Контакт

Региони

Дебар доби повеќенаменско игралиште

Објавено пред

Во рамките на „ Проектот за изградба на 100 повеќенаменски игралишта низ целата држава“ денеска во Дебар, беше предадено во употреба повеќенаменско игралиште.

dobivaj vesti na viber

 

 

На свеченоста присуствуваа министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, заменик генералниот секретар на Владата Тахаир Хани, градоначалникот Ружди Љата, пратеници, претставници на инситуции и граѓани.

 

„Огромно задоволство ми е што денеска го промовираме овој објект кој е резултат на една добра соработка меѓу локалната власт и Владата. Ова  претставива посебен пример дека може да се соработува, да се изнајдат сили и да се придонесе младите во Дебар, без оглед на која национална или верска припадност се, да им се даде простор онака како што заедно живеат, така и заедно да спортуваат, да бидат добри, здрави и успешни. Ако животот ги разделува луѓето, спортот е тој кој ги обединува“, рече градоначалникот Љата, упатувајќи апел до Владата да инвестира повеќе во овој регион во секој сегмент.

 

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески  покрај другото соопшти уште една добра вест за дебрани, а тоа е изградбата на тениско игралиште, што ќе значи опфат на Дебар во проектот за изградба на 120 тениски игралишта во државава.

 

„Верувам дека во иднина ова место ќе биде вистински дом на спортот и ќе претставува одлична поддршка за реализација на спортските активности на општината и на клубовите. Верувам дека младите своето слободно време ќе го помуинуваат тука, натпреварувајќи се меѓу себе и учејќи ги вредностите на спортот и почитта кон противникот“, рече Спасески.

 

Според него, поевеќенаменското игралиште ќе може да се користи за мал фудбал, кошарка, серва, ракомет и други игри. Тоа е е 34-то по ред од 100-те кои се предвидени да се изградат во целата држава.

 

„Владата продолжува да инвестира во вакви повеќенаменски игралишта, продолжува да инвестира во 180 спортски сали, да ивестира во 120 тениски игралишта, продолжува да инвестира во 50 фудбалски игралишта. Сето ова го правиме со цел да можат младите генерации, идните генерации да се грижат за своето тело,да имаат можност каде да спортуваат, да имаат можност каде да се развиваат правилно и да можат оние кои се најталентирани да продолжат да градат своја кариера со што ќе го претставуваат не само Дебар, не само овој региот, туку и Македонија, бидејќи спортистите се најдобри амбасадори на својата земја во светот, рече Ивановски.

 

Тој нагласи дека на ова повеќенаменско игралиште ќе се создаваат мултикултурни друштва, ќе се создава дружење меѓу Македонците, Албанците, Турците, Бошњаците, меѓу  кој било што живее тука и ќе го користи овој терен.

 

„Сепак ние сме Македонија која што сме мултикултурно општество, каде со години се докажуваме дека сме едни од подобрите, каде што можеме да им докажеме на сите оние наши непријатели дека во Македонија има соживот меѓу Муслиманите и Христијаните, меѓу Албанците, Македонците и Турците дека не постои надворешен фактор кој може тој соживот да го наруши“, рече Ивановски.

 

Заменик-генералниот секретар на Владата Тахир Хани очекува дека младите во Дебар сега кога имаат услови слободното време повеќе да го посветат на спорот, заедно да спортуваат, да другаруваат и да постигнуваат резултати.

 

Новото повеќенаменско игралиште се наоѓа во населбата „Венец  два“ со димензии 45×28 метри и е изградено според светски стандарди. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Меџити: Вреди ќе се менува, платформата станува партија

Од платформата Вреди наскоро ќе произлезе нова политичка партија, која ќе настапи обединето на претстојните локални избори. Како што најави...

Свет2 часа

Откриен големиот воен проект на Трамп, Илон Маск е вклучен во сѐ

Компанијата на Илон Маск, заедно со партнерите „Palantir“ и „Anduril“, моментално е еден од главните кандидати за развој на клучните...

Македонија4 часа

Г.г. Стефан: Страдањето во Кочани нè соочи со суровата стварност на смртта, само надежта во воскресението ни даде утеха

Овогодишниот Велигден го доживуваме поразлично од досега, по страшниот пожар во Кочани во кој пострадаа шеесетина наши чеда, а повеќе...

Македонија4 часа

Сиљановска-Давкова: Од велигденската светлина да црпиме сила за солидарност и човечност

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, упати велигденска честитка до поглаварите на верските заедници и до сите верници од христијанска вероисповед...

Македонија7 часа

Христос воскресе објавено во полноќните литургии, црквите преполни со верници

Православните верници денеска го одбележуваат најголемиот христијански празник – Велигден, денот на Христовото воскресение, кога, според верата, Исус Христос ја...

Македонија7 часа

Сончево и топло низ целата земја, температури до 27 степени

По нестабилностите од претходните денови, денес ќе има стабилизација на времето во целата држава. Ќе биде сончево и топло, со...

Свет19 часа

За Зеленски велигденското примирје на Путин е нова манипулација

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази скептицизам во врска со едностраниот велигденски прекин на огнот, објавен денеска од рускиот претседател Владимир Путин. Во...

Свет21 час

Путин објави велигденско примирје

Рускиот претседател Владимир Путин објави велигденско примирје и запирање на сите воени операции, соопшти Кремљ. – Руската страна, водејќи се...

Македонија24 часа

Родителите на децата загинати во пожарот во Кочани: Живееме за да одиме на гробишта, да си помуабетиме со нашите деца

Обвинители, дали нашиот молк, тишината и тагата по нашите деца, кои се убиени, ви даде право да ослободите лица кои...

Топ1 ден

Деветнаесетгодишно момче загина откако со БМВ излета од пат

Момче на 19-годишна возраст од село Миравци, загина утрово околу четири часот кога со автомобил БМВ, што го управувало, излетало...

Топ1 ден

МВР го објави идентитетот на загинатите во тешката сообраќајка

На 18.04.2025 во 20.40 часот во ОВР Кичево e пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај место викано „Сеферов бунар“,...

Македонија1 ден

Тошковски: Голема неприлагодена брзина е причината за сообраќајката во која загинаа три лица

Голема неприлагодена брзина е причината за трагедијата која вчера се случи на патот Кичево-Гостивар, а во која загинаа три лица....

Македонија1 ден

Со протестен марш на семејствата, ќе се бара правда за настраданите во пожарот во Кочани

Во Кочани за денеска во 12:05 часот е најавен нов протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката...

Топ1 ден

Три лица загинаа, а осум се повредени во сообраќајната несреќа на патниот правец Кичево-Гостивар

Три лица загинаа, а осум се повредени во сообраќајната несреќа што вчера вечерта се случи на патниот правец Кичево-Гостивар. Од...

Македонија2 дена

Велигден е тука, но нашите деца ги нема, не прашува ли некој нас како ги минуваме деновите, пишува Златкова, мајка на загинато момче во дискотеката во Кочани

Велигден е тука, но нашите деца ги нема. Престанаа да им чукаат срцата, ги закопавме во црната земја. Некои биле...

Топ2 дена

Одземени возила: биле користени во „диви“ трки во Куманово

На 16.04. и 17.04.2025 во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје се одвиваат диви трки со...

Македонија2 дена

Синдикатот на културата разочаран од Љутков: вработените останаа без плата за најголемиот христијански празник

Секој март од 2021 па наваму, кога се коригира минималната плата и кога платите во културата треба да се усогласат...

Македонија2 дена

Наместо куќен притвор, мерки на претпазливост за двајца поранешни инспектори на ДПИ, иста мерка и за лице од дискотеката

Основното јавно обвинителство Кочани, постапувајќи во предметот во врска со пожарот во кабаре клуб “Пулс”, до Основниот суд во Кочани...

Топ2 дена

Се задушил од запалена плинска боца: пронајден починат маж во Кавадарци

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека пожар во урбана средина бил трагичен за повозрасно лице во Кавадарци. Од...

Македонија2 дена

Историја без Албанци-Новата програма за седмо одделение ги исклучува од учебниците, реагираат од ДУИ

Новата програма на Бирото за развој на образованието при Министерството за образование и наука за предметот „Историја и општество“ за...