Црна хроника
Откриена импровизирана лабораторија за производство на марихуана

Во изнајмен стан во Скопје полицијата откри импровизирана лабораторија за производство на високо квалитетна марихуана, сканк.
Триесет и двегодишен скопјанец во февруари годинава изнајмил стан без договор за закуп и набавил опрема потребна за лабараториско одгледување и производство на растението „канабис сатива“ и нелагално набавил семки од марихуана.Во две простории од станот инсталирана е софистицирана опрема која се користи за создавање на погодни услови за одгледување на марихуана во импровизирана лабараторија при што пронајдени се 105 саксии насади со канабис, две големи најлонски црни вреќи исполнети со гранки и листови од канабис, 13 сијалици, 19 пластични шишиња, пластична туба,, кујнска вага, керамичко луле, пумпа за прскање, зипер кеси со 18 семки од канабис, ампула со четири семки од канабис, пакување за ризла, зипер со грутка хашиш и друго.По инсталирањето на нелегалната лабораторија во повеќе саксии засадувал семки со растението коишто планирал да ги одгледува до достигнување на одредена висина на садниците и достигнување на потребната концентрација на ТXC вредноста, по што ги обработувал (сечел, сушел и пакувал) заради понатамошна продажба, а со цел стекнување на противправна имотна корист. Исто така од засега непознато лице неовластено набавил наркотична дрога хашиш по цена од 300 евра заради понатамошна препродажба.Одземената растителна материја по наредба на Јавен Обвинител е предадена во Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при МВР на РМ. Од завршеното вештачење утврдено е дека 103 стебла се растение канабис сатива со висина до 1,2 метри, а додека пак две стебла се со висина до 20 см. Исто така при вештачењето констатирани се и 91 семка канабис, 30,2 грами марихуна, 388,2 грама хашиш.Против скопјанецот поднесена е кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” предвидено и казниво по член 215 став 1 од Кривичниот законик на Р. Македонија, а од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 18-годишен скопјанец, при претрес во домот пронајдена дрога

Полицијата вчера вечер, на подрачјето на општина Аеродром, го уапси Х.В.(18) од Скопје.
Според информациите на МВР, при претрес во неговиот дом и други простории, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана и шприц исполнет со течност.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Уапсен 30-годишник од Скопско поради тешка кражба, одреден му е притвор

На 14.10.2025 часот во 17:30 часот во трговски центар на подрачје на Карпош во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 30-годишниот М.А. од село Глумово, скопско поради извршено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија.
Лицето по насока на Јавен обвинител беше задржано во Полициска станица и по комплетирање на доказниот материјал во координација со ОЈО Скопје истиот на 15.10.2025 година е изнесен пред судија на претходна постапка, при што му е одредена мерка притвор.
Црна хроника
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото

Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото.
Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом.
Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил вработен, по што тој бил отпуштен од работа.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.