Црна хроника
Екстрадиран велешанец по кој македонската полиција трагаше повеќе од година
Во Македонија во вторникот е екстрадиран 43-годишниот Павле М. од Велес за кого на 13-ти јуни минатата година беше распишана меѓународна потерница, а на 17-ти мај годинава е уапсен во Грција. Станува збор за лице кое подолго време било вмешано во илегална трговија со дроги и бил предмет на неколку истраги водени од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал.
Сега екстрадираниот, уште во текот на 2012 година бил регистриран, во акцијата со којашто беше разбиена меѓународната криминална група составена од македонски државјани која се занимаваше со организирање на транспорти на хероин на релација Македонија до земјите од западна Европа со крајна дестинација во Шпанија, при што на 310ви март 2012 година на граничниот премин „Богородица“ беа запленети 2,460 килограма хероин и беше поднесена кривична пријава против осум лица, членови на групата.Во рамките на оваа група Павле М. бил еден од организаторите на транспортот на хероинот, за што му е поднесена кривична пријава и во отсуство на 29-ти април 2013 година е осуден на казна затвор во траење од 10 години за извршено кривично дело – “недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурзори“.По бегството од Македонија беше недостапен за органите на прогон за што беше распишана меѓународна потерница. Павле М. по бегството од Македонија, престојувал и живеел во бугарскиот град Петрич каде што се стекнал со бугарско државјанство и каде продолжил со криминалните активности поврзани со недозволената трговија со дрога. Во текот на изминатата година Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал работејќи на сузбивање на организирана криминална група чии членови оперираат и делуваат од територијата на Македонија, Бугарија и Албанија, и беа инволвирани во организирање на транспорти со марихуана, кокаин и хероин заради натамошна продажба, како еден од нејзините членови и организатори го идентификувала велешанецот.Инаку, Павле М. врз основа на кривични пријави во 2009 година за сторени кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога, бил осуден на казна затвор од 4 години и 6 месеци./крај/мф/
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

