Црна хроника
Тинејџери излетале од пат, дете удрено со автомобил
Во три одделни сообраќајни незгоди во Македонија, тешко се повредени двајца тинејџери, едно осумгодишно момче и еден маж.
Имано, во четвртокот околу 11.10 часот на регионалниот пат Куманово-Свети Николе се случила сообраќајна незгода во која М.Ѓ. (19) од Куманово, управувајќи автомобил „Ауди А4“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола над истото и излетал од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил М.Ѓ., како и сопатникот Д.С. (18) од Куманово. Истите се пренесени во Ургентен центар Скопје за понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово.
Во 17.40 часот во Охрид на ул. „Ристо Чадо“ се случила сообраќајна незгода во која автомобил ,,Голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.К. (41) од Охрид удрило во осумгодишно момче од Охрид. Во незгодата со тешка телесна повреда се здобило детето кое било пренесено во Општа болница Охрид. По извршениот преглед и по укажаната лекарска помош бил препратен на лекување во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св. „Еразмо“ Охрид. За настанот бил известен Јавен обвинител. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС Охрид.
Во 20 часот на патот Битола – Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „Опел Вектра“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.М. (45) од Битола и автобус „Санос С314“, со битолски регистарски ознаки, управуван од З.С. (48) од село Единаковци, демирхисарско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Б.М., возач на автомобилот накој му била укажана лекарска помош во Клиничка болница Битола. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Битола./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.
Црна хроника
10-годишно девојче тешко повредено од заталкан куршум во Глумово
Десетгодишно девојче од скопското село Глумово вчера било повредено од заталкан куршум. Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде што е пренесено, лекар констатирал тешки телесни повреди во пределот на ногата.
За случајот, кој бил пријавен вчера околу 16 часот во СВР Скопје, денеска информира Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен.
-На 31.01.2026 околу 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од куќа во с.Глумово, Скопско, од заталкано зрно било повредено 10-годишно девојче, во пределот на ногата, по што било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди, информира МВР.
Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот.

