Скопје
Населбата 13 Ноември ќе добие обновен систем за наводнување на зеленилото

Општина Аеродром деновиве ќе објави тендер за реконструкција и обнова на системот за наводнување во населбата 13 Ноември.
Станува збор за изградба на автоматски систем за наводнување на зеленилото во паркот зад ТЦ „Три бисери“ на површина од 26.000 квадратни метри. Системот за наводнување ќе содржи 340 автоматски електронски прскалки што ќе бидат распоредени на јавното зеленило во овој дел од Општината. Прскалките ќе се штелуваат да се полева тревата во одредени временски интервали во текот на денот и на тој начин зеленилото постојано ќе се одржува свежо.
Автоматските прскалки ќе црпат вода од постојните бунари за наводнување, така што ќе се користи исклучиво техничка вода и на тој начин ќе се штеди скапоцената вода за пиење, а тревата повеќе нема да се наводнува рачно со црева како до сега. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).
Скопје
Воз удри во автомобил кај Зелениково, нема повредени

Во сообраќајна несреќа што се случи денеска кај Зелениково, воз удрил во патничко моторно возило, но за среќа, во инцидентот нема повредени лица.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата е пријавена во СВР Скопје во 18:10 часот. Според пријавата, воз удрил во автомобил управуван од Ж.М.К. (51) од Скопје, додека возот бил управуван од С.М.
На местото на несреќата веднаш пристигнала екипа на Итната медицинска помош Скопје, која констатирала дека нема повредени.
Полицијата изврши увид и работи на целосно расчистување на случајот.
Скопје
Пет лица се повредени во сообраќајката кај „Градска болница“

Пет лица се повредени, од кои едно потешко, во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа во центарот на Скопје, на крстосницата кај улиците „11 Октомври“, „Даме Груев“ и „Филип Втори Македонски“.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 19 април околу 21:15 часот, кога патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски таблички, управувано од 18-годишниот А.Н. од Скопје, се судрило со автомобил „БМВ“ со чешки ознаки, управуван од Т.К. (24) од Струга.
Во судирот, тешки телесни повреди добил 20-годишниот С.Ј. од Скопје, кој бил сопатник во возилото „БМВ“. Телесни повреди добиле и двајцата возачи, како и две девојки – А.Ф. (20) и М.Р. (19), сопатнички во „Фолксвагенот“, сите од Скопје. Повредените биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде им биле констатирани повредите.
„На местото на несреќата излезе увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на причините и околностите под кои се случил судирот“, соопштуваат од МВР.