Регион
Расте бројот на жртвите во Анкара – 30 убиени во двете експлозии

Триесет луѓе се убиени а 126 се ранети во двете експлозии кои одекнаа во саботата околу 10 часот на излезот од главната железничка станица во турската престолнина Анкара, објави министерството за внатрешни работи во новите податоци кои предизвикаа гнев кај демонстрантите поради што полицијата морала да пука во воздух, пренесуваат агенциите.
Ранетите се префрлени во неколку болници во Анкара по експлозиите коишто одекнаа откако на железничката станица се собираа луѓе на повик на синдикатите и невладините организации кои требаа да одржат во саботата мирен протестен марш во главниот град на Турција.
Демонстрантите кои пристигнувале на повикот на опозициската левица и се собрале поддржувачи на Демократската народна партија (HDP), извикувале „полицајци убијци“ додека безбедносните сили ги смирувале и пукале во воздух, пренесува AFP.
Функционери на турската влада изјавија претходно дека станува збор за терористички напад, и оти ги истражуваат наводите на очевидци дека за нападот се одговорни најмалку двајца бомбаши-самоубијци,
Турскиот премиер Ахмет Давутоглу точно напладне го започна состанокот со министрите за внатрешни работи и за здравство, со главните луѓе на Анкара и со шефовите на безбедносните служби.
Планираниот марш требаше да се одржи под мотото „Труд, мир, демократија“ во знак на протест против разгорениот конфликт меѓу турската држава и забранетата милитантна организација Работничка партија на Курдистан (PKK) ви југоисточна Турција.
Насилствата меѓу турските безбедносни сили и герилците на PKK избувнаа во јули по неколку инциденти по што Анкара започна со воздушни напади врз герилските кампови во источен Ирак, под изговор дека мора да се брани од герилските напади на курдските сепаратисти. Во овие судири на двете страни загинаа над илјада луѓе, и со што дефинитивно се урнаа обидите за постигнување примирје меѓу двете страни по бунтот на PKK започна во 1980-те година во кој досега загинаа околу 40 илјади луѓе.
Саботните напади се случија три седмици пред парламентарните избори во Турција, која е во неповолна ситуација и затоа што на југоистокот од земјата ѝ се закануваат екстремистите од сунитската терористичка организација Исламска држава којашто освои големи делови од соседните Сирија и Ирак./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Тројца загинати и седум лица во тешка состојба по превртување на автобус кај Сремска Митровица

Состојбата на повредените во тешката сообраќајна несреќа што се случи кај Сремска Митровица, во која животот го загубија три лица, и понатаму е сериозна, изјави денеска директорот на Општата болница во Сремска Митровица, д-р Војислав Мирниќ.
„Хоспитализирани се 39 пациенти. Од нив, седум се со потешки повреди и се наоѓаат на одделенијата за интензивна нега, додека 15 пациенти се подготвени за отпуст,“ рече Мирниќ.
Тој прецизираше дека 13 пациенти од Одделението за општа хирургија и двајца од Одделението за ортопедија се во стабилна состојба и наскоро ќе бидат пуштени дома.
„Се врши дополнителна дијагностика за сите пациенти, а во наредните 48 часа очекуваме уште дел од нив да бидат подготвени за отпуст. Посетите во болницата се дозволени од 14 до 16 часот,“ додаде Мирниќ.
Во несреќата, која се случила на патот меѓу Сремска Митровица и селото Јарак, загинале три лица – две на самото место и едно во болница, од последици на тешките повреди.
Вкупно 61 патник бил прегледан во митровачката болница, а 39 лица биле задржани на лекување. Осуммина се на интензивна нега, дваесетмина на општа хирургија, а единаесетмина на ортопедија.
Еден пациент е префрлен во Ургентниот центар во Нови Сад, а друг во Белград на понатамошно лекување.
Автобусот на превозникот „Сирмиум бус“, кој превезувал работници, под засега непознати околности излетал од патот и се превртел. Возачот на автобусот, Д. К. (1955), е уапсен поради сомнение дека ја предизвикал несреќата во која загинаа три лица. Нему му е одредено задржување до 48 часа, по што ќе биде изведен пред надлежното обвинителство со кривична пријава.
Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.