Регион
Турција за пет месеци ќе го доврши ѕидот кон Сирија
Бетонскиот ѕид кој би требало да ги спречи илегалните преминувања на 900 километри долгата турска граница кон Сирија, ќе биде изграден до крајот на февруари, изјави во средата турски функционер упатен во проектот.
Турција веќе подолго време е под притисок на сојузниците во НАТО да ја затвори својата граница кон територијата на Сирија којашто е под контрола на ултрарадикалната сунитска групација Исламска држава. Анкара е загрижена и поради тоа што милицијата на сириските Курди, Единици за заштита на народот (YPG) го контролираат најголемиот дел од сириско-турската граница.
Изградбата на ѕидот започна во 2014 година, иако Турција ја задржа политиката на отворени граници, поради што засолниште во оваа земја најдоа меѓу два и три милиони Сиријци.
„Изградбата (на ѕидот) ќе биде готова во рок од пет месеци“, изјавил неименуван турски функционер, пренесува Reuters.
Турција со дел од групациите на сириските сунитски бунтовници коишто таа ги поддржува во август ја започна операцијата „Штитот на Еуфрат“ за истовремено да ја потисне Исламската држава подалеку од нејзината граница како и за да спречи сириските Курди кои ја предводат другата курдско-сириска коалиција против џихдистите да ги прошират териториите под нивна контрола кон турската граница./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала утрово во 05:38 часот е регистриран во Хрватска, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Според информациите од Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил на 92 километри јужно од главниот град Загреб и на 14 километри од границата со Босна и Херцеговина, кај Тржачка Раштела.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Земјотресот најмногу бил почувствуван во централна Хрватска и во дел од Босна и Херцеговина со интензитет од V-VI степени според Европската макросеизмичка скала.
Засега нема извештаи за повредени лица или за предизвикана материјална штета.
Регион
На таткото на момчето убиец од Србија му е продолжен притворот за уште 60 дена, има сомнение дека може да го повтори делото
Вишиот суд во Белград му го продолжи притворот за уште 60 дена на Владимир Кечмановиќ, таткото на момчето кое на 3 мај уби девет негови врсници и чувар во ОУ „Владислав Рибникар“.
На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот поради сомнение дека доколку биде пуштен на слобода за краток временски период ќе го повтори кривичното дело, како и поради тоа што постои основано сомнение дека сторил кривично дело за кое е пропишана затворска казна над десет години, а начинот на извршување и сериозноста на последиците од кривичното дело доведоа до вознемиреност кај јавноста што може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка, соопштија од тој суд.
Во обвинението за тешко кривично дело против општата безбедност се товари Владимир К., а за сторено кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи, мајката на момчето Миљана К.
Регион
„Мислев дека регалот ќе падне врз мене“ – жена од Србија сведочи за силниот земјотрес
Земјотресот беше многу силен. Кратко, но силно, вели вознемирената Мила Петровиќ од Кладово – место кое утрово го погоди силен земјотрес.
Како што опишува преплашената жена, земјотресот ја исплашил и неа, но и останатите жители на Кладово.
„Мислев дека регалот ќе падне врз мене. Немаше време за бегство никаде. Сè се тресеше многу. За среќа, тоа беше кратко. Кога се смири, сите излегоа на улица“, раскажува таа за Телеграф.рс.
Земјотресот бил со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 11 километри.
Колку бил силен, сведочи и фактот што бил почувствуван во Заечар, Неготин, Доњи Милановац, Бор и други градови на истокот на Србија, а некои граѓани го почувствувале и во Ниш.
„Почувствував земјотрес, се тресеше мебелот во куќата“, „Бев во кревет кога почна тресењето“, напишаа граѓаните.