Регион
Резиденцијата на романскиот диктатор Чаушеску отворена за јавноста
Поранешната резиденција на романскиот комунистички диктатор Николае Чаушеску во престолнината Букурешт во саботата првпат беше отворена за јавноста, 26 години по падот на комунизмот и неговата егзекуција.
„Пале Примаверии (Пролетниот дворец) мора да биде покажан на јавноста и отворен за романскиот народ, кој мора да се помири со својата историја и да го запознае своето минато“, изјави министерката Виолета Александриу на отворањето.
Во поранешната елитна населба на комунистичката номенклатура, Пролетниот дворец е изграден во периодот меѓу 1964 и 1965 година, и уредена според вкусот на Елена и Николае Чаушеску.
Според соопштението на властите, брачната двојка и нивните деца Зое, Валентин и Нику во неа престојувале од 1965 до декември 1989 година, кога побегнаа од главниот град по уличните протести кои се претворија во крвопролевање. Уапсени беа неколку часа подоцна.
Резиденцијата која во саботата бесплатно ја посетија повеќе од 300 лица, долго беше користена за сместување на странските официјални гости. На продажба беше понудена во 2014 година, но не привлече големо внимание на потенцијалните купувачи. Од 19-ти март, посетителите ќе може да ја разгледуваат за влезница од 30 леи, или 6,5 евра.
Луксузната вила има 80 соби украсени со огледала од мурано стакло и разни луксузни украси, како лустери и мозаици кои лично ги избирала Елена Чаушеску, а во неа е уреден и внатрешен базен, кино сала, импресивна гардероба, подземен бункер и градина по која се шетаат пауни, а се простира на вкупно 14.000 квадратни метри.
Во февруари годинава Народниот дворец, уште една импресивна градба подигната по наредба на Чаушеску, беше отворена за виртуелни посети. Со илјадниците простории, во кои некогаш работеле 100.000 службеници, дворецот до денес предизвикува и гнев и восхит кај Романците.
Заживеаното интересирање за комунистичкиот период и очигледното омекнување на ставот кон омразениот режим доаѓа во времето кога многу Романци сметаат дека состојбата во земјата не се поправила многу од падот на Чаушеску, коментираше во саботата британски BBC./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ја уби својата партнерка, па нејзиното тело го скри во замрзнувач: српската полиција го фати 43-годишниот убиец
Полицијата во Лесковац го уапси Д. Д. (43) од Печењевац, осомничен за тешко убиство на својата 36-годишна партнерка. Тој е осомничен дека ја убил на 2 ноември во семејната куќа по што избегал. Одреден му е притвор до 48 часа и ќе биде приведен во Вишото јавно обвинителство во Лесковац со кривична пријава, пишува српски „Телеграф“.
Злосторството што ја потресе Србија беше откриено кога полицијата го пронајде телото на Катарина Глигориевиќ скриено во замрзнувач. Нејзиниот вонбрачен партнер Далибор Демировиќ веднаш беше осомничен за убиството.
Во времето на бегство Демировиќ наводно бил во домашен притвор со електронски мониторинг за друго кривично дело.
Тој бил ставен во домашен притвор за напад врз службено лице, полицаец, врз кого наводно фрлил ограда од тераса. Сепак, локалните жители се сомневаат во оваа верзија.
фото: принтскрин
Регион
Прогласена четиридневна жалост по трагедијата во Тузла
Тузла е обвиена во тага по вчерашниот пожар во дом за стари лица, во кој животот го загубија 11 мина. Поради оваа голема трагедија, една од најголемите во поновата историја на градот, градоначалникот Зијад Лугавиќ прогласи четиридневна жалост, што почнува денес, пишува „Кликс.ба“.
Голем број луѓе добиле со полесни и тешки повреди во пожарот. Според последните информации, 15 пациенти сè уште се во болница. Состојбата на четворица од повредените е исклучително сериозна и тие се поврзани на респиратори.
Со одлука на градоначалникот, денови на жалост во Тузла ќе бидат денес, утре, сабота и недела. Во овој период јавноста треба да се придржува до пропишаните правила. Четврток е прогласен за ден на жалост на ниво на Федерацијата на Босна и Херцеговина и округот Брчко.
фото: принтскрин
Регион
Бугарија се подготвува за продажба на рафинеријата на „Лукоил“
Партијата ГЕРБ во Бугарија планира да предложи закон што ќе му овозможи на специјален администратор да ја спроведе продажбата на рафинеријата на „Лукоил“ во Бургас, најголемиот објект за преработка на нафта во земјата.
Иницијативата доаѓа во време кога САД и Велика Британија воведоа нови санкции против руските нафтени компании, вклучувајќи го и „Лукоил“, поради војната во Украина.
Законот, како што објави денес локалниот бугарски медиум „Медијапул“, ќе му овозможи на специјалниот администратор да го преземе надзорот врз рафинеријата во Бургас и да донесува одлуки за продажбата, без право на рускиот сопственик да ја блокира одлуката, да ја оспори или да влијае на процесот, што би овозможило промена на сопственичката структура на рафинеријата и зачувување на нејзиното работење според новите услови на меѓународни санкции, пренесе „Б92“.
Лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов изјави дека постои логика во ова решение и најави дека нацрт-законот ќе биде доставен до парламентот.
Целта е да се обезбеди непречено функционирање на клучната енергетска инфраструктура во земјата почитувајќи го режимот на санкции од Западот, објавува „Ројтерс“.
Рафинеријата во Бургас, со капацитет од речиси 190.000 барели дневно, е од стратешко значење за снабдувањето на Бугарија и делови од регионот.
Владата на Софија објави дека е во постојан контакт со американските институции за да може работењето на рафинеријата да продолжи и покрај санкциите.
„Лукоил“ веќе се соочува со тешкотии во меѓународните операции поради ограничувања што влијаат на логистиката, трговијата и финансиските текови.
Компанијата, според изворите, имала проблеми со товарење во Ирак, пумпни станици во Финска и со тргување во Швајцарија.
Министерството за финансии на САД издаде привремена дозвола, што им овозможува на компаниите да ги прекинат постојните трансакции со „Лукоил“ до 21 ноември.

