Македонија
Потпишан документот „Обврска сега за денот потоа“
Претставници на дел од партиите учеснички на предвремените парламентарни избори до декември, потпишаа документ, заложба за вклучување на повеќе граѓански барања за подобрување на состојбите во повеќе сектори, процес кој беше поддржан од канцеларијата на фондацијата Фридрих Еберт во Македонија и се нарекува „Денот потоа“.
„Станува збор за еден документ во којшто се содржани сите сегменти од општеството за којшто граѓанските организации и граѓанството во целина ќе бара натаму заложби од партиите, по изборите. Партиите треба и декларативно, но и да потпишат дека ќе се заложат за она што ние сме го констатирале во документот и дека ќе го спроведат препораките коишто се содржани во секое поглавје“, рече Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет, кој работеше на делот на правосудство, ЛГБТ права и темелни права и демократија, каде спаѓаат фундаменталните права, правото на здружување, слободата на изразување, казнено-поправни установи, но и ранливи групи.
Таа рече дека со години работата е иста, на пример, во затвори, притвори со години наназад се нотираат истите состојби, а Македонија назадува кога станува збор за темелните права.
„Некои права што сме мислеле дека се освоена територија фактички поради нефункционалноста на системот мораме повторно да ги усвојуваме. Имаме препораки за законот за приватност да се спроведе во согласност со препораките на Венецијанската комисија. Тоа се препораки кои веќе биле доставувани до државата, биле објавувани од Хелсиншкиот комитет години наназад и истите може да се најдат во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија. Бараме цврсто заложување дека тие препораки ќе бидат имплементирани“, вели Пировска.
„Беа направени барања за итни заложби и во делот на животна средина и во делот на одржлив енергетски систем. Демократизацијата на животната средина, транспарентност во трошењето на јавните пари. Во однос на зелениот енергетски систем заложби за декарбонизација, за децентрализација на енергенсткиот систем, за декарбонизација на транспортниот систем и секако за намалување на енергетската сиромаштија за либерализирање на енергетскиот пазар“, рече Невена Смилевска од Центар за истражување и информирање за животна средна Еко-сист.
Документот го потпишаа Радмила Шекеринска од СДСМ, Павле Трајанов од Демократски сојуз, Стојанче Ангелов од Достоинство, Лилјана Поповска од ДОМ и Андреј Јованчевски од Левица, но изостанаа претставници на партиите кои се дел од владејачката коалиција./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

