Скопје
Започна тампонирањето на улиците во подрачјата погодени од невремето
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски и директорот на ЈП „Улици и патишта“, Синиша Ивановски во понеделникот извршија увид во активностите на терен во населеното место Сингелиќ, каде на поголем број на локации се врши тампонирање на улиците кои беа оштетени при големата поплава која го зафати Скопје и скопскиот регион на 6-ти август.
„Тука сме во населеното место Сингелиќ, поточно во реоните 6 и 7 каде се извршува тампонирање на улиците кои беа оштетени по поплавите. Во наредниве неколку денови ќе се работи на средување на улиците и нивно тампонирање, со цел истите да се санираат да бидат во проодна состојба. Во рамки на стратегијата на кризниот штаб, Сингелиќ беше поделен на 14 реони и имаше 28 координатори, кои помагаа во координирање на активностите на терен за надминување на последиците од катастрофалното невреме и поплави“, изјави градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.
Тој додаде дека со големи напори и одлична организација, во Сингелиќ во моментов се исчистени сите улици, ѓубрето е во најголема мерка исчистено и целосно е исчистена привремената депонија којашто беше лоцирана во дворот на основното училиште.
„Поради почетокот на училишната година, оваа локација повеќе нема да се користи и доколку има потреба од траспортирање на ѓубре и градеѓен шут, истото да се прави до депонијата кај клучката во Стајковци, каде потоа истото ќе се транспортира до депонијата Дрисла“, рече Трајановски.
Градоначалникот Трајановски упати благодарност до ангажманот на 28-те координатори во Сингелиќ кои имаа големата улога во справувањето со ситуацијата и враќањето на состојбите во нормала. Тој упати и апел до граѓаните за трпение во процесот на санација на улиците, велејќи дека истите се тампонираат по приоритетна потреба и сите улици ќе бидат опфатени со оваа акција./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




