Контакт

Региони

Журка до 3 часот наутро на првата вечер на „Пивофест“

Објавено пред

Неколку илјадна публика се собра, во четврток вечер, пред главната бина на отворањето на 14. по ред „Пивофест“.
 

dobivaj vesti na viber

Неколку илјадна публика се собра, во четврток вечер, пред главната бина на отворањето на 14. по ред „Пивофест“.

 

Не пречеше ни тоа што денеска е работен ден – никој не сакаше да замине, туку до 3 часот наутро во еден глас се пееја песните на „Тропико бенд“ и се играше на заразниот ритам на „Флај проџект“.Фестивалот на пивото и на скарата почна со настапот на локалните блуз-мајстори „Кросроуд бенд“. Подоцна на сцената се качија момците од тетовскиот реге-бенд „Конкеринг лајон“, кои го донесоа и специјалниот гостин Рафаел од Јамајка. „Си поминувам одлично. Првпат сум во Македонија, но ми се допадна енергијата помеѓу нас и публиката. Пред да дојдам ми кажаа – овде има убави жени и одлична храна. Морам да признам и од двете сум многу задоволен“, изјави пејачот по настапот.Домаќините Марјана Станојковска и Жарко Димитриоски го повикаа на сцената градоначалникот Марјан Ристески, главниот „виновник“ за долгогодишниот успех на „Пивофест“, за фестивалот и официјално да биде прогласен за отворен – традиционално, наздравувајќи со кригли пиво.Градоначалникот им посака добредојде и убав помин на сите гости, кои и годинава ги има од секаде, па дури и од Кина. Ги потсети и да свртат малку на шега и на мајтап, бидејќи сепак ова е Прилеп.Некаде пред полноќ дојде ред за еден од настапите кои публиката со нетрпение го очекуваше. Српската група „Тропико бенд“ остана на сцената повеќе од два часа, а публиката во ниеден момент не престана да пее заедно со пејачот Александар Цветковиќ. „Неверојатно чувство! Чувствував колку сме поврзани со публиката, тоа е емоција што не може да се изглуми“, изјави Цветковиќ, кој не сакаше да се симне од сцената.Некаде околу еден часот по полноќ, на сцената излегоа светски познатите „Флај проџект“. Романската група започна со нивниот најголем хит „Мусика“ и го потврдија она што го ветија утрото – дека нема да направат концерт, туку најдобра журка во Македонија. Сите 30-тина штандови поставени во центарот на Прилеп беа преполни. Постојано се точеше пиво и се редеше скара, а уште повеќе народ се очекува и вечерва.На сцената ќе ги гледаме Каролина Гочева и Хари Мата Хари./крај/со/бб

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Незгода на патниот правец Бошков мост – Дебар, сообраќајот во прекин

На патниот правец Р1202 Бошков мост – Дебар поради случена сообраќајна незгода сообраќајот е во прекин, извести АМСМ. Сообраќајот на...

Свет2 часа

Израелскиот министер за одбрана: Хамнеи не треба да постои

При посетата на местото на ракетниот напад утрово во Холон, израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека врховниот лидер...

Свет3 часа

(Видео) Иран утрово испали ракети кон Израел: стотици повредени, повеќе од 70 во болница

Најмалку 240 лица беа ранети во иранските ракетни напади утрово, објави Асошиејтед Прес, повикувајќи се на израелското Министерство за здравство....

Македонија4 часа

(Видео) Клековски: Експерт за ампутации од Словенија ќе дојде за третман на повредените во Кочани кои имаат ампутирани прсти

Грижата за повредените во пожарот во Кочани ќе биде долгорочна, ќе трае онолку години колку што ќе имаат потреба и...

Свет5 часа

Нетанјаху во ракетираната болница: Мојот син мораше двапати да ја откаже свадбата поради тревогата

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, им се обрати на новинарите пред болницата Сорока во Бершеба, која претходно беше погодена од иранска...

Македонија5 часа

(Видео) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ има изгубено 100 илјади гласа досега

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва укажа на, како што рече, драматичниот пад на поддршката за ВМРО-ДПМНЕ, економскиот колапс и...

Македонија6 часа

(Видео) Тепачка меѓу советници во Општина Кочани

Советници денеска се степаа на седницата на Советот на Општина Кочани. Како што објави Радио Кочани на паузата настанал хаос...

Македонија6 часа

(Видео) Мургашанска од СДСМ: Димитриевски ме тужи затоа што јавно го обелоденив неговиот криминал

Откога му ги откривме сите скандали на Максим Димитриевски, откога јавно проговоривме за сите сомнежи за коруптивни шеми со парцели...

Македонија7 часа

Се закануваат оние што правеа упад и тепаа, вели Мицкоски по најавите за штрајк на контролорите на летање поради партиски вработувања

Партиските вработувања и трупањето несуштински кадри во услови кога нема доволно контролори на летање, според премиерот Христијан Мицкоски, не е...

Македонија7 часа

(Фото) По седум години, повторно се отвори етнокомплексот „Македонско село“

По седум години, денес се отвори етнокомплексот „Македонско село“. Премиерот Христијан Мицкоски рече дека Скопје добива уште едно туристичко место,...

Македонија8 часа

Неексплодирана артилериска граната пронајдена кај Калишта, ДЗС апелира да не се поместуваат вакви убојни средства

Неексплодирано убојно средство од минатите војни е пронајдено кај село Калишта при изведба на градежни работи во близина на кампот...

Македонија10 часа

Грција ќе екстрадира македонски државјанин, кој се сомничи за убиство на пензионер во Германија

Апелациониот суд во Солун даде „зелено светло“ за екстрадиција во Германија на македонски државјанин обвинет за грабеж, а потоа и...

Македонија11 часа

Владата: Педесетина училишта ќе добијат фотоволтаични системи

Владата соопшти кај 50. училишта во Македонија ќе се постават фотоволтаични системи во текот на летниот период. Ова се случува...

Свет11 часа

Израел нападна ирански нуклеарен реактор

Израелската армија го нападна нуклеарниот реактор во Арак (т.н. тип на тешка вода), западно од Техеран, објавија иранските државни медиуми...

Свет11 часа

(Видео) Иран погоди болница во Израел со балистичка ракета

Болницата Сорока во Бершева на југот на Израел утринава соопшти дека зградата била погодена со проектил при ирански ракетен напад...

Економија12 часа

Инженерите повикаа да престане фактурирањето врз основа на измислена потрошувачка за струја: „Регулаторната ја штити ЕВН“

Здружението Инженери на Македонија повторно се огласи по претставката што ја поднесе на 29 мај кога во сила стапи новиот Закон...

Македонија21 час

ПРП терапијата за пациентите од пожарот во „Пулс“ е достапна во Кочани, нема да мора да патуваат до Скопје

Десет лица повредени во трагедијата во „Пулс“, за првпат во болницата во Кочани, биле третирани со ПРП терапија (плазма збогатена...

Топ1 ден

Сообраќајна расправија причина за бодењата со нож во Чаир, повредени тројца меѓу кои и малолетник

Скопското обвинителство победе постапка против 18-годишно момче за инцидентот што се случи синоќа во Чаир. Од тука информираа дека постапка...

Македонија1 ден

Одбраната побара ослободителни пресуди за Кешишев, Манев, Видевски и Ѓорчевски за убиствата на Вања и Панче

Одбраната побара ослободителни пресуди за Влатко Кешишев, Велибор Манев, Боре Видевски и Александар Ѓорчевски за убиствата на Вања и Панче....

Свет1 ден

(Видео) Нов напад на Израел врз Иран

Израелската армија соопшти дека Техеран повторно е нападнат. Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека нивните воздушни сили напаѓаат воени цели...