Европа
Русија се зголемила за 50.000 км2 во Охотскотo Море
Територијата на Русија во саботата се зголемила за околу 50.000 квадратни километри со објавата на владиниот декрет со кој се проширува руската континентална плоча во Охотското Море, ја рускиот Далечен исток, според арбитражата на Обединетите нации.
Документот кој е датиран од 15-ти август е објавен во саботата во текот на посетата на рускиот премиер Дмитриј Медведев на Курилските острови, за кои надлежноста ја бара Јапонија, во југоисточниот дел на Охотското Море, што вообичаено предизвика реакции на Токио, кој ги владееше овие острови до крајот на Втората светска војна.
Оваа одлука, која се појавува во периодот кога Русија бара суверенитет над голем дел од Арктикот, минатата година ја потврдила комисијата на Обединетите нации задолжена за одредување на границите на континенталната плоча, изјави во саботата рускиот премиер.
„Тоа значи дека можеме да ја шириме нашата континентална плоча каде што се наоѓаат обилни извори на сировини и енергетски наоѓалишта. Нашата континентална плоча се зголеми за 50 илјади квадратни километри“, истакна Медведев.
Правото на морето во моментов се одредува исклучиво со економското подрачје на една земја на 200 наутички милји, околу 370 километри, од нејзиниот брег и ѝ дава суверенитет на тоа подрачје за искористување на ресурсите. Над тоа водите правно се сметаат за меѓународни.
Русија на почетокот од август во ОН побара суверенитет над повеќе од милион квадратни метри на Арктик, кој поседува големи количества јаглеводород, нудејќи нови докази речиси 15 години откако беше отфрлено нејзиното прво барање. За овој ненаселен регион, но богат со нафта и гас, со години се борат Русија, САД, Канада Норвешка и Данска.
Во новото барање до комисијата на ОН, Русија истакнува, меѓу другото, дека би требало да има суверенитет над дополнителни 1,2 милиони квадратни километри на Арктикот предавајќи ја листата со своите аргументи./крај/мф/сн
Извор: РИА Новости
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Украина: Русите го нападнаа Харков, уништени се згради, меѓу повредените има и дете
Украина ги уништи сите 10 беспилотни летала во руски напад во текот на ноќта, но две лица се повредени, а станбени згради во регионот Харков беа зафатени од пожар, соопштија денеска украинските власти.
Воздухопловните сили на „Телеграм“ соопштија дека Русија лансирала и две противвоздушни наведувани ракети. Портпаролот на украинските воздухопловни сили во телевизиски пренос изјави дека руските ракети, најверојатно, биле насочени кон североисточниот град Харков.
Гувернерот на регионот Харков, Олех Синехубов, рече дека три станбени куќи биле запалени, а десетици биле оштетени како резултат на рускиот напад, чија цел, според него, биле и инфраструктурата и станбените области. На фотографиите што ги објави Синехубов на „Телеграм“ се гледаат големи пламени јазици од станбените згради.
„Две лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете, се ранети во нападот и се на медицинска помош“, рече Синехубов на апликацијата „Телеграм“.
„Ројтерс“ сè уште не ја потврди независно оваа вест. Москва негира дека цели на цивили во овие „легитимни напади врз воената, енергетската и транспортната инфраструктура на Украина“.
Европа
Повредени двајца полицајци во Париз кога маж им го украл пиштолот и пукал во нив
Двајца полицајци се повредени во престрелка во полициската станица во Париз, кога на еден од нив му бил одземен пиштолот од маж кој претходно бил приведен поради напад со нож врз жена.
„Полицијата интервенираше и го донесе овде, во полициската станица, и тој потоа му го грабна пиштолот на полицаецот“, изјави началникот на полицијата Лорен Нунес.
Обвинителството соопшти дека еден од полицајците е во тешка состојба, пренесува „Монд“.
Полицијата возвратила, а напаѓачот се здобил со повреди во пределот на градниот кош, по што бил пренесен во болница.
Како што информираат од болницата, животот на напаѓачот не е во опасност.
Европа
Путин го избра премиерот
Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот на Државната дума, долниот дом на рускиот парламент.
Откако Путин во вторникот положи заклетва за нов шестгодишен претседателски мандат, тамошната влада, според одредбите на рускиот Устав, поднесе оставка.
И додека во последните денови се шпекулираше дека може да има промени на некои важни и суштински позиции, а руските независни медиуми споменуваа евентуално заминување на Михаил Мишустин од премиерската позиција, Путин повторно го предложи за таа функција.
„Претседателот Владимир Владимирович Путин достави до Државната дума предлог за кандидатурата на Михаил Владимирович Мишустин за функцијата премиер. Денеска претставниците ќе донесат одговорна одлука за ова прашање во име на нивните гласачи“, изјави претседателот на Думата, Вјачеслав Володин на апликацијата Телеграм.
Ова е петти мандат на Путин на власт, а тој го номинираше Мишустин за премиер за прв пат во јануари 2020 година, кога Владата предводена од Дмитриј Медведев поднесе оставка по најавените важни уставни промени во политичкиот систем на земјата од страна на претседателот.
Мишустин, кој ќе зборува во Думата пред гласањето, мора да одговори како ќе реши низа задачи што Путин и ги постави на владата, вклучително и „зголемување на одбранбената способност на нашата земја“, рече Володин.