Регион
Салопек бил единствен странски работник во француската фирма без заштита
Додека Хрватска и Египет чекаат потврда за смртта на хрватскиот државјанин, Томислав Салопек, повеќето арапски медиуми објавуваат детали за случајот со Салопек.
Саудиската телевизија TV Al Arabiya на својот портал, повикувајќи се на високи функционери на египетската војска,разузнавачките служби и министерството за внатрешни работи како и на експерти за исламски тероризам, објавуваат дека Салопек го грабнала и погубила либиската исламистичка организавија Jamaat Ansar al-Sunna, приврзаници на сунитите, која има иста идеологија како и Исламската држава.Новинарот од Каиро, Ашраф Абдулахамид, кој го истражувал случајот, истакнува дека по грабнувањето и ликвидацијата на Салопек бил испитуван возачот кој дал важни и детални информации за грабнувачите.Веднаш биле прегледани сите снимки од надзорните камери кои биле поставени на патот по којшто се движел Салопек, што помогнало за откривање на автомобилот со сите лични работи на Салопек. Хрватот бил грабнат во приградска населба во којашто владеело беззаконие. Висок функционер од Министерството за внатрешни работи на Египет за Al Arabiya.net потврдил дека, истражните органи се сомневаат дека грабнувачите имале помагачи внатре во француската фирма во којашто работел Салопек кои им го дојавиле на грабнувачите времето и рутата по која Салопек требало да помине.Салопек бил единствен работник во фирмата кој немал посебна заштита, додека сите странски работници во таа компанија биле заштитени. Разузнавачата служба и понатаму води обемна истрага во тој правец бидејќи терористите кои дошле од Либија не дошле без детални инфромации.По објавувањето на низа информативни разговори, заклучиле дека грабнувачите на хрватскиот државјанин го нарачале припадници на терористичката организација Исламска држава од полуостровот Синај. Дошле од Либија и го однеле во Либија каде и го погубиле.Експертот за безбедност, од Египет, Кхалед Окаша за Al Arabiyа тврди дека Томислав пред еден месец е грабнат во место каде што нема припадници на Исламската држава, што потврдува дека грабнувачите не бие припадници на ИС, ниту египетски државјани.„Истражните органи на Египет сметаат дека, грабнувањето го извеле припадници на Jamaat Ansar al-Sunna од Либија кои соработуваат со терористичката група Исламска држава. Нивните сомниежи ги потврди и едниственото видео на кое припадници на ИС го прикажале Томислав како клечи и чита порака напишана на хартија, на коешто е видлив ситен пустински песок, каков што има само во Либија. Она што може да го забележиме од виедеото, а оди во прилог на тврдењето дека Салопек не е грабнат од ИС е и разликата со претходните егзекуции. На сите снимки кои досега ги има објавено ИС до сега до заробеникот стои егзекутор маскиран од глава до пети во црно, додека зарабеникот беше во портокалов комбинезон идентичен на оној којшто го носат затворениците во Гвантанамо. Во случајот со Салопек, егзекуторот носи воена маскиран униформа, а Томислав носеше избледен работнички комбинезон“, смета експертот.Според него, размената или откупот не биле цел на групата, а во затворите нема жени припадници на ИС.„Сето тоа докажува дека грабнувањето било само дел од пропагандата на терористите кои сакале да покажат дека Египет е небезбедна земја. Целта не беше размена, туку застрашување на сите странски туристи и инвеститори. Објавувањето дојде во време кога египетскиот претседатл Abdel Fattah Al Sisi, објави дека Египет е безбедна земја.Занамето на ИД на снимката било ставено за да ги доведе во заблуда еипетските служби“, смета Окаша. Висок извор од египетското министерство за внатрешни работи за „Vecernji list“ ги потврдил наводите на арапскиот портал Al Arabiya.net, дека хрватскиот држајанин истиот ден кога бил грабнат, бил префрлен во Либија. Египетските власти ги информирале властите во Хрватска дека Салопек се наоѓа во Либија, еден ден пред објавувањето на фотографијата на која се гледа дека Салопек е наводно погубен. Според хрватски експерт за безбедност близок со државниот врв, овој случај им одговара на египетските власти бидејќи на тој начин светот сфатил со кого си има работа, а египетскиот prетседател успеaл да ги добие на своја страна САД и ЕУ, кои do неодмана го криткуваа дека ја води државата како диктатор. Тоа сега не се споменува. За време на грабнувањето на Салопек, САД на Египет му испрати осум F-16 авиони. Пораката на официјален Египет по погубувањето на Салопек е дека треба да им се дадат средства, оружје во борбата против исламистите. Ваквиот настан му одговара и на порадикланиот дел од Муслиманските браќа, а е на штета н умерените бидејќи сега Al Sisis ќе добие одврзани раце да се пресмета со нив, она што го посакуваат радикалите.На истото место на кое беше грабнат Салопек бил грабнат и американски државјанин точно пред една година, работник во американска нафтена компанија. Одговорноста ја презеде Синајската покраина која по четири месеци објави снимка од неговото погубување Експертите немаат докази дека оваа група, подружница на ИС делува на територијата на Каиро, па случајот со Салопек фрла ново светло и на овој случај и на делувањето на исламистите. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
„Александар стигна до Индија, но се врати – време е ветувањето да се оствари“, порача грчкиот министер говорејќи за сојузништво со Њу Делхи
Министерот за одбрана на Грција, Никос Дендијас, изјави дека Индија станала незаменлив партнер за Европа, потенцирајќи го нејзиното растечко стратешко и економско значење за Европската Унија, а особено за Грција. Говорејќи на Форумот Индија–ЕУ 2026, Дендијас нагласи дека перцепцијата за Индија во Европа со текот на времето значително се променила.
„Во минатото Индија можеби беше сојузник кој беше убаво да се има, но не и неопходен. Денес Индија е неопходна“, оцени грчкиот министер.
Дендијас зборуваше и за Александар Велики. За Грците, како што рече, Индија на некој начин е дел од „грчката митологија“.
„Александар Велики стигнал до границите на Индија. Таму неговите трупи се побуниле и морал да се врати во Македонија. Затоа, на некој начин, односот со Индија претставува ветување што никогаш не било исполнето“, изјави Дендијас, додавајќи дека сегашниот момент го гледа како можност тоа ветување конечно да се оствари, пренесе хрватски „Индекс“.
Осврнувајќи се на демографската слика во Европа, каде што растот на населението е речиси негативен, тој рече дека „се потребни млади луѓе за да се пополни празнината“, и дека индискиот потконтинент, со оглед на неговата демографија, може да биде еден од најдобрите извори за легални миграции.
Грчкиот министер во својот говор остро ја критикуваше Европа за, како што рече, „разградување на сопствената одбрана“. „Ние, Грција, сме земја со средна, можеби дури и мала големина. Па сепак, имаме повеќе тенкови од Обединетото Кралство, Франција, Германија, Луксембург, Белгија и Холандија заедно“, истакна тој.
Дендијас предупреди и на проблемите со постоечките механизми на ЕУ, како програмата SAFE, која условува сите проекти да бидат завршени и испорачани до 2030 година. Според него, невозможно е за толку кратко време да се воспостават нови производствени линии и да се стартуваат погони.
Тој нагласи дека одбраната не е само прашање на производствени линии, вооружување или број на војници. „Постои нешто многу поважно, за што ќе треба време – а тоа е културата. Помладата генерација Европјани сè уште не ја сфаќа потребата од служење на татковината, служење на идеалот, служење за одбраната на она што Европската Унија го создала – простор на демократија, човекови права, владеење на правото и права на жените“, рече министерот.
На крајот, Дендијас изјави дека „во целост ја поддржува“ воспоставата на заеднички одбранбени структури, вклучително и таканаречената Европска војска.
Регион
Уапсен е и третиот осомничен за нападот врз куќата на Здравко Чолиќ: побегнале со скутер
Третиот осомничен за бомбашкиот напад врз куќата на Здравко Чолиќ, вечерва е уапсен во ефикасна акција на Одделот за криминалистичка полиција, Полициската управа за градот Белград, по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, пишува „Курир“.
Сомненијата според написите се дека двајцата претходно уапсени, биле директни сторители, додека третиот им набавил експлозивни направи, не само за нападот врз куќата на Здравко Чолиќ, туку и за нападот врз Палилула на 20 ноември 2025 година, пишува „Курир“.
Бомбата експлодирала во просторот помеѓу куќите што му припаѓаат на семејството на жртвата и друго семејство, а осомничените се вратиле назад кон возилото.
Исто така, на 3 февруари 2026 година, тие неовластено носеле една рачна граната, па користеле такси, а потоа стигнале до семејната куќа на Чолиќ каде околу 4:52 часот наутро осомничениот што го барале активирал и фрлил рачна граната во дворот на семејната куќа, додека еден од осомничените се погрижил да не помине никој и снимал со мобилен телефон.
Рачната граната експлодирала, по што осомничените се оддалечиле од местото на настанот, според медиумот.
Регион
Вучиќ: Воениот сојуз на Тирана, Приштина и Загреб го загрозува мирот во регионот
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави во Младеновац дека е сериозно загрижен за воениот сојуз формиран од Тирана, Приштина и Загреб, нагласувајќи дека не станува збор за воено-техничка соработка, туку за сојуз кој има јасен одбранбен, но и потенцијално офанзивен карактер.
Вучиќ изјави дека во случај на класична соработка во областа на набавка на оружје меѓу Хрватска и Албанија, ова не би било проблем, но дека сега станува збор за нешто фундаментално различно.
„Ова не е воено-технички сојуз. Ова не е договор од типот „вие купувате оружје од мене, јас ќе го купам од вас“. Ова е воен сојуз кој е создаден за одбрана или офанзивни дејствија против одредени територии, или одбранбен сојуз кој може да прерасне во офанзивен за еден ден“, нагласи претседателот на Србија, пренесуваат медиумите во регионот.
Тој го постави прашањето за причината за формирање на таков сојуз, посочувајќи дека Тирана и Загреб веќе се членки на НАТО, додека Приштина не е, што, како што истакна, дополнително го комплицира целото прашање.
Вучиќ изјави дека е особено загрижен што Србија има нови информации за плановите на алијансата, вклучувајќи ги и специфичните барања на Приштина за дополнително оружје од Соединетите Американски Држави и Турција.
Според него, Приштина бара одобрение за набавка на американски „хаубици“ од калибар 105 милиметри, како и дополнителни количини противтенковски ракети „копје“, додека во исто време се водат разговори со Турција за други видови воена опрема.
„Имам комплетен список. Тие разговараат за сите можни насоки на напад, одбрана и сè друго. Имаме и значајни разузнавачки информации за тоа“, истакна Вучиќ.
Тој додаде дека е загрижен како претседател, бидејќи тоа е негова должност, но дека граѓаните на Србија немаат причина да се плашат, бидејќи силата на српската армија се зголемува по „геометриска прогресија“. Тој најави и набавка на најсовремена воена опрема, која, како што рече, „една или ниедна земја“ ја има денес во Европа, истакнувајќи дека сè ќе пристигне според забрзани процедури.
„Кај мене нема „ќе биде лесно“. Ќе биде тешко, но ќе им биде уште потешко“, рече Вучиќ.
Претседателот на Србија изјави и дека не е тајна дека Хрватска е вклучена во настаните во Србија, вклучувајќи протести и блокади, и дека за такви заклучоци не се потребни разузнавачки служби.
„Доволно е да се погледне со голо око. На сите им е јасно. Се надеваат дека ќе се вратат некои слуги како што имале од 2000 до 2012 година, но ништо нема да произлезе од тоа“, рече Вучиќ.

