Регион
Бундестагот го услови отворањето на првото поглавје на Србија со ЕУ
Пратениците на Христијан-демократската унија (ЦДУ) во Бундестагот, на Србија и поставиле два услови кои земјата мора да ги исполни за да го отвори првото поглавје од преговорите со Европската унија (ЕУ), пишува српскиот весник Danas.
Според српскиот весник, повикувајќи се на дипломатски избори, пратениците Андреас Шокенхоф и Ханс Јоаким Фаленски порачале дека првото поглавје од преговорите за пристапувањето на Србија во ЕУ, нема да биде отворено се додека Бриселскиот договор во целост не биде применет, и додека не бидат пронајдени и санкционирани одговорните за палењето на германската амбасада во февруари 2008 година.
Шокенхов, лидер на делегацијата од Бундестагот, отворено ставил до знаење дека „нема да има купување на време“ и дека Бриселскиот договор мора да се примени, истакнувајќи дека Белград минатата година се обврзал да го направи ова до декември 2013 година.
„Германските пратеници биле доста остри и потенцирале дека кога Берлин ќе каже нешто, тоа и го мисли, односно дека нема да се повлече од своите пораки. Така, нивните пораки не се изненадување“, објасниле изворите на Danas.
Александра Јерков, пратеничка на српската Демократска партија, која присуствувала на средбата со Шокенхоф и Фаленски, потврдила за Danas дека тие најмногу инсистирале на исполнување на двата услови.
„Претставниците на Бундестагот рекоа дека нема никакви нови барања за напредокот на Србија на патот кон ЕУ, но дека мора да се исполнат седумте претходно поставени услови. Во тој контекст, тие инсистираа на целосно спроведување на Бриселскиот договор, нагласувајќи дека се незадоволни поради тоа што српската Влада се обврзала ова да го направи до декември минатата година. Истовремено, укажале дека е неопходно да се пронајдат и казнат одговорните за палењето на германската амбасада“, навела Јерков.
Од српската Влада изјавиле дека германските пратеници за време на средбата со српскиот премиер Александар Вучиќ „покажале разбирање за политичките и економските потешкотии со кои Србија се соочува“, и дека се разговарало за економски прашања и за конкрените реформски чекори кои српската Влада планира да ги направи./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

