Црна хроника
Кривична пријава за поранешен директор на охридска “Проаква“

Поранешен директор на охридското претпријатие „Проаква“ доби кривична пријава за злоупотреба на службената положба.
о текот на 2011 година отуѓил целосно амортизирани пикап возило „застава-поли“, возила „волга“ и „хундаи соната“ како и еден багер производство на „Радое Дакиќ“.За истите од страна на купувачите не биле уплатени парични средства на сметка на претпријатието при што за вредноста на овие основни средства го оштетил претпријатието.Доколку горенаведените основни средства би се продавале на пазар како старо железо нивната продажна вредност во времето на отуѓување била 242.000 денари од кои, по пат на компензација за багерот наплатени се 123.000 денари при што јавното претпријатие е оштетено за износ од 129.000 денари.При преглед на финансиските картици констатирано е дека трите пикап возила ги нема во книговодствената евиденција и дека истите со посебни машини, без документација туку само со усна наредба на пријавениот биле подигнати од „Отпад Охрид“. Во книговодствената евиденција немало доказ за евентуална продажба и на возилото „хундаи соната“ кое подоцна било пронајдено кај автомеханичар во струшкото село Велешта.Во врска со одлуката за формирање на тричлена комисија која била овластена да формира продажна цена на основните средства по пат на наддавање/лицитација, констатирано е дека трите члена воопшто не биле информирани дека се избрани во таа комисија, ниту, пак, од службата добиле решенија дека се назначени членови на таа комисија. Тоа значи дека истите не биле запознаени околу продажбата на основните средства, а решението било изготвено само од формален–правен аспект./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.