Региони
Општина Штип потпиша договор за соработка со Пакомак
Компанијата Пакомак во петокот потпиша двегодишен договор за соработка со општина Штип, за ефикасно организирање на одделното собирање на отпадот од пакување, кој се создава на подрачјето на општина Штип.
Договорот предвидува соработка во делот на примарната селекција, во поставување на садови за селекција на отпадот, но и во секундарна селекција на тој отпад на соодветна постројка, во дополнително обработување на отпадот од пакување со цел да се додаде крајна вредност на истиот.
Со овој договор Пакомак се обврзува да вложи четири милиони денари во општина Штип, а исто толку сопствени средства за оваа намена ќе вложи и општината , изјави градоначалникот на Штип Илчо Захариев.
Сите договорени активности се во согласно со Законот за управување со пакување и отпад од пакување, со цел да се организира ефикасен систем за собирање на отпадот, селектирање и преработка на отпадот од пакување.
Изминатава година Пакомак и донираше на општината 70 контејнери за пластика од 1,1 м3 и преса, што заедно со следните активности севкупно ќе придонесе кон подобрување на комуналната инфраструктура во градот. Оваа година беа собрани 70 тони амбалажен отпад, а екологијата и здравата животна средина и понатаму ќе бидат еден од нашите најголеми приоритети. Сакаме Штип да биде “зелен” град, и токму поради тоа и во иднина ќе правиме се што е во нашите можности да ја подобриме инфраструктурата, изјави Захариев.
“Пакомак и понатаму ќе продолжи со инвестиции во комуналната инфраструктура во оптината, како и во другите градови низ републикава. Со инвестиците кои ќе бидат реализирани во следниве две години, очекување значајно да се подобри состојбата, и дека на различни локации ќе има барем по еден контејнер за амбалажен отпад, пред се ПЕТ, хартија и лименки., како и специјализирани возила кои ќе ги опслужуваат. Амбалажниот отпад учествува со 70% во волуменот на вкупниот отпад кој го фрлаат граѓаните. Секако и граѓаните треба да дадат свој личен придонес, односно во одделна кеса да ги собираат пластичните шишиња, лименки и хартија и да ги фрлаат во посебен контејнер, најчесто жолт или син по боја, се разбира во оние место каде нив ги има. Со тоа сите Ние заеднички придонесуваме да имаме почиста земја, правејќи заштеда на природните ресурси, енергија и почва“, изјави Филип Ивановски директор на Пакомак. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Региони
Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево
Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.
Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.
„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.
Македонија
(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни
На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.
„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.
Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.
Македонија
Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман
При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.
„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.
Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.
Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.