Контакт

Црна хроника

Продавале екстази и хероин, заработија кривична и притвор

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Четворица скопјани и еден гевгеличанец заработија кривични пријави за продажба на екстази и хероин во Скопје и низ Македонија.

Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР-Скопје за два различни случаиподнесе две кривични пријави до надлежното обвинителство против лицата Б.М.Ѓ. (30), Д.С. (34) и И.Н. (38) од Скопје како и против С.М. (43) од Скопје и Т.К. (43) од Гевгелија, поради основано сомнение дека во текот на минатиот месец неовластено набавиле поголема количина на синтетичка дрога-екстази и хероин, наменети за улична продажба.

За сторените кривични дела, судија на претходна постапка на С.М. и Т.К. им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена.

Во првиот случај, Единицата за недозволена трговија со дрога по добиено сознание дека Б.М.Ѓ. кој и претходно бил кривично пријавуван за недозволена трговија со синтетички дроги, планирал да набави поголема количина на синтетичка дрога-екстази, со намера улично да ја продава, превзеде мерки и активности за потврдување на сознанието и обезбедување на материјални докази.

По потврдување на сознанието, превземени се мерки за утврдување на движењето на пријавениот и локациите каде би можел да врши препродажба на дрогата при што на 12. овој месец година околу 19 часот во населбата Капиштец од страна на полициски службеници на Единицата, извршено било легитимирање и преглед на Д.С. и И.Н. како и преглед на моторното возило во кое биле пријавените, при што кај И.Н. биле пронајдени и одземени 14 таблети екстази.

Истите биле приведени во службените простории на Единицата за недозволена трговија со дрога, а со наредба од Судија на претходна постапка истиот ден бил извршен претрес во домот на Б.М.Ѓ. каде биле пронајдени и одземени 0,58 грама амфетамин во прашкаста форма, 3,4 грама амфетамин во грутчеста форма, дигитална вага со траги од амфетамин, кокаин и марихуана, како и 27.500 денари и 250 евра.

Второто кривично дело го извршиле С.М. од Скопје и Т.К. од Гевгелија, при што С.М. по претходен телефонски договор со Т.К. од засега непознато лице од Скопје набавил 30 грама хероин и истиот за 420 евра му го продал на Т.К., кој планирал улично да го продава на уживатели.

Имено, по добиено сознание дека С.М. вршел улична продажба на хероин на уживатели од Скопје, но и од други градови од Р.Македонија, превземен се мерки за потврдување на сознанието и обезбедување на материјални докази. Така, дознаено е дека на 15 – ти овој месец С.М. планирал да продаде поголема количина на хероин на лице од Гевгелија, при што во вечерните часови било забележано возило со гевгелиски регистерски таблчки од кое излегле три лица и се упатиле кон домот на С.М. Откако истите кратко се задржале, излегле и со возилото се упатиле кон наплатната рампа „Петровец“, каде од страна на полициски службеници од Единицата, биле сопрени и легитимирани и по извршениот преглед над нив и претрес на моторното возило, кај Т.К. сокриено во чорапите било пронајдено едно полиетиленско кесиче со 30 грама хероин./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица

Објавено пред

Од

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично дело – Даночно затајување.

dobivaj vesti na viber

Во период од пет години, од почетокот на 2020 до крајот на 2024 година, осомничените затаиле данок и го оштетиле државниот Буџет за вкупен износ од 64.924.298 денари или за повеќе од еден милион евра.

Двајцата, во својство на сопственици и управители на правно лице од Скопје, со намера да избегнaт целосно плаќање на персонален данок на доход од 11,11% и данок на додадена вредност од 18% на кои биле обврзани со закон, дале лажни податоци или воопшто не пријавиле факти од влијание за утврдување на износот на ваквите обврски, па поради тоа дошло до неутврдување на даночната обврска.

Затајувањето го вршеле така што избегнувале да ги пријават законските даночни обврски од трговија со златен накит, златни прачки и необработено сребро, како и необработениот кало-растур.

Ценејќи ги сите околности, пред се ризикот од бегство, можноста да продолжат да го извршуваат делото и опасноста од влијание на сведоците, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Уапсен скопјанец: бил баран по потерница за издржување казна затвор поради грабнување и силување

Објавено пред

Вчера, во 14:20 часот, полициски службеници од Одделот за криминалистички работи – Ѓорче Петров и Одделот за криминалистички работи – Кисела Вода, при СВР Скопје, по издадена судска наредба, го лишија од слобода С.Х. (40) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Лицето било барано по потерница за издржување казна затвор во времетраење од четири години и 10 месеци, поради сторени кривични дела „грабнување“ и „силување“.

По целосно документирање на случајот, лицето ќе биде спроведено во надлежна казнено-поправна установа.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Претрес во Гевгелиско: пронајдена дрога и откриена импровизирана лабораторија

Објавено пред

На 17.12.2025 во село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ги лишија од слобода А.Д.(18) и Д.Д.(52), двајцата од село Богородица.

dobivaj vesti na viber

При претрес на нивниот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се повеќе различни пакувања со марихуана, бела прашкаста материја, повеќе шишиња исполнети со течност, дигитални ваги, предмети со остатоци од марихуана, како и други предмети наменети за импровизирана лабораторија за одгледување на марихуана.

Лицата се задржани во Полициската станица Гевгелија и по поднесување на кривична пријава се изведени пред судија од Основен суд Гевгелија, кој им определи мерка домашен притвор.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Дедо Мраз од Лапонија ќе дојде со волшебен воз на Железничка во Скопје

Специјална новогодишна театарска претстава за деца „Дедо Мраз дојде со воз“ ќе се одржува  од денеска 30 декември на Железничката...

Топ19 часа

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично...

Македонија21 час

Алиу: Дефиниравме нови програми за специјализации – темелно го менуваме пристапот за креирање медицински кадар

На денешната прес-конференција на министерот за здравство Азир Алиу, заедно со претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева-Старделова, деканот на Медицинскиот...

Македонија22 часа

Уапсени 11 лица за местење тендер вреден над 7,6 милиони евра во „ЕСМ дистрибуција на топлина“

Завчера во текот на ноќта помеѓу 17 и 18 декември и вчера, под раководство на јавен обвинител, полициски службеници спроведоа...

Македонија22 часа

Левицата бара независна истрага за смртта на новороденчето и одговорност од директорката и од педијатарката во ГАК

Левица бара Обвинителството да отвори истрага за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија и акушерство и одговорност од директорката...

Македонија23 часа

(Видео) Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните

По повод шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска беше одбележан Денот на единицата,...

Македонија23 часа

Андоновски: Македонија рангирана во А-групата за дигитален напредок според Светската банка

На конференцијата „Трансформирање на иднината: дигитална стратегија за современо општество“, посветена на промоцијата на Националната стратегија за развој на ИКТ...

Македонија23 часа

Измените на Кривичниот законик се само уште едно крпење на правниот систем, велат од ЛДП

Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува сериозна загриженост и негодување во однос на најновите предлог-измени на Кривичниот законик кои се најдоа пред...

Македонија24 часа

Надминат прагот на штетни честички во воздухот во Скопје, надлежните активираа мерки

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух...

Македонија1 ден

„’Лотаријата’ функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчел за криминалот од 1 милион евра поради опстанок на власт“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС за да опстане ден повеќе на власт ги толерирале злоупотребите кои се случувале во Лотарија под раководство на Бајрами,...

Македонија1 ден

Спроведени 262 контрли на безбедноста на новогодишните пакетчиња, утврдени минимални недоследности

Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за контрола на безбеднста...

Свет1 ден

Макрон: Дојде време да се обнови дијалогот со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека дојде време тој и европските лидери повторно да влезат во дијалог со рускиот претседател...

Свет1 ден

(Видео) Објавена нова снимка од нападот во Сиднеј: полицаец спречил масакр од 45 метри

Австралиските медиуми го идентификуваа полицаецот кој го спречи смртоносниот антисемитски напад на плажата Бонди како детективот Сезар Бараза. Новообјавените видеа...

Свет1 ден

(Видео) Осомничениот за масовното пукање на Универзитетот „Браун“ пронајден мртов: го убил и професорот на МИТ

Маж осомничен за масовното пукање на Универзитетот Браун од минатата недела е пронајден мртов по шестдневна потрага што се протегаше...

Свет1 ден

Трамп ја прогласи марихуаната за помалку опасна дрога

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која марихуаната на федерално ниво се класифицира како помалку опасна дрога, во...

Европа1 ден

ЕУ, конечно, постигна договор за Украина: три членки одбија да учествуваат

Лидерите на ЕУ ги откажаа плановите за невиден заем за репарации за Украина и наместо тоа ќе соберат 90 милијарди...

Свет2 дена

(Видео) Приватен авион се урна во Северна Каролина, повеќе загинати

Повеќе луѓе загинаа откако приватен авион Цесна С550 поврзан со возачот на НАСКАР, Грег Бифл, се урна во близина на...

Регион2 дена

(Видео) Хаос и туркање во албанскиот парламент: драматични сцени во Тирана

Во албанскиот парламент денес избувна хаос кога пратениците од опозицијата запалија факели и фрлаа вода за време на седницата, а...

Европа2 дена

(Видео) Украинските дронови уништија „неуништливи“ руски С-400

Украинските оператори на беспилотни летала уништија два руски ракетни системи С-400 Триумф заедно со нивната муниција во рускиот регион Белгород,...

Свет2 дена

„Драги нелегални имигранти, вратете се дома за празниците!“, порача американско министерство

Министерството за внатрешна безбедност на САД објави графика слична на божиќна честитка на X, повикувајќи на депортација на луѓе кои...