Македонија
Шилегов: Реканскиот крај е природно богат, а младите заминуваат

Од Дебар, во реканскиот крај, во сабота Петре Шилегов, носител на кандидатската листа на СДСМ од изборната единица 6 порача дека овој крај е богат, но граѓаните го имаат истиот проблем како секаде, младите си заминуваат.
„Маките во Дебар се исто големи како и секаде, особено прашањето за иселувањето на младите. Социјалдемократскиот сојуз токму заради тоа и го состави Планот за живот во Македонија, да ги задржиме младите да живеат овде, во ова прекрасно место. Да ја изградиме инфраструктурата достојна на дебарчани. Да не ги кршат ниту автомобилите по патот по кој што возат, ниту пак да имаат проблем со комуникацијата. Дебар мора да биде поврзан со остатокот од Македонија со една современа, со една современа сообраќајница“, рече Шилегов.
На тој начин, ќе може да се развие и туризмот, да се развие еколошкиот туризам, и да се
задржат младите, да отвараат сопствени бизниси.
„Токму заради тоа Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во сопствената програма предвидува 10.000 евра, неповратна помош за најдобрите бизнис идеи. Меѓутоа и за помагање на бизнисите на младите, кредити државни од 15.000 евра со само 1 процент камата, за да тие деца застанат на своите нозе, за да тие деца останат овде, го развијат бизнисот, заработат за добар и за подобар живот. Самовработувањето е еден од најдобрите начини, овдека се еснафлии луѓе, дуќанџии луѓе, знаат дека тоа може да го направат и таа иницијатива кај луѓето мораме да ја помогнеме“, рече Шилегов./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Фазлиу: Фирмата „АС Сењак“ на Ахмети е центар на бизнис-пајажина

Помина цела недела откако ја отворивме најголемата политичко-финансиска афера во поновата историја на Македонија. Една недела Али Ахмети и ДУИ се во тотален молк. Една недела се надеваат дека со криење вистината ќе исчезне, посочи Беким Фазлиу од „Вреди“.
„Мислеа дека ако поднесеме иницијатива до Антикорупциската комисија, ние ќе застанеме и ќе чекаме. Се излажаа. Досега знаевме дека фантом-фирмата на фамилијата Ахмети, „АС Сењак“, напумпана со милиони евра народни пари од тендери, служела како посредник за префрлање на акциите на Сашо Мијалков во рацете на српската Алта Банка.
Но, денес го отвораме новото поглавје од оваа афера.
Фирмата „АС Сењак“ не е само обична компанија. Таа е центар на една бизнис-пајажина, фирма-мајка која поседува удели и во други компании.
Истражувајќи ја таа пајажина, дојдовме до застрашувачко откритие. Една од фирмите во која „АС Сењак“ на фамилијата Ахмети е сопственик, земала кредит директно од Алта Банка од Белград!
На 9 Јуни 2025 година, преку компанија во која Ас Сењак е ко-сопственик, се подигнати 5.000.000 Евра кредит од Алта Банка. За истиот кредит, фирмата е обврзана да доставува редовни пријави и известувања кон Народната Банка на Србија.
Да биде кристално јасно: не зборуваме за продажбата на акциите од пред дваесетина дена. Зборуваме за претходна, директна финансиска инјекција од банката на српскиот режим во бизнис-империјата на Али Ахмети“.
Ова, додава Фазлиу, целосно ја руши тезата дека можеби се работело за некаков изолиран, еднократен бизнис-договор. Ова докажува, оценува тој, дека соработката, довербата и финансиските врски меѓу фамилијата Ахмети и банката на Вучиќ постоеле и пред оваа афера.
„Продажбата на акциите на Мијалков не била почеток, туку само продолжение или можеби круна на една веќе воспоставена, тајна соработка. Парите од Белград веќе течеле кон фирмите на Ахмети.
Ова отвора нови, уште посериозни прашања на кои Али Ахмети веќе не смее да молчи:
Али Ахмети, од кога точно датира вашата соработка со банката на режимот на Александар Вучиќ? Кога е земен овој кредит и за што се искористени тие пари?
Дали продажбата на акциите од Стопанска Банка Битола беше можеби начин да се врати овој кредит или дел од некоја поголема зделка што допрва ќе ја дознаеме?
Со што е гарантиран тој кредит? Со имот, со политичко влијание, или со ветување дека ќе ги распродавате националните интереси на Албанците?
Колку вкупно пари од српскиот режим се влезени во фирмите на вашата фамилија? Дали е ова единствениот кредит или има и други“.
Според Фазлиу, тоа не е само политичка корупција, туку финансиска зависност од центри кои отворено работат против интересите на Албанците и на нашата држава.
Додека, како што нагласува, глумат патриотизам пред камерите, зад сцената склучувале зделки и земале кредити од оние против кои наводно се борат.
„Нивниот молк повеќе не е опција. Секој ден молк е само потврда дека се фатени живи во криминал и предавство. Вистината мора да излезе на виделина во целост“.
Македонија
(Видео) Петрушевски: Филипче одработува за планот на Заев, кој на поранешен бугарски премиер предаде стик со материјали и шема за преземање на две големи фирми

Филипче одработува за планот на Заев, кој на поранешен бугарски премиер предаде стик со материјали и шема за преземање на две големи фирми, кажа на прес-конференција
„Венко Филипче цела кампања ја помина во градење позиции за планот на Заев кој треба да заврши со нови отстапки на Македонија доколку СДС добие некогаш можност да ја води државата и со преземање на две големи фирми во Македонија, од страна на фирми блиски до поранешен бугарски премиер“.
Планот на Заев, кој го спроведува Филипче, според Петрушевски, е за целосно виткање на државата, а за тоа би помогнал фактот што една од двете фирми е голема телевизија со национална фреквенција.
„Филипче дословно го тера планот на Заев, и праќа сигнали кон Бугарија дека е спремен да доработи.
Разликата е во тоа што и Филипче и Заев се прочитани, а со тоа се и во паника дека ништо нема да можат да изреализираат затоа што на овие избори ќе доживеат огромен дебакл, со што народот ќе им каже што мисли за нивните бугарски шеми“.
Македонија
Почнаа обуките на административците за модерната верзија на системот за управување со човечки ресурси

Министерството за јавна администрација денеска официјално започна со првиот циклус на обуки за користење на модернизираната верзија на Информациониот систем за управување со човечки ресурси (ИСУЧР), клучна алатка во дигиталната трансформација на јавниот сектор.
Обуките се одвиваат паралелно на две локации, a целта на обуките е да се овозможи детално запознавање на институциите со новите функционалности на системот, неговата практична примена, како и да се обезбеди унифицирано и ефикасно користење низ целиот јавен сектор.
Системот ИСУЧР, кој досега беше нефункционален и ограничено употребуван, сега е целосно обновен, функционален, технолошки унапреден и, за првпат, во целосна сопственост на државата.
Новата верзија овозможува централизирана пресметка на плати, дигитално управување со човечки ресурси, мобилност и кариерен развој во реално време, интероперабилност со други државни системи, како и директен пристап на секој вработен до сопственото електронско досие.
Со овие обуки ќе бидат опфатени сите јавни институции, со цел до крајот на 2026 година целосно да се интегрираат во ИСУЧР. Обуките се задолжителни за сите вработени задолжени за човечки ресурси и ќе бидат поддржани со постојана техничка поддршка.
Системот ќе се ажурира редовно, на секои шест месеци, според реалните потреби и технолошкиот напредок, нов стандард во јавната администрација на Република Македонија.
Министерството за јавна администрација останува посветено на создавање ефикасни, транспарентни и европски институции што работат за граѓаните.