Надворешна политика
Средби на Груевски со повеќе политичари и премиери присутни на самитот во Индија
Премиерот Никола Груевски, во недела на маргините на глобалниот самит “Вибрант Гуџерат” кој се одржува во градот Ахмедабад, Република Индија, оствари билатерални средби и разговори со повеќе политичари и премиери кои учествуваа на самитот.
Премиерот Груевски оствари средба со премиерот на Индија, Нарендра Моди, на која беа констатирани добрите политички и економски односи меѓу двете земји, кои во последниот период бележат интензивирање што дополнително придонесува за зајакнување на пријателството меѓу двете држави. Двајцата соговорници разменија мислења за можноста за продлабочена економска соработка.
Груевски го информираше својот соговорник за мерките и реформите кои се превземаат на економски план. Тој посочи дека се спроведе реформата регулаторна гилотина со кој се скратија илјадници бирократски процедури, а добар дел од нив и во целост се укинаа. Ја образложи и даночната политика која ја води државата при што потенцираше дека Македонија е држава со најниски трошоци за водење бизнис во Европа, како и постоењето на рамен и низок данок при што персоналниот данок на доход и данокот на добивка изнесуваат 10%. Премиерот ги објасни и поволните услови за инвестирање и во технолошко индустриските развојни зони при што потенцираше пред индискиот премиер дека индиските компании се добредојдени за инвестирање. Премиерот Груевски го покани својот индиски колега во наредниот период да ја посети Република Македонија.
Премиерот на Индија Моди изрази задоволство што двете држави имаат нагорен тренд на развој на меѓусебните односи и на билатерален и на мултилатерален план. Тој искажа благодарност што премиерот Груевски ја посети Индија и што зеде учество на престижниот самит во Ахмедабад. Истакна дека Индија е насочена кон дисперзирање на својот капитал надвор од границите при што Европа е еден од тие центри и го изрази своето задоволство што и Република Македонија исто како Република Индија има интерес за продлабочување на соработката.
Двете држави пред извесен период потпишаа меѓусебни договори за одбегнување на двојното оданочување и заштита на инвестициите, а на средбата двајцата премиери искажаа подготвеност за иницирање на постапка за потпишување на договори за економска соработка, за соработка во земјоделието и во областа на културата.
Премиерот Никола Груевски на маргините на самитот оствари билатерална средба и со премиерот на индиската држава Гуџерат која е и домаќин на денешниот самит, Анандибен Пател. Премиерот Груевски оствари и разговори со претседателот на Светската банка, Џим Јонг Ким со кого ја констатираа одличната меѓусебна соработка која постои во однос на реализација на повеќе актуелни проекти. Разговор беше остварен и со државниот секретар на САД, Џон Кери, генералниот секретар на Обединети нации, Бан Ки Мун, како и со повеќе други премиери, министри, и извршни директори на компании кои беа присутни на самитот. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.