Црна хроника
УЈП затвори 11 златари во Куманово
Управата за јавни приходи затвори 11 златари во Куманово поради утврдени неправилности во работењето.
Кумановската полиција заедно со Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат во среда спроведе акциска контрола во 25 златарски дуќани лоцирани во централното подрачје на Куманово.
Во 11 дуќани биле утврдени неправилности во работењето по однос на неиздавање фискални сметки, немање на соодветни документи за работа и небаждарени ваги. Поради тоа, објектите се затворени во траење од 15 до 30 дена.
Исто така, изречени се глоби во износ од 15.700 евра, додека од страна на ДПИ изречени се глоби во вкупен износ од 4.600 евра.
Полицијата во два дуќани пронашла златни предмети кои потекнуваат од кражби и истите се одземени од сопствениците.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош од две двојно постари лица
Синоќа во градски автобус на подрачјето на Карпош, Н.Ј.(23) од Скопје бил физички нападнат од Ј.И.(58) и 50 – годишната Л.И., двајцата од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат
Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит Пазар, нејзините малолетни деца биле физички нападнати од двајца малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница
Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово.
Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во Ургентниот центар.
Засега е познато дека зад нападот стои едно лице, но од МВР без детали што претходело и дали двајцата се познавале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.