Надворешна политика
Николоски на состанок на Мoниторинг-комисијата во Сараево
Шефот на делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), пратеникот Александар Николоски, во својство на потпретседател ќе учествува на состанокот на Мoниторинг-комисијата, кој ќе се одржи во четврток и петок во Сараево, Босна и Херцеговина.
На состанокот членовите на Комисијата, зад затворени врати, ќе го разгледуваат извештајот за напредокот на мониторинг-постапката на Парламентарното собрание на Советот на Европа за периодот од октомври до август 2015 година.
Ќе бидат презентирани накратко напорите за исполнување на обврските преземени при приемот во Советот на Европа на деветте земји кои се наоѓаат во мониторинг-постапка, и тоа: Албанија, Азербеџан, Ерменија, Босна и Херцеговина, Грузија, Молдавија, Русија, Србија и Украина, како и четирите земји кои се во фазата на пост-мониторинг дијалог и тоа: Бугарија, Македонија, Турција и Црна Гора.
На состанокот ќе се разгледува и барањето за отворање на мониторинг-постапка за Франција, поради, како што е наведено во предлогот, наводните прекршувања на Европската конвенција за човекови права во врска со протестите предизвикани од донесувањето на Законот за истополови бракови.
Дневниот ред на Мониторинг-комисијата предвидува и расправа и за пост-мониторинг дијалогот со Бугарија, како и мониторинг-дијалогот со Украина и со Ерменија.
Во текот на престојот во Сараево, Николоски ќе оствари повеќе неформални билатерлани средби со членовите на Мониторинг-комисијата.
Во рамките на состанокот на Мониторинг-комисијата ќе биде одржана расправа насловена „Дејтонскиот договор – 20 година подоцна“ на која во својство на говорник е поканета да учествува и пратеничката Ермира Мехмети. Покрај Мехмети на оваа тема свое обраќање ќе имаат и Високиот претставник за Босна и Херцеговина, Валентин Инцко, пратеници од Парламентот на Босна и Херцеговина, како и претставници на невладините организации./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.