Сцена
Концерт на гудачкиот квартет „Мивос“ во Музеј на град Скопје
Концерт на гудачкиот квартет„Мивос“ – САД, ќе се одржи во среда во 20 часот, во Музеј на Град Скопје.
На програмата свои македонски премиери ќе доживеат делата на Фелипе Лара, Дејвид Бринјар Францон и Роберт Хонстајн, заедно со светските премиери на квартетите на Маријана Јаневска и Валентина Велковска-Трајановска, како и често изведуваниот квартет „Распеви“ од Гоце Коларовски.Составен дел од проектот е и предавањето на тема „Екстензивни техники на гудачките инструменти“ кое на 5 април ќе се одржи во Концертната сала на Факултетот за музичка уметност – Скопје, со почеток во 11 часот. Квартетот Мивос, “еден од најхрабрите и најинтензивни нови музички ансамбли во Америка “(TheChicagoReader), е верно посветен на изведувањето дела од современи композитори, пласирајќи нова музика на публика од различна структура. Од самите почетоци во 2008година, квартетот изведува и тесно соработува со секој пат побројна група меѓународни композитори кои презентираат повеќеслојна естетика на современи класични композиции. Основната нишка на мисијата на овој квартет се всушност самите нарачки на композиции, како и нивните премиерни изведби; Мивос има изведувано дела од композитори во подем или пак веќе реномирани композитори вклучувајќи.Како дополнение на нивната работа на меѓународно ниво, Мивос е активен и во едукација со водење работилници насекаде во светот. Квартетот исто така ги одржува годишните Мивос/Кантер награди за композиција на гудачки квартет, основани за да ги поддржат младите композитори, а и оние во подем, како и да го охрабрат континуираниот интерес за компонирање нови дела наменети за гудачки квартет.Покрај идејата за прошируваање на репертоарот напишан за гудачки квартет, Мивос исто така се залага за соработка со гости изведувачи, истражувајќи мултимедијални проекти кои вклучуваат и видео и електроника во живо, создавајќи оригинални композиции и аранжмани за квартет, воедно и изведба на импровизирана музика.Членовите на Мивос се: виолинистите Оливија Де Прато и Џошуа Модни, виолистот Виктор Лори и челистот Мариел Робертс. Од нив, секој посебно е познат по својот индивидуален извонреден глас во современата музика, како и по честите изведби со водечки ансамбли во новата музика, вклучително и асамблите Сигнал, Виктоар и Вет Инк. Сите се дипломци на програмата Мајстори за современа изведба на Школата за музика на Менхетен. Овој проект е поддржан од Mid Atlantic Arts Foundation преку USArtists International во парнерство со Националната донација за уметност и фондацијата Ендру В.Мелон. Влезот е слободен./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Соопштени наградите на МТФ Денови на комедија Куманово 2023
Жирито на 26 МТФ Денови на комедија 2023 Куманово во состав на претседателка Магдалена Ризова Черних и членови: Драгана Гунин, Кети Пауновска Стевковска, Петар Андоновски и Стефан Јакимовски ги донесе следниве одлуки за награди на Фестивалот:
- Најдобра претстава „Чекајќи го лекарот“ Театар Лесковац, Србија;
- Најдобра режија Дамјан Тенев „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија;
- Најдобра актерка Наталија Теодосиева „Илуминати“ Театар комедија – Скопје;
- Најдобар актер Александар Степанулески „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
- Најдобра споредна улога Бранко Атанасов „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
- Најдобра сценографија Радостина Тодорова „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија;
- Најдобра костимографија Раде Василев и Елена Вангеловска „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје
Култура
Претставата „Народен непријател“ гостува на два меѓународни фестивала во Црна Гора
Македонскиот народен театар во јули со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, ќе гостува на два меѓународни фестивала во Република Црна Гора.
Од 5 јули до 22 август ќе се одржи XXXVII фестивал „Град театар“ во Будва, кој оваа година е со слоганот „Сила, храброст и глупост“. Во текот на 49-те фестивалски дена на овој престижен собир на уметности ќе настапат околу 620 учесници во драмската, литературната, музичката и визуелната уметност, а нашата претстава ќе биде изведена на 16 јули во 21 часот.
Програмата е конципирана на повеќе локации: на сцената меѓу црквите, во црквата „Санта Марија“, Плоштадот на поетите, улиците на Стариот град, на платото пред хотелот „Авала“ и во амфитеатарот на манастирот „Стањевиќи“.
Второто гостување ќе се биде на XVIII меѓународен театарски фестивал „Пургаторије“ – Тиват, а покрај скопската претстава, чија изведба е закажана на 18 јули на летната сцена со почеток во 21.30 часот, во натпреварувачката програма ќе учествуваат уште 8 (осум) претстави од Белград, Загреб, Нови Сад, Подгорица, Тиват и од Сплит.
„Народен непријател“, во која играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска/Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски/Григор Јовановски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски, совршено кореспондира со кризата со која повторно се соочува нашето општество. Доктор Стокман е ангажиран маж, но е и идеалист, кој верува дека промената е можна и дека е неопходна итна жртва колку и да е тоа болно, а Ибзен е вешт и ги покажува механизмите како поединецот да зборува за системската неправда и автоматски се карактеризира како предавнички.
ПР
Култура
МНТ со „Нема да биде крај на светот“ гостува во Италија
Копродукциската претстава „Нема да биде крај на светот“ на Македонскиот народен театар, Перипетија продукција – Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР – Сараево, ќе учествува на италијанскиот фестивал „Монте Сакро“ во Фоџа.
Фестивалот „Монте Сакро“ (Monte Sacro) потекнува од Апулија во областа Гаргано, а се одржува во спомен на младиот прерано починат писател Матео Латино. Фестивалот е во режија на композиторот Артуро Анекино и има цел да ги вкрсти различните јазици на уметноста.
Фестивалот на музика, танц и театар – „Монте Сакро“, ја препозна режисерската и естетската актерска игра на Дарја Ризова, Саша Ханџиќ и Џана Џаниќ, која пред италијанската публика ќе се одигра на 25 јуни.
„Нема да биде крај на светот“ од својата премиера до денес е една од најнаградуваните претстави, а до сега доби повеќе од 10 (десет) награди.