Европа
За Порошенко воениот притисок врз Украина ќе трае со децении
Воениот притисок од Русија и рускојазичните бунтовници на истокот од земјата врз Украина веројатно ќе трае со децении и идните генерации ќе мора да минуваат воена обука, изјави во саботата украинскиот претседател Петро Порошенко.
Станува збор за едно од помрачните сценарија кои украинскиот претседател Пртро Прошенко ги искажа во последно време, говорејќи во саботата пред војниците и офицерите во Харковскиот регион, неколку дена пред срдбата со германската канцеалрка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд во Берлин и ги повика да извршат притисок врз Москва „да се придржува за мировниот план од Минск“, за кој истакна дека ѝ дал време на Украина да се вооружи и да ја подобри својата одбранбена способност, пренесува Reuters.
Порошенко во говорот при предавањето на опрема и оружје на армијата, ги пофали украинските сили за „борбата против руската офанзива во судирот со сепаратистите“, кои избувна во април 2014 година во доминантно рускојазичната источна област Донебс, откако новите прозападни сили во Киев откако го соборија претседателот Виктор Јанукович ги сменија локалните власти и поставија свои и го укинаа рускиот јазик како официјален.
Меѓутоа, Порошенко предупреди дека тој „гледа можност за голема ескалација на воена акција на проруските сепаратисти“ во време на прославата на украинскиот Ден на независноста во понеделник.
„Воената закана од истокот е чувствителна реалност за децениите кои доаѓаат. Тие закани нема да исчезнат во блиска иднина и секоја генерација Украина ќе мора да има воено искуство“, рече Порошенко.
Тој претходно во саботата изјави дека ќе се преземат чекори во професионализацијата на украинските сили преку склучување на договори, како и дека во 2015 година буџетот на Вооружените сили на Украина дистигнале рекордно ниво „споредливо со цената на два (француски) носачи на хеликоптери ‘Мистрал’“.
Од друга страна, пак, уште пред едена седмица заменикот началник на штабот на корпусот на ткн Народна милиција на самопрогласената одметната Народна република Луганск, Игор Јашченко. го обвини Киев дека украинските тајни служби планираат серија провокации на територијата којашто ја контролираа силите лојални на Киев и во пресрет на Денот на независноста на Украина (24-ти август).
Според него, Киев со ваквите провокации сака да ја оправда офанзивата што наводно ја подготвуваат украинските сили и да го урне мировниот договор од Минск, кој во февруари го потпишаа челниците на Украина, Русија, Франција и Германија.
И шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, исто така, изјави дека Москва е многу загрижена за активностите во побунетиот рускојазичен источен украински регион Донбас, којашто според негова оцена насочува дека се подготвува ескалација на конфликтот./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако Вашингтон му понуди на Киев безбедносни гаранции по моделот на НАТО. Трамп, исто така, изрази увереност дека Москва ќе прифати таков договор, објави „Ле Монд“.
Трамп откри дека имал „многу долги и многу добри“ разговори со својот украински колега Володимир Зеленски, како и со лидерите на НАТО и европските земји како што се Велика Британија, Франција и Германија.
„Се обидуваме да го разработиме тоа и мислам дека сега сме поблиску“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба. „Имавме бројни разговори со претседателот Путин на Русија и мислам дека сега сме поблиску од кога било досега, па ќе видиме што можеме да направиме“.
REPORTER: An Article 5-like deal seems to be emerging without NATO membership for Ukraine. If such a security guarantee is offered, what incentive is there for Ukraine to give up any sort of territory?
US PRESIDENT TRUMP: Well, they've already lost the territory, you know, to be… pic.twitter.com/99sx8a6f03
— Status-6 (Military & Conflict News) (@Archer83Able) December 15, 2025
На прашањето дали неодамна разговарал директно со Владимир Путин, Трамп одговори остро: „да, разговарав“, без да навлегува во детали.
Сепак, Трамп се чини дека сугерираше дека во замена за безбедносни гаранции, Украина ќе мора да се согласи да отстапи делови од источниот регион Донбас што сè уште се контролирани од Киев – можност што Зеленски претходно силно ја отфрли.
На прашањето каков поттик ќе има Украина за да се откаже од територија, Трамп одговори: „Па, искрено, тие веќе изгубија територија“.
Тој додаде дека Европа, која и покрај противењето на Русија повторно предложи испраќање мултинационални мировни сили, ќе биде „голем дел“ од секоја безбедносна гаранција.
Европа
Крај на краткорочните изнајмувања на станови за туристи во Шпанија, Airbnb е казнет
Шпанија го казни Airbnb со огромни 65 милиони евра за рекламирање недвижности за краткорочно изнајмување без соодветни дозволи. Одлуката доаѓа во време кога расте притисокот врз владата да го ограничи туристичкото сместување во услови на продлабочување на кризата со домувањето, објавува Euronews.
Шпанското Министерство за заштита на потрошувачите соопшти дека казната е конечна и дека на платформата со седиште во САД ѝ е наредено веднаш да ги отстрани сите нелегални огласи. Официјалните лица изјавија дека повеќе од 65.000 огласи на Airbnb ги прекршуваат шпанските закони за заштита на потрошувачите, вклучително и огласување недвижности без дозволи или со неважечки броеви за лиценца.
Казната е шест пати поголема од профитот што Airbnb го оствари од спорните огласи помеѓу времето кога властите ја предупредија компанијата и времето кога огласите конечно беа отстранети.
Зошто беше казнет Airbnb?
Според шпанските власти, 65.122 огласи на Airbnb ги прекршиле прописите дизајнирани да ги заштитат закупците и потрошувачите. Многу од овие имоти се наоѓале во региони каде што краткорочните изнајмувања се ограничени или бараат експлицитно одобрение.
Министерството нагласи дека од платформите како Airbnb се очекува да проверат дали имотите рекламирани во Шпанија се во согласност со локалните и регионалните прописи за домување. Кога не го прават тоа, велат, тие изнајмувања остануваат на пазарот подолго отколку што треба, намалувајќи го бројот на домови достапни за жителите кои бараат долгорочен смештај.
Министерот за права на потрошувачите, Пабло Бустиндуј, рече дека има „илјадници семејства кои живеат на работ“ поради кризата со домувањето во земјата, додека некои компании профитираат од „бизнис модели што ги принудуваат луѓето да ги напуштат своите домови“.
Борбата против нелегалните изнајмувања не е ограничена само на Airbnb. Во јуни, Шпанија, исто така, му наложи на Booking.com да отстрани повеќе од 4.000 нелегални огласи.
Барселона ја предводи борбата против масовниот туризам
Барселона стана епицентар на борбата на Шпанија против краткорочните изнајмувања. Градот оваа година објави планови за постепено укинување на сите туристички станови до 2028 година, со што ефикасно ќе им се забрани на платформи како Airbnb да продаваат приватно сместување во станбени згради.
Градските лидери велат дека краткорочните изнајмувања ги испразнија локалните населби, ги истиснаа жителите од пазарот за изнајмување и ги трансформираа цели населби исклучиво за туризам. Локалните заедници се согласуваат, а протестите – од мирни маршеви до напади со водени топови – се сè почести против масовниот туризам и растечките трошоци за живот.
Другите регионални и национални власти во Шпанија следат сличен пат. Повеќе од 53.000 нелегални туристички станови неодамна беа отстранети од официјалните регистри низ целата земја, главно во Андалузија, Канарските Острови, Каталонија и Валенсија.
Шпанија пречека рекордни 94 милиони странски туристи во 2024 година и е на добар пат да го надмине тој рекорд оваа година. Иако туризмот останува клучен економски столб, официјалните лица велат дека построгата регулација на краткорочните изнајмувања е клучна за балансирање на растот на бројот на посетители со квалитетот на животот на локалното население.
Европа
Турски борбени авиони соборија дрон „надвор од контрола“ во близина на брегот на Црното Море
Турција собори беспилотно летало „надвор од контрола“ кое се приближувало до нејзиниот воздушен простор над Црното Море, соопшти Министерството за одбрана. Инцидентот се случува по украинските напади врз руските танкери од „флотата во сенка“ покрај турскиот брег и предупредувањата од турските политичари за опасностите од ширење на војната во Украина, објави АП њуз.
Министерството во соопштението наведува дека борбените авиони Ф-16 биле испратени по откривањето на објектот. „За да се избегне каква било потенцијална штета, тој бил соборен во безбедна зона надвор од населените области“, се додава во соопштението. Во соопштението не се дадени дополнителни детали за локацијата или времето на инцидентот.
Украина соопшти дека нејзините поморски беспилотни летала погодиле два танкери на 28 ноември, додека трет брод бил погоден на 2 декември додека се движел кон турското пристаниште Синоп. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги осуди претходните напади како закана за „безбедноста на навигацијата, животите и животната средина, особено во нашата ексклузивна зона“.

