Контакт

Култура

Кон претставата „Лерин“ ,од Русомир Богдановски, во режија на Слободан Унковски

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Во саботата, во Кино Култура премиерно беше изведена претставата „Лерин полиња жито, ридишта крв“,по текст на Русомир Богдановски, а во режија на Слободан Унковски.

Во претставата играат: Мартин Манев, Стефан Вујисиќ,Наталија Теодосиева, Ивана Павлаковиќ,Симона Димковска, Горан Ников и Владимир Петровиќ.Музиката е на Златко Ориѓански . Костимите се на Розе Трајческа Ристеска. Проектот е во продукција на Кино Култура-Театар на навигаторот Цветко.

Претставата Лерин е дел од трилогијата Солун, Лерин, Скопје и ги обработува настаните од граѓанската војна во Грција, положбата на македонското население и теророт на кој било изложено од страна на грците,битката за Лерин и падот на Демократската армија на Грција во која значаен удел имале и македонците.Претставата е замислена како низа сцени и сведочења кои отвараат значајни прашања за македонската историја , за улогата на комунистичката партија на Грција во обидот за решавање на македонското национално прашање и за последиците што ги предизвикува за нас овде, поразот на демократска Грција во судир со монархофашистите.Граѓанската војна ја има една од најзначајните битки за заземање на Лерин каде големи партизански сили(тринаесет до четиринаесет илјади борци) претрпеле катастрофален пораз и масакр во кој загинале неброени македонци од Егејска Македонија.Претставата е замислена како едно сведоштво на неколкумина преживеани борци од битката кај Лерин(13 февруари 1949), кои одат да ја посетат во Лерин масовната гробница на паднатите борци од ДАГ – Демократската армија на Грција. Но никаде не можат да најдат траги од споменикот. Грците се потрудиле да уништат секакви траги од борбите на македонците и Комунистичката партија во Грција.Единствените преживеани борци од ДАГ , одат во Лерин со автобус, а возачот на автобусот(Стефан Вујисиќ) си ги трие рацете задоволен од бизнисот кој го започнал, носејќи ги Егејците во посета на нивните домови во Егејска Македонија.Смета дека тоа е одличен почеток на еден добар бизнис.На неколку маси, како на конференција за печат седат наредени борците од ДАГ и ги евоцираат спомените од Леринската битка и од премрежијата за време и по битката.Тука е и командантот Јорго(Горан Ников) ,кој е веќе на одмината возраст , со тешко и тромаво тело и бавна, малаксана душа, како што вели самиот. На рака сиот живот го носел застанатиот часовник, од еден загинат соборец.Сиот живот го минал со чувство на вина затоа што останал жив, додека сите негови другари загинале на Лерин.Во претставата , покрај битката кај Лерин се споменуваат и битките кај Вичо,(по која еден од борците го добил и прекарот Вичо), битката кај Грамос…

До него на масите е и Марија(Наталија Теодосиева) , ќерката на командантот Јорго , испратена како мало девојче во Полска а на станицата ја дочекала мајка и облечена во шарен фустан и која не можела да ја препознае бидејќи мајка и сиот живот носела народна носија .Сега Марија е возрасна , има семејство и деца , живее во Скопје и сака да ја посети Грција, родното место на татко и.

Стефан Вујисиќ глуми два лика, возачот на автобусот и момчето на Славејка(Ивана Павлаковиќ) која му била девојка, и дал прстен кој таа се уште го носи на раката, но која ја оставил за друга девојка со која се оженил и заминал во Австралија, каде оформил семејство.

Тука до нив е и „доброто дете“-сега возрасен човек кој и во зрелата возраст се навраќа на спомените од најраното детство , детството како период кога сме во состојба на чистота и невиност.Евоцира нежни спомени како мајка му го капела во дрвено корито, го бришела со пешкир по капењето и му велела дека неговата душа е чиста и анѓелска.Тој се чувствува валкано затоа што присуствувал на сцени на терор од страна на монархофашистите , го гледал со свои очи тој терор врз недолжното население, а потоа бил спасен од партизаните . Долги години минал во молчење, ниту збор не прозборел за стравотиите низ кои минал, никогаш не се оженил и не формирал семејство, поради тие трауми.Се уште во својата свест ги привикува убавите спомени од најраното детство и ликот на мајка си која му вели дека тој се уште е нејзиното „добро дете“ со чиста душа.
Во претставата ги следиме и сеќавањата на жената(Симона Димковска) која на 14 години била испратена во Чехословачка, каде била вработена во текстилна фабрика и шиела на машина, а потоа работела како кондуктер во еден трамвај и секое утро ги поздравувала патниците во трамвајот.Си сошила и пантолони по модата на жените во Чехословачка и ког а дошла во Македонија му ги подарила на нејзиниот брат бидејќи нејзиниот татко не одобрил жена да носи пантолони.

Тука е и жената (Ивана Павлаковиќ) старица која е нагласено побожна , постојано се крсти и го повикува господ. Таа го глуми ликот на Славејка , девојката која е оставена од нејзиното момче, кој заминал во Австралија откако заедно минале низ битките и маките. Исто и нејзиниот татко и брани да облече пантолони и таа го почитува тоа сиот живот, но на погребот на татка си е облечена во пантолони, во знак на независност и еманципираност.

Возбудливиот и потресен ракопис на Русомир Богдановски ни ги прикажува тешките судбини на овие борци на Лерин, а низ нивните светови не води младата актерска екипа под водство на искусниот режисер Унковски,кој и преку оваа претстава си го потврди своето големо режисерско постоење./крај/мф/св

Култура

Факултетот за музичка уметност го најави годишниот концерт „ОРИОН – каде што се раѓаат ѕвездите“

Објавено пред

Факултетот за музичка уметност – Скопје го најави годишниот концерт насловен „ОРИОН – каде што се раѓаат ѕвездите“, кој ќе се одржи во петок, 5 декември, со почеток во 20:00 часот во Големата концертна сала на Македонската филхармонија. Настанот е дел од одбележувањето на 59-годишнината од постоењето на институцијата.

dobivaj vesti na viber

ФМУ – Скопје истакнува дека како алма матер на голем број уметници од земјата и регионот, останува централниот столб на музичкото и балетското образование, создавајќи генерации изведувачи, педагози и творци кои го обликуваат уметничкиот живот во Македонија.

На концертната програма ќе настапат Симфонискиот оркестар на ФМУ, Мешаниот хор „Драган Шуплевски“, Камерниот гудачки оркестар „ФМУ Солисти“, Оркестарот од народни инструменти со солисти, студенти од Катедрата за балетска педагогија, од Катедрата за џез и популарна музика, како и дувачкиот ансамбл на ФМУ, под водство на проф. м-р Цанев, проф. м-р Татарчевски и доц. м-р Спироски.

Публиката ќе има можност да слушне дела од Пурсел, Сен-Санс, Прокофјев, Тиле/Вајс, Коен, Сусато, Горецки, Гершвин, македонска традиционална музика, како и нови композиции од студентите А. Голчева и М. Цветановска.

Влезот на настанот е слободен.

Прикажи повеќе...

Култура

Сè што ни е заедничко“ – во МСУ изложба што го иницира прашањето „Дали навистина го дишеме истиот воздух?“

Објавено пред

Сè што ни е заедничко (Институција во дишење) – нова изложба во МСУ-Скопје од 27 ноември

dobivaj vesti na viber

Во Музејот на современата уметност – Скопје на 27 ноември 2025 година, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложбата „Сè што ни е заедничко (Институција во дишење)“, кураторски проект на Мира Гаќина и Јованка Попова.

Во изложбата учествуваат Forensic Architecture, Денис Фереира да Силва и Арџуна Неуман, Дурмиш Ќазим, Џумана Мана, Зорица Зафировска и Палестинскиот музеј.

Проектот тргнува од прашањето дали навистина го дишеме истиот воздух. Изложбата го поставува воздухот како ресурс што формално го делиме, но не и еднакво, укажувајќи на токсичните атмосфери – буквални и политички – и на позицијата на маргинализираните заедници.

Инспирирана од концептот на Фанон за „борбено дишење“, поставката ги истражува уметничките практики што откриваат колонијални, империјални и капиталистички структури впишани во воздухот што го дишеме. Авторите визуелизираат токсични облаци, архиви на насилство и невидливи атмосфери што влијаат врз секојдневието.

Паралелно со изложбата, која ќе трае до крајот на февруари, ќе се одржат јавни програми. Во рамките на проектот „Институционални градини“ на Зорица Зафировска ќе има детски работилници за садење и изработка на семенски топчиња, активности за чистење и обновување на просторот околу МСУ, поставување компостна кутија и прикажување едукативни видеа.

Со оваа поставка МСУ-Скопје се претставува како „институција во дишење“ – отворена, инклузивна и ориентирана кон заедницата, со повик за заедничко размислување и акција. Визуелниот идентитет на проектот е дело на Албана Бектеши.

Прикажи повеќе...

Култура

Промоција на монографијата „Рисима“ од Јасна Франговска

Објавено пред

Во среда, 3 декември, со почеток од 19:00 часот во „Јавна соба“, Скопје, ќе се одржи промоцијата на монографијата „Рисима“ од Јасна Франговска, посветена на најпознатата и најуспешна македонска кореографка за современ танц ‒ Рисима Рисимкин. Изданието е на „ПНВ Публикации“ и објавено е со поддршка од Министерството за култура и туризам.

dobivaj vesti na viber

Монографијата низ разговор со Јасна Франговска и Рисима Рисимкин ќе ја претстави Јулијана Величковска, главен и одговорен уредник на „ПНВ Публикации“.

Во ова обемно и луксузно издание, на 180 страници, опфатени се сите значајни аспекти од 45-годишната кариера на Рисима Рисимкин ‒ од самите почетоци како балерина, со сите предизвици со кои се соочувала, до големите успеси што ја дефинираа како истакната кореографка од областа на современиот танц, којашто со нејзината едукациска работа зад себе остава нови генерации танчари и кореографи. Рисима Рисимкин е клучна фигура во македонската култура, а нејзиниот труд годинава беше крунисан и со високото признание ‒ Витез на францускиот ред на уметностите и книжевностите што го доделува државата Франција.

Покрај извонредно питкото писмо на Франговска, што на многу топол и непосреден начин го доближува животниот и професионалниот пат на Рисимкин, извадоците од позначајните рецензии за нејзините дела и обраќањата до читателот од самата Рисима, изданието е збогатено и со неверојатни фотографии од личната архива на Рисимкин и од архивата на „Интерарт културниот центар“, чиишто автори се: Андреј Гиновски, Драган Перковски, Сашо Димоски, Сердар Ајдин, Aнтонио Пиштолов, Ивана Тасев, Олга Ибатулина, Зоран Велјаноски ‒ Летра, Емил Петров и Борис Грдановски.

„Би ја опишала како македонската Пина Бауш, потпрена на белиот балет, којашто во еден момент посакува да излезе од таа рамка и да оди во слободата на движењето…“, ќе изјави Мирјана Радочевиќ за „Политика“, Белград во 2003 г.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 минути

Трамп со драстична мерка: „Трајно ја забранувам миграцијата од Третиот свет“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави драстична мерка – трајно суспендирање на миграцијата од сите земји од третиот свет. Шокантната...

Македонија13 часа

Мицкоски: Ако се жалат судиите со 3-4.000 евра месечни примања, тогаш како им е на дечињата во градинка кои немаат играчки за играње

Реновираме градинки, училишта, цениме дека е поголем приоритет отколку да ги зголемиме платите на судиите и обвинителите. Мислиме дека е...

Македонија16 часа

Поради превенција од свлечиште на Водно надлежните на итна координација

Поради превенција за активирање на свлечиштето на падините на Водно, во близина на улиците „Белградска“ и „Партенија Зографски“, и реалната...

Македонија18 часа

Филков до СДСМ: Груевски има политички азил, се занимавате со циркус, а не со реална работа

Министерот за правда Игор Филков одговарајќи на пратеничко прашање од Миле Талески од СДСМ, зошто не се бара екстрадиција на...

Македонија18 часа

По вчерашното труење со храна во „Димо Хаџи-Димов“, вонредна инспекција во кујните на девет основни училишта во Карпош

Инспекциски тимови од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денес спроведуваат вонредни инспекциски контроли во кујните на 9 основни училишта...

Македонија18 часа

Мицкоски: Главен фокус в година ќе бидат капиталните инвестиции, целта е да дојдеме до раст на БДП над 4 отсто проценти

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница во Собранието за пратенички прашања истакна дека в година главен фокус на Владата ќе...

Регион21 час

Нема да биде екстрадиран: Ацо Боцевски, 28 години по убиството, живее во Грција и издава соби

Солунскиот жалбен совет одлучи да не го екстрадира во Македонија 60-годишниот Ацо Боцевски, познат под прекарот Циганот, осуден на повеќегодишна...

Регион22 часа

(Видео) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: четири лица загинаа во судир на комбе и работна машина – валјак

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово, околу 6:20 часот, на патот помеѓу Ириг и Рума во Србија,...

Топ22 часа

(Видео) Сообраќајна несреќа во центарот на Скопје: пешак удрен од автомобил пред гимназијата „Јосип Броз-Тито“

Во текот на вчерашниот ден на улицата „Димитрие Чуповски“ пред гимназијата „Јосип Броз Тито“ во центарот на Скопје се случи...

Свет22 часа

Суспендирана миграцијата од Авганистан во САД откога Авганистанец застрела припадници на Националната гарда во близина на Белата куќа

Двајца припадници на Националната гарда на Западна Вирџинија се во критична состојба откако вооружен човек отвори оган врз нив во...

Свет23 часа

(Видео) Нови податоци: најмалку 55 лица загинаа во пожарот во облакодер во Хонг Конг

Бројот на жртви од катастрофалниот пожар што зафати станбен облакодер во Хонг Конг се искачи на најмалку 55, потврди противпожарната...

Свет24 часа

Двајца гардисти застрелани во близина на Белата куќа; Трамп: Животното што го изврши злосторството ќе ја плати највисоката цена

Двајцата војници на американската Национална гарда кои беа застрелани во близина на Белата куќа во среда се во критична состојба,...

Свет1 ден

Девојка убиена, млад маж повреден во напад на ајкула во Австралија

Една жена загина, а еден маж е сериозно повреден во напад од ајкула во близина на популарно место за сурфање...

Свет1 ден

Хамас побара евакуација на своите борци што останаа заробени во тунелите

Палестинската екстремистичка група Хамас ги повика земјите-посредници да извршат притисок врз Израел да им дозволи на десетици нејзини борци да...

Македонија2 дена

Муцунски во Стразбур: Македонскиот јазик, идентитетот и достоинството на граѓаните не може да бидат предмет на преговарање

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево учествуваше и се обрати на 24-тиот состанок на Мешовитиот парламентарен...

Македонија2 дена

ДСЗИ нареди вонредно чистење и здравствени прегледи на вработените во училиштето „Димо Хаџи Димов“

Државниот санитарен и здравствен инспекторат освен затворање на кујната во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во Влае како потенцијален извор на...

Македонија2 дена

Гаши: Ниедно билатерално прашање не смее да стане пречка на нашиот европски пат

Ниедно билатерално прашање не смее да стане пречка на нашиот европски пат. Ние остануваме подготвени за принципиелен дијалог со сите...

Македонија2 дена

Мицкоски: Нема да има нови ресори, еден човек ќе биде и вицепремиер и министер

Нема да има нови ресори, еден човек ќе биде и вицепремиер и министер за нешто, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски...

Македонија2 дена

Во развиените држави ги среќавам моите најдобри студенти, а на Клинички ме фаќа страв каква услуга ќе добијам, рече Беќаровски

Партизацијата тотално го деградира квалитетот на јавното здравство и затоа итно се потребни системски промени за кои мора посилно да...

Македонија2 дена

Повеќе од 900 жени годинава жртви на семејно насилство: „Оваа бројка е повик за итна акција“

Сега е време да се обединиме и да ја промениме приказната, да ставиме крај на насилството врз жените и девојките....