Надворешна политика
Груевски: Можностите не доаѓаат сами од себе, тие требаат да се креираат
Премиерот Никола Груевски во недела се обрати на отворањето на глобалниот престижен самит “Вибрант Гуџерат”, што од 11 до 13 јануари се одржува во градот Ахмадабад, Република Индија.
Станува збор за реномиран и угледен самит чија цел е зајакнување на економските врски, продлабочување на економската и политичка соработка и унапредување на индустријата и трговската размена меѓу државите. Самитот го отвори премиерот на Република Индија, Нарендра Моди, а меѓу учесниците на овој самит беа и генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун, државниот секретар на САД, Џон Кери, претседателот на Светската Банка Џим Јон Ким, претставници на глобални корпорации, извршни директори на компании и извршните директори на најголемите компании во Индија.
Груевски во своето обраќање пред присутните подвлече дека присуството на светски политички и економски лидери, како и учеството на мноштвото на академици и експерти, го прави овој самит одличен форум за дебата, за споделување на знаењето и искуствата и зајакнување на меѓусебните врски.
Тој посочи дека Индија како 10- та најголема држава во светот по растот на номиналниот бруто домашен производ и глобално како една од најбрзо растечките економии, придонесе значително за растот на светската економија во период на тешки времиња во 2007 и во 2008 година, кога имаше силни последици во Светската економска криза.
Груевски во обраќањето се задржа и на искуството на Република Македонија и главниот фокус на државата во водењето на политиките.
„Нашиот глобален свет можностите не доаѓаат сами од себе. Tие требаат да се креираат. Затоа потребно е да се биде инoвативен и да се продолжи со унапредување на перформансите и можностите. Тоа беше и движечката сила на сите клучни политики кои се спроведоа во последните неколку години во Македонија. Со особен фокус на овозможување на добра бизнис клима, инвестирање во инфраструктурата, поддршката и силни реформи во образованието, и администрацијата, и поддршка на иновациите, технолошкиот развој и владеењето на правото“, изјави премиерот Груевски.
Македонскиот премиер ги потенцираше и добрите резултати кои државата ги постигна на полето на економијата, а кои беа препознаени и од реномирани институции како Светската Банка која во извештајот Дуинг Бизнис Македонија ја рангираше како лидер во Југоисточна Европа и 30-та во светот од 189 економии. Според истиот извештај за започнување на бизнис Македонија е рангирана како 3-та во светот и прва во Европа. Од аспект на заштита на инвестициите Македонија е рангирана како 21- ва во светот и прва во регионот, истакна премиерот Груевски и додаде дека Македонија е број еден во светот по најниските даноци, а сето ова веќе го препознаат голем број на компании кои се одлучија да инвестираат во државата.
На крајот премиерот Груевски ги покани присутните да ја посетат Република Македонија.
“Големото чувство за гостопримство и срдечниот менталитет се уште една точка која ја споделуваме со нашите индиски пријатели, исто како што ја споделуваме една од најхумани личности кои ја одбележаа нашата ера: Мајка Тереза родена во Македонија, во Скопје и почитувана во Индија и во светот”, изјави Груевски.
За првпат држави партнери на овој настан кој се одржува во Индиската држава Гуџерат се осум други држави меѓу кој САД, Велика Британија, Јапонија, Холандија, Канада, Австралија, Сингапур.
Државниот секретар на САД Џон Кери во своето обраќање пред присутните изјави ”судбината на ваквите партнерства се извонредни, синџирот на снабдување на услуги и сервиси не се состои само во односите на една држава со друга, туку помеѓу повеќе различни држави. Ова е вистината и ова е она што е важно од еден ваков самит- можеме да направиме многу повеќе сите заедно, и мора да направиме и мора многу побрзо, и затоа сум тука, затоа што ве уверувам дека економските односи се посилни во секој поглед”. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.