Европа
Баварскиот премиер го покани Трамп во посета

Баварскиот премиер Хорст Зехофер му упати покана на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да ја посети оваа сојузна земја на југот од Германија, предложувајќи му тоа да биде во текот на Безбедносната конференција во Минхен од 17-ти до 19-ти февруари, објавија во четвртокот германските медиуми.
Конзервативецот Хорст Зегофер, кој е голем критичар на политиката на отворени врати на неговата политичка сојузничка германската канцеларка Ангела Меркел а исто така и покрај нејзиното негодување неколкупати патуваше во Русија со која ЕУ е во затегнати односи поради украинската криза, во честитката упатена до новиот американски претседател Доналд Трамп дека „секогаш е добредојден во Баварија“, известуваат германската новинска агенција DPA и регионалната медиумска групација Funke.
Зехофер, кој воедно е и челник на владејачката во Баварија Христијанско-социјалната унија (CSU), сестринската партија на Христијанско-демократската унија (CDU) на Ангела Меркел, му предложил на Трамп посетата да ја организира по повод традиционалната голема меѓународна конференција за безбедност на која секоја година во баварската престолнина Минхен присуствуваат голем број западни и светски челници, пренесува Funke.
Ангела Меркел, која не беше одушевена од победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, во својата честитка до него беше необично прецизна и остра, и засега не му упати официјална покана, На почетокот од ноември само спомена дека со идниот американски претседател ќе се состане најдоцнана следниот самит на групата Г20војулиу 2017 година во Хамбург.
Зехофер беше инаку еден од ретките политичари во Германија кој предупредуваше на претераните критики упатени на сметка на Трамп и истакнуваше дека треба да се сочекаат неговите „конкретни потези“ за да носи оцена за него.
Баварскиот челник, исто така, предизвика реакции и поради тоа што неколкупати го покани во Баварија унгарскиот премиер Виктор Орбан кој е во отворен судир со Ангела Меркел и другите европски челници поради неговиот цврст став во врска со европската политика он имигрантите и близината со рускиот претседател Владимир Путин./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Тој рече дека тоа ќе биде приватна средба, со преведувачи, за време на која ќе се дискутираат чувствителни прашања.
Централна тема на состанокот ќе биде решавањето на кризата во Украина, но двајцата лидери ќе разговараат и за трговската и за економската соработка, рече Ушаков.
Средбата ќе почне во 11.30 часот по локално време, а времетраењето на разговорите ќе зависи од тоа како ќе се одвива дискусијата, рече Ушаков.
На крајот од самитот двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција. Трамп и Путин ќе имаат и поширок состанок со делегациите и работен појадок, објави „Скај њуз“.
Европа
(Видео) Зеленски пристигна на средбата со британскиот премиер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на Даунинг стрит, каде што беше пречекан од британскиот премиер Кир Стармер, објави „Скај њуз“.
Даунинг стрит не даде многу детали за темите на нивните разговори, но средбата се случува само еден ден пред американскиот претседател Доналд Трамп да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска за да разговараат за прекин на огнот во Украина.
BREAKING: Volodymyr Zelenskyy arrives at Downing Street and is greeted by Sir Keir Starmer.
The meeting comes just a day before Donald Trump meets Vladimir Putin in Alaska to discuss a ceasefire in Ukraine.https://t.co/rrfAtUSjPC
📺 Sky 501 and YouTube pic.twitter.com/tk9jzCellw
— Sky News (@SkyNews) August 14, 2025
Двајцата мажи се прегрнаа и се ракуваа игнорирајќи ги прашањата од новинарите пред да влезат внатре, објави „Скај њуз“.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Балон на топол воздух се урна во Холандија: еден загинат, петмина повредени

Едно лице загина, а петмина се повредени кога балон на топол воздух се урна на ливада во северната холандска покраина Фрисланд доцна синоќа, соопштија локалните власти. Балонот превезувал 34 патници.
„Балонот на топол воздух одеднаш падна околу 21 часот и силно удри на земјата“, соопштија властите на Фрисланд додавајќи дека полицијата почнала истрага за несреќата.
Портпаролот на Кралското холандско воздухопловно здружение изјави за локалните медиуми дека ненадеен налет на ветер предизвикал балонот силно да удри на земјата предизвикувајќи корпата да отскокне и исфрлајќи пет лица од него.