Политика
Заев од Кичево: Груевски не го разбира повратот на 15 отсто ДДВ затоа што ќе нема проценти за фамилијата!
На Груевски не му е јасно како ќе го направиме повратот на 15 отсто ДДВ поради тоа што тука нема проценти за фамилијата, изјави во средата лидерот на СДСМ, Зоран Заев за време на митингот во Кичево.
„Се што плаќаме има ДДВ. Уште воздухот нема ДДВ, се има ДДВ. Е од тоа ДДВ од 18 отсто коешто на 10 илјади денари потрошени пари е 1.800 денари, 15 отсто од тие 1.800 денари ќе ги враќаме. Како? За 50 денари секој ќе добие потрошувачка картичка. Кога купува и ги троши парите само ја поминува на апаратот и му се регистрираат на неговата сметка тие 15 проценти од ДДВ. Тоа се 30 илјади денари во просек по семејство. Тоа е уште една плата за секое семејство. Со тие пари се подмирува една кредитна картичка, се враќаат пари кај извршител, со тие пари се купува детска соба на дечињата дома, со тие пари се оди на годишен одмор. Вредни пари се, тоа се ваши пари“, рече Заев.
„Има за народот, тој знае само проценти кога има за фамилијата и за неговиот џеб. Никако не му е јасно како тоа проценти ќе се враќаат кај народот. Е нека замине сега во опозиција и нека гледа како. Ќе се враќа процент по процент, пара по пара се кај нашиот народ! Ја отворив цела вистина. Мавав директно во чело на криминалците од власта. Затоа што ми чепнаа по мојот народ, по мојата земја. Можам да имам и фирми и вработени можам да имам и пари најмногу на свет но немам друга земја и друг народ ова е нашата земја и нашиот народ! Ова е Македонија!“, порача лидерот на СДСМ.
„Само луѓе што немаат што да понудат шират национализам и квази-патриотизам. Најголеми патриоти политичари во целиот свет се тие што го направиле среќен својот народ што му донеле повеќе богатство во секое семејство што му овозможиле квалитетен живот од секој аспект, здрава и сигурна работа за сегашните и идните генерации. Тие се патриоти луѓе! Ги слушнавме они колку се патриоти зборуваше и Радмила и пресно ни е целиот овој период. Со Антонио Милошоски од овде спомнуваат Горна, Средна, Долна Македонија. Ја продаваат и докусуруваат“, изјави Заев.
„Вели и референдум сам ќе спроведам треба да знаат Американците и Европејците оти толку бил он моќен, но мора да дадат нешто повеќе, нешто конкретно. Пари бараат за името македонско! Катастрофа патриоти скраја да е! Да замнат и никогаш повеќе да не се вратат! Дајте да се бориме за повеќе пари во секое семејство, за среќа на овие млади деца што ги гледаме, на оваа прекрасна младина што ја имаме овде околу нас“, заклучи Заев./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Политика
Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ
На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.
„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.
Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.
Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.
Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.
Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски
– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.
Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:
– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.
Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:
– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.
Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:
,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.
Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:
,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”
Македонија
Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница
Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.
„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.
Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.
Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.
„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.