од 1.400 и тоа само за две и пол години. Новиот паркинг на улицата Козјак во населбата Кисела Вода нуди можност за уште 25 паркинг-места.
Просторот се протега на речиси 400 квадратни метри, поплочен е со павер-елементи и секако ќе придонесе во безбедноста и удобноста на сообраќајот во мирување. Секако, вакви градежни активности во периодот што следува ќе имаме и во сите други месни и урбани заедници, на што веќе интензивно работиме, истакна Ѓорѓиевски.